Пожар во Кочани, диско Пулс.

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.703
Поени од реакции
24.660
А зошто обезбедувањето да биде обвинето за убиство од небрежност?
Od prosta pricina sto dozvolilo povekje od propisanoto lugje vo objektot i so toa ja zagrozile bezbednista pri slucaj na nesrekja, oteznitelna bi bilo sto megju propustenite imalo i maloletni lica.
Автоматски споено мислење:

Затоа што нашето новинарство е сензационалистички. Тоа што пуштале малолетници е отежителна околност. Тоа што до крај спасувале луѓе е олеснителна. Начинот на кој ја изведуваа евакуацијата е катастрофален, бар од видеата. Тоа што обезбедувале објект без противпожарни аларми е исто сериозен нивен пропуст.
A mozi i deka voopsto ne bi trebalo da bidat vnatre.
Ubavo rekov, ubistvo od nebreznost :toe:
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.583
Поени од реакции
11.700

Ејјј па кој знае дали имале и план за евакуација.
 
Член од
7 февруари 2021
Мислења
315
Поени од реакции
884
Пошто пуштале луѓе без карти внатре односно гарант им наплаќале на врата и тие пари влагале во непријавена добивка за кој не се ни плаќало данок итн, односно тие пари со години се влевале во џебот на сопственикот.
Ете некој ја спомна несреќата со бродот во Охрид кога се пуштија многу повеќе туристи од она што има капацитет бродот, поука никој не извлекол од тоа очигледно.
Муабетот е на место, и во ЈСП има 52 седишта а се возат 60 души. Значи смртта не демне на секој чекор а после цацко ќе ни е крив
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.049
Поени од реакции
12.911
Пошто пуштале луѓе без карти внатре односно гарант им наплаќале на врата и тие пари влагале во непријавена добивка за кој не се ни плаќало данок итн, односно тие пари со години се влевале во џебот на сопственикот.
Ете некој ја спомна несреќата со бродот во Охрид кога се пуштија многу повеќе туристи од она што има капацитет бродот, поука никој не извлекол од тоа очигледно.
Дискотеката немала регистрирано фирма, значи од старт се било на црно.
За да биде одговорно и обезбедувањето, треба да се прочешла договорот за вработување ( ако воопшто го има ), и што влегува како одговорност за таа позиција.

Вака гледајќи низ годините, некогаш и се чудам како вакви трагедии и не се случувале и порано и почесто. Чиста среќа е што ова е прв пат. Што би рекле старите, некој не пазел.
 
Член од
7 февруари 2021
Мислења
315
Поени од реакции
884
Дискотеката немала регистрирано фирма, значи од старт се било на црно.
За да биде одговорно и обезбедувањето, треба да се прочешла договорот за вработување ( ако воопшто го има ), и што влегува како одговорност за таа позиција.

Вака гледајќи низ годините, некогаш и се чудам како вакви трагедии и не се случувале и порано и почесто. Чиста среќа е што ова е прв пат. Што би рекле старите, некој не пазел.
Емке уште 300 години можело вака да тера и да нема несреќа. Колку да и да се правиме поштени кој од вас има пп апарат во кола? Јас познавам 2ца што во една година им се запали колата па среќа се живи здрави. Несреќи се случуваат...
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
1.041
Поени од реакции
549

Ако овој услов бил исполнет.
Ништо таа вечер воопшто не би се организирало ниту одржувало и никому ништо.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.406
Поени од реакции
14.255
Значи децата и родителите, вратарите биле виновни што излегле децата во објект кој : бил дивоградба, без лиценца, без противпожарни апарати, угоститлеска компанија која работела со блокирана сметка и можеш уште дузина прекршоци да најдеш со кои доколку се работело по правило ќе бил уште подолго време затворен а најверојарно во секоја нормална држава не ќе ни постоел како ноќен клуб. Овде имаш над 300 закони што се прекршени.

Одговорноста треба да се бара на сите нивоа, но особено кај оние што дозволиле тој објект да работи воопшто. Ако институциите си ја вршеа работата како што треба, тој клуб немаше да постои, а камоли да биде отворен за малолетници во 2 по полноќ.

Секако ова не значи дека е нормално 14 годишен во Сабота во 2 после полноќ да лумпува.

Децата не ги поставиле инспекторите, надлежните. Градочалниците и тн.

Во секоја нормална држава, после ваков настан, институции ќе паѓаат, ќе има кривични пријави, оставки и реформи. Кај нас, како и секогаш, имаш прашања „Што барале таму?“ Наместо: „Како воопшто постоело тоа место?“

Што кур се занимаваат цели министерства? Кафиња и нишај врата земај плата? Се жалеа на криминалите на Дуи и Сдс па нека земат да чистат. Или све по старо, терај Мишко, мењавај се само кој ќе ја дупи државата .
Еве сега им можност. Цела подршка имаат да затворат цела грмада криминалци. Од Дуи,Сдс и тн.

Логикава вие само за стап. Срамота.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.396
Поени од реакции
26.505
A mozi i deka voopsto ne bi trebalo da bidat vnatre.
Ubavo rekov, ubistvo od nebreznost :toe:
Мислам дека формално правно делото ќе биде предизвикување на општа опасност со смртни последици. И нема да биде небрежност во обвинението. Тоа ќе биде за обезбедувачите. Другите учесници се со други дела.
Ејјј па кој знае дали имале и план за евакуација.
Веројатно немале. И би се кладел дека обезбедувањето било правно одговорно и за противпожарна безбедност, и тешко било кој од нив да бил свесен за тоа.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
1.041
Поени од реакции
549
Значи децата и родителите, вратарите биле виновни што излегле децата во објект кој : бил дивоградба, без лиценца, без противпожарни апарати, угоститлеска компанија која работела со блокирана сметка и можеш уште дузина прекршоци да најдеш со кои доколку се работело по правило ќе бил уште подолго време затворен а најверојарно во секоја нормална држава не ќе ни постоел како ноќен клуб. Овде имаш над 300 закони што се прекршени.

Одговорноста треба да се бара на сите нивоа, но особено кај оние што дозволиле тој објект да работи воопшто. Ако институциите си ја вршеа работата како што треба, тој клуб немаше да постои, а камоли да биде отворен за малолетници во 2 по полноќ.

Секако ова не значи дека е нормално 14 годишен во Сабота во 2 после полноќ да лумпува.

Децата не ги поставиле инспекторите, надлежните. Градочалниците и тн.

Во секоја нормална држава, после ваков настан, институции ќе паѓаат, ќе има кривични пријави, оставки и реформи. Кај нас, како и секогаш, имаш прашања „Што барале таму?“ Наместо: „Како воопшто постоело тоа место?“

Што кур се занимаваат цели министерства? Кафиња и нишај врата земај плата? Се жалеа на криминалите на Дуи и Сдс па нека земат да чистат. Или све по старо, терај Мишко, мењавај се само кој ќе ја дупи државата .
Еве сега им можност. Цела подр

Логикава вие само за стап. Срамота.
Ево @Darling го знае главниот виновник и спама цело време...а тоа бил вратарот.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.337
Поени од реакции
3.412
Eте така кажаа некои членови погоре..Ако се одело по закон и ред тој објект немало да постои како дискотека ,немало да има журка ,обезбедување,полнолетни и малолетни лица..кривицата е во врвот и крај..
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.203
Поени од реакции
2.883
Во Србија денес имало 59 минути тишина во чест на 59 жртви плус нивните 15 минути за 15-те жртви во Нови Сад.
Инаку они го прават тоа што требаше ние кога изгоре болницата. Сличен број на жртви и кривицата е во државата. Таму корупција при реновирање, кај нас корупција при градење од страна на државата.
И да не се лажеме и обратно да беше, тогаш да беа сегашните на власт, а сега тогашните истата приказна ќе беше, ќе бркаа политички поени обратно.
Ама па не можат да ни се случат толку неправди колку што можеме да истрпиме ние.
500 години ропство не е заебанција. Од таму е дојдено "Ќути има и полошо".
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.049
Поени од реакции
12.911
Емке уште 300 години можело вака да тера и да нема несреќа. Колку да и да се правиме поштени кој од вас има пп апарат во кола? Јас познавам 2ца што во една година им се запали колата па среќа се живи здрави. Несреќи се случуваат...
Несреќи се случуваат, и има начини како да се минимизира импактот. Затоа детето мое кога го возам на велосипед, му ставам кацига. Кога го возам во кола, седи на седиште за деца, врзано ( кутро дете што би рекол татко ми ). За утре да не си ја чукам главата ако нешто се деси.

Лична одговорност мора да сме спремни да понесеме. Како народ некако колективно сме оперирани од овој термин.
Ама јас само на 5 мин тука паркирав.
Ама јас само да прашам.
Ама јас возев само 30 над дозволено.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom