Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Jas vidov 15 dusi na slikite
Ти 15, ја над 100 души во живо, заедно со македонците. И до петок од Македонија ќе одат луѓе во Благоевград и Софија.
Не е битно, во овие моменти нема македонци, срби и бугари. Важно е да се помогне колку може повеќе.
 
Ај да видиме како ќе бидат повторните судења за Модулатна и автобусите, каде Апелација ги Поништи Пресудите..
А треба повторно да ње обноват и заташкани работи, Стајковци -погрешен проект, иронијата е дека санирањето е ПАК направено по Погрешниот проект, за да не се чачка околу тоа...
Јас пак би го отворил и случајот за нападот на Контролната Соба, заташкан до помош на соросоидно-бајденови структури кој ја притиснаа и мегународната авио инспекција...
 
Секој пат пред да почнете да се карате кој е крив, или да браните некој нека ви искочи ова пред глава:

69DFA7A7-3A59-44AB-9CE8-261C9B8D1919.jpeg
Сите три партии се гомна невидени. И треба да се бориме против сите.
Во 26 години што работело диското, ни ВМРО ни СДСМ ЕДНАШ не напраиле инспекција. Немој никој да браните.

И вака, децава, Фросина, Кољо, Саздо, од Смилковско, сите удрени пешаци кои не добиле правда. Сѐ ова оди на душа на народот.
Зошто? Сите вие шо сте постари, ЦЕЛ ЖИВОТ сѐ гледате и ќутите бе. Триесет у три години, за сѐ нешо врски, по телефони, иам другар ваму, иам таму. Сите вие СИТЕ КАКО ДА ВИ КАЖАМ.
Ми е гајле кои сте, чиви сте, пол, вера, нација, сите шо сте ќутеле и ќутите. Највише тие шо имате партиска книшка ќе ги носите децата на совест. Сте им дале толку моќ, и на едниве и на другиве, за ДУИ да не зборам, ко у Косово да живеам не дај Боже.
и сега вие сите што правите срања 33 години, ќе се молите студентите да вд оправаат ? Не ви е срам?
Не ви дое после тоа завчера да земете да фрлите книшките? Партијата е повредна од 1 или 50 деца?
Вашите бе ќе настрадаат еден ден.
сите покажувате со прсти кон некого, застанете у огледало, и запрашајте се што правите.

ако допре ова до некој уопште.
Се гледаме во 6 на Плоштад!
без изговори, фрлете книшките и да стаиме крај на сѐ ова.
 
Крис Павловски со донација од 15.000 еура. Незнам и повеќе ако дал дали некому ќе смени нешто, али на 768 миљона долара богатство…
 
И сега ако испаднам вечер да оддадам почит кон загинатите, сум вмрон или лубрикант?

Колку е партизирано општествово тоа е чудо. Одма етикети лепите.

Само едно знам, ако останам дома сум нечовек.

Се гледаме вечер во 18 по плоштадите. Се надевам во огромен број.
 
Цела држава ни е еден селски Готам Сити. Живееме во едно село каде сме жртви на спрегата криминал - политика и ни се ебе мајката секој ден. Немам живот во мене, ни волја за ништо, жив мртовец. Уште не било време за протест, не биле они криви, оние биле, а сите се исти во дружбата. Искача вчера Мицковски и чита, срозен бил, без грам емоција во него. Не мора да бидеш срозен, ниту мора да прочиташ дека си, не мора глума и лицемерие. Абе крвта треба да им се напиеме на сите комплет.

Тоа новинарите па, абе све да им се изнаебам. Снимаат таткото како се дере, човекот откачил, го изгубил единственото дете, овие го снимаат и го објавуваат.

И уште им верувате на тие битанги дека ниедна жртва хоспитализирана не подлегна на повредите?
 
Последно уредено:
Крис Павловски со донација од 15.000 еура. Незнам и повеќе ако дал дали некому ќе смени нешто, али на 768 миљона долара богатство…
Не е негова одговорност да не спасува и да ја врши работата на државата и властите. Преку кур од тој менталитет дека треба некој од надвор да ни ги решава проблемите.
 
Не е негова одговорност да не спасува и да ја врши работата на државата и властите. Преку кур од тој менталитет дека треба некој од надвор да ни ги решава проблемите.

Ја па баш мислам дека само од надвор некој може да ни ги реши проблемите.
 
Крис Павловски со донација од 15.000 еура. Незнам и повеќе ако дал дали некому ќе смени нешто, али на 768 миљона долара богатство…
А чекај од кај е должен па тој да дава?

Крис Павловски е сега крив за корупцијата, и за тоа што бил милионер, и донирал „само“ 15.000 долари, а не сте вие криви штабските плакатолепачи и нишајврата земајплата партиски војници?

Затоа живееме во мочуриште, и тука наместо правото и правда владеат некои подруги закони.
 
А чекај од кај е должен па тој да дава?

Крис Павловски е сега крив за корупцијата, и за тоа што бил милионер, и донирал „само“ 15.000 долари, а не сте вие криви штабските плакатолепачи и нишајврата земајплата партиски војници?

Затоа живееме во мочуриште, и тука наместо правото и правда владеат некои подруги закони.

Колку си глуп, ќе искочи Кано у право дека е за тебе…трагедија.
 
Воопшто не ми се допаѓа ова што се случува, оправдан бес и гнев, неканализиран, препуштен на најгласните, на оние што функционираат според филозофијата што полошо тоа подобро, па повторно се јавуваат еден куп борци за правда, "интелектуална совест", кои по потреба некогаш релативизираат, а некогаш се непоколебливи борци со нож во заби.


Не прифаќам дека е во ред да живееме во општество во кое мора да повикуваш на линч по слободсен избор, за да бидеш на вистинската страна, а тој што е најгласен и најрадикален да е најисправен.


Доволно е некој да напише, да покаже со прст кон некого и да почне хистерично барање на крв. Да напишам Трајко од таа и таа улица во Кочани дилал дрога со газдата на дискотеката и му помагал во сите срања што ги правел, огромен број на луѓе ќе почнат да го плукаат и повикуваат на линч, без разлика што немаат појма дали воопшто постои таков човек.


Колку и да не е популарно, мене ова не ми се допаѓа, дури и да е само гнев, без оние лешинари што се вклучуваат по потреба, воопшто да ги нема, пак не би прифатил го прифатил ова.



Да пресудиме сите колективно, да линчуваме, а изборот да го прават најгласни индивидуалци, макар ги воделе и најдобри намери.


Доволно е да се затскриеш позади "правда" и готово, ете ќе го оправиш општеството и системот. Сега сите само повторуваат "систем..."



Оваа хистерија, лудило, злоупотреба, сигурно не можам да ја спречам, некогаш никој не може, но сигурно нема да учествувам, во ваква новопронајдената храброст и желба за правда на овој народ.

А и тој народ ми е доволно познат, сум ја видел неговата храброст пред шефови, менаџери, пред полиција, насилници и слично.

Храбар и правдољубив е само кога не е директно изложен, не може да претрпи штета, кога е дел од колективна хистерија.
 
Последно уредено:
Зар нема некоја болница во Германија каде што работат мноштво иселени доктори да се пријави да прими пациенти??
 
Некој тука очигледно неможе да се сноси со логичните последици на “купен мир и тишина”. Очекувате разум да надвладее при вакви ситуации во општество ко нашето? Пренаивно.
 
Ја па баш мислам дека само од надвор некој може да ни ги реши проблемите.
Od kaj mi e poznato ova :cautious:
Da beee, eden lik celo vreme toa go vikase tuka.
Ama strancite, ama strancite, tie ke ne opravat. Tie i nikoj drug.

Ama ne opravija :facepalm:
 
Od kaj mi e poznato ova :cautious:
Da beee, eden lik celo vreme toa go vikase tuka.
Ama strancite, ama strancite, tie ke ne opravat. Tie i nikoj drug.

Ama ne opravija :facepalm:

Крис е наш бе Владе. Со Трампето се слика по лифтови, ќе поможи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom