Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.423
Поени од реакции
22.117
Ја преиначиле одлуката, куќниот притвор му се заменува со 30 дена притвор во Шутка.

За сопственикот на Пуцко Петрол Асмир Јахоски - 30 дена притвор во Шутка
Асмир Јахоски, сопственик на „Пуцко Пeтрол“, осомничен за скандалот со штетниот мазут, оди во затвор. Советот на Кривичниот суд во Скопје ја прифати жалбата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и донесе одлука со која на Јахоски наместо куќен притвор му се одредува мерка притвор во траење од 30 дена поради опасност од бегство.

„Мерката куќен притвор, определена врз основа на одлуката на судија на претходна постапка, се менува и му се изрекува мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење на опасност од бегство и околности кои укажуваат дека истиот може да ја попречи истрагата и да влијае на сведоците“, велат од Кривичен суд.
Според соопштението на Кривичен, од надлежната полициска станица е добиено известување дека Јахоски е испратен во истражниот затвор Шутка, а странките имаат право на жалба до Апелациониот суд во Скопје.

Одлуката за промена на мерката против сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски, е донесена откако претходно Обвинителството за гонење организиран криминал и Судот неколку дена си ја префрлаа одговорноста околу тоа кој одлучил Јахоски да оди во домашен притвор. Обвинителството побара да се испитаат фактите, а од Судот соопштија дека самото обвинителство се согласило за мерката куќен притвор. Оваа ситуација предизвика многу реакции од јавноста и политичарите. Премиерот Мицкоски упати и серија обвинувања против шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази. Според Мицкоски, наместо да го брани владеењето на правото, тој избрал да биде слуга на партијата која со години беше на власт.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.423
Поени од реакции
22.117
Се појачале. Браво!

ФИЛИПЧЕ ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ НА УТРЕШНИТЕ ИЗБОРИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ „Партијата е консолидирана, се спремаме за локалните избори“
Опозициската СДСМ утре избира нов партиски претседател. Актуелниот Венко Филипче е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори.

Одговарајќи на новинарско прашање дали има некаков револт кај членството што не се пријавил никој друг кандидат, Филипче денеска истакна дека нема.

– Не, напротив. Сметам дека тоа е одраз на консолидацијата на партиското членство на кое што јас интензивно работев во изминатите 9 месеци. Веќе се пријавени поголем број на гласачи што се регистрираа за гласање отколку во претходниот циклус. Имаме интензивни средби на ниво на сите општински организации и состаноци, на кои доаѓаат огромен број на членови, кои до пред некое време, едноставно покажувајќи револт, не се појавуваа на тие состаноци, а сега се присутни, присуствуваат, сугерираат, учествуваат во процесот на градење на политики. Тоа за мене е само еден знак дека консолидацијата е веќе настаната и ние продолжуваме во следниот период да се спремаме за локалните избори кои што ќе дојдат наесен – рече Филипче.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека директните внатрепартиски избори за претседател на партијата ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ на 78 избирачки места, кои ќе бидат отворени од 08 до 20 часот. Регистрирани се 22.717 членови, кои имаат право да гласаат.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.587
Поени од реакции
9.536
Убаво ни објасни што имаат да речат Грците ај сега обиди се да најдеш Македонци од Беломорска Македонија па пренеси ни што тие имаат да речат.
Ако имаш време и сакаш повеќе информации темелени на СВЕДОШТВА од голем број Македонци имаш многу на нет, а еден од Македонците кои има кристално чист и јасен став за Македонците е Никодим Царкњас, има повеќе видеа па и трибини каде говори за Македонците и нивната положба под грчка окупација.
За мене воопшто не се спорни Македонците во Егејска Македонија, сум ги видел. Немам поголеми познавања како е состојбата таму пошто не ни одам, сум бил два пати пред многу години, последен пат пробав да одам 2005 година да купам некој делови за кола и не ми беше дозволен влез, бев вратен од граница и тоа со странски пасош кој што го имам на основа на раѓање, не ни пишува на него МКД или слично.
Али има различни искуства со различни луѓе, имав средба со Македонци од Егеј во МКД и поминав неколку сати со нив, искуството беше баш онака како меѓу наши луѓе, дури и солидно зборвеа МКД јазик. Во споредба на ова, сум бил во едно село околу 30 км од Солун, не ни знам како се викаше, ова беше таму некаде 1991, луѓето кај што бевме, ептен слаби беа со Македонски, онака со мачење.
Знам исто еден случај каде што не сум бил присутен ама ми е кажано од прва рака. Случква се дешава во Лондон, седат заедно наши од Скопје и група "грци" од Јанина, онака дискутираат као демек на Енглески а се знаат дека едниве се Македонија, другиве од Грција, еден од "грциве" нешто се истакнува цело време, се шета наоколу со капа на глата со грчко знаме и нешто цело време потенцира, Скопје, ФИРОМ и слично, во еден момент се убацува еден друг од "грциве" и на Македонски му обратил, "дај бе престани да глупираш".
Како да кажам, не може ништо да се генерализира, ни кај нас имаш 100% со исти мислење и сфаќања, ниту кај Македонците во Грција па не ни меѓу грците. И таму има луѓе што не се прават слепи, на цела пропаганда.
Исто ќе спомнам еден друг случај, имам другар босанец кој што едно време работеше со еден грк и онака беа блиски, еднаш во една ситуција босанецов се подјебава со грков нешто во стилот де бе па и ти си Македонец. Грков му вратил "Имам многу добри пријатели меѓу нив ама те молам немој да ме наркуваш Македонец", со други зборој се навредил.
Од друга страна ми се случило, пример случка, како помлад ко се преселив во Сиднеј одев по барови каде што сум играа турнири за биљард, и така наидвам на една група грци, и тие млади дечки, во први моменти не ни знаев дека се грци, по некоја коинциденција, се погоди да доаѓаат ни исти места, на исти турнири, онака се запонаваме уз пијачка, седиме заедно ( јас во тоа време не познавав никој Македонец освен братчед ми) и муабетиме нешто и едниов ме прашвит кој сум, му враќам Македонец, тој ми вика а и јас, а ја веќе имав укапирано дека се грци, му враќам во ред, животот продолжува. Сакам да кажам за разлика од другиот грк кој што ете се навредил дека го нарекле македонец овој така се идентификуваше, пред се грк ама ете се чуствувал и како Македонец.
 
Член од
30 декември 2021
Мислења
186
Поени од реакции
233
Martin e govno nevideno, potocno vlashko govno, izraz na eden moj brat, ama Stojilkovic bilo shto da kaze, sramota i da nezavisno od vlashkoto govno
PUMPAJ!
 
Член од
14 октомври 2021
Мислења
211
Поени од реакции
479
КОЈ ДОЗВОЛИЛ ОД ШУПА ДА СЕ НАПРАИ ДИСКО? КОЈ ДОЗВОЛИЛ ГОСПОД ДА ВЕ КАЗНИ БЕ
 
Член од
14 октомври 2021
Мислења
211
Поени од реакции
479
-преземено од ФБ статус:


6 години,
4 трагедии,
134 загинати,
скоро 0 одговорност.

Кочани (2025) – 59 загинати
Беса Транс (2021) – 45 загинати
Модуларната болница (2021) – 14 загинати
Дурмо Турс (2019) – 16 загинати

Рушиме рекорди, дур си вадиме очи едни на други другари!
 
Член од
19 март 2013
Мислења
3.645
Поени од реакции
5.738
-преземено од ФБ статус:


6 години,
4 трагедии,
134 загинати,
скоро 0 одговорност.

Кочани (2025) – 59 загинати
Беса Транс (2021) – 45 загинати
Модуларната болница (2021) – 14 загинати
Дурмо Турс (2019) – 16 загинати

Рушиме рекорди, дур си вадиме очи едни на други другари!
Нека ме поправи некој ако грешам , но помалце наши умреа во 2001 , така?
 
Член од
14 октомври 2021
Мислења
211
Поени од реакции
479
Поише штета направија со корупција на народот , отколку војната што направи.
Аха
Тоа сакаше авторот да каже…
Не сфатив од прва.
За жал….. греота
Срамота
Не сме држава
 

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.234
Поени од реакции
668
Веќе поставија обезбедување пред собранието иако пратениците нема да заседаваат. Од нешто или некого се плашат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom