Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Ваква пиротехника се користи на свадби, родендени, не е нешто невидено до сега. Но, за да онака лесно се запали таван, од искри практично кои се при крај со согорувањето, таванот треба да е малтене од супер лесно запалив материјал, што никако не би требало да е дозволено да биде употребен при градење, особено за објекти каде што ке има многу луѓе. Многу аматеризам.

Трагедија:place::place::place::place:
Немам зборови, а и што да се каже е бадијала:(
Дали Македонија е проколната земја што ни се случуваат вакви трагедии?????

Уште колку млади невини души треба да одат курбан за да се освестиме, опаметиме, да размислуваме за можни последици, да внимаваме што правиме, што градиме, што дозволуваме.....
Господе Боже дај им побрзо оздравување на повредените, дај им сила на родителите да ја издржат оваа болка....а за душичките кои прерано го напуштија овој свет на ужасен начин, не знам што да кажам, кревам рамена и плачам за нив...
Да не се повтори никогаш:place::place::place::place::place:
 
Знам дека е непопуларно мислење, ама тоа е.

ДНК и нивниот менаџерски тим што договара настапи веројатно си носат свое озвучување, осветлување и пиротехника на настапите, затоа што еден член тука кажа дека истите работи ги видел и на нивни други концерти/настапи

Ако е така и тоа се потврди, тогаш тие подеднакво сносат вина и кршење на ред закони.
 
Најголемата човечка трагедија во модерната историја на нашата држава. Сочуство до најблиските. Јас и моето семејство ќе помогнеме како можеме.

Да не навлегувам во анализи, но по трагедиите со „Дурмо“, „Беса“ и болницата во Тетово, ништо не е изменето. Никакви стандарди не се почитуваат. Корупцијата го разјадува системот, државата ја правиме ние. Како општество, одвнатре сме пропаднати. Генерации уште од мали нозе учат дека врските и познанствата се поважни од почитувањето на редот и законите. Без разлика каур, турчин, албанец, ром, бошњак и тн.
 
Баш се мислев да се јавам, иако нема ни 20-тина денови како последен пат дарував... И логично е што не им треба крв, изгореници имаат а не посекотини и слично. :-/
Друже зависи колку им е отруен организмот од чадот и можно е во некои случаеви да треба трансфузија.

Ако крвта неможе ефективно да пренесува кислород поради присуство на токсини тогаш организмот може да има трајни последици , во најлоши случаеви смрт,во некои случаеви оштетување на органи.

Целта на трансфузијата е да се зголеми капацитетот на крвта да носи кислород

Би било убаво секој да даде информација , во даден момент може и ќе треба итно крв , па да има кој да пренесе информација.

Уште ни фали да отиде некој поради недостаток на крв
 
Таравари и Трансфузија веќе рекоа дека имаат доволно крв, ако имаат потреба ќе се обратат до народот за донации.
 
му ја дувнал андреј прв, панчо гаси нешто и добил повреди. Искрено, за ваков аматеризам не би ги жалел уопште.
Ај вака, прочитај убаво што напиша, погледни се во огледало и размисли со тој пола неврон во главата што го имаш дали ова што го напиша е човечки и нормално и стави се во нивна ситуација како би изреагирал ти. Страшно еј, интернетов им дозволува многу работи на луѓето.
 
што да пишам, сите велат дека нивна одговорност било пиротехниката, ја не го измислив тоа. Они требало да знаат каде им се очите. Не мене. Сега децата нема они да им ги вратат на родителите. Заради тоа што направиле еден два хита, ја треба да им се поклонувам сега.
 
Ај вака, прочитај убаво што напиша, погледни се во огледало и размисли со тој пола неврон во главата што го имаш дали ова што го напиша е човечки и нормално и стави се во нивна ситуација како би изреагирал ти. Страшно еј, интернетов им дозволува многу работи на луѓето.
Не е човечки за никого. Дај боже сите да бидат живи и здрави, но ако истрагата покаже дека ДНК донеле пиротехника за свој настап и не направила проценка за опасност, тогаш можат подеднакво да го јадат со сопственикот и државниот инспектор кој им дава дозвола за работа.

Пиротехниката е главниот причинител за пожазорт. Прашањето е кој ја донел и по чија наредба и зошто ДНК не одбиле да настапуваат ако пиротехника се пукало во затворен простор. Многу прашања, многу одговори.
 
Нашиве новинари се тежок шлајм, би ги затворил сите до еден, одземање лиценци, никакво новинарство не е ова. Татково на камера вреска дека не му треба живот, едно дете имал и го изгубил, овие го прашуваат дали му се јавиле од болница, како дознал?
ШТО КУР Е ТОА БИТНО БЕ?! 0 емпатија кон човечки живот, ама ете пусти лајкови и гледаност.
 
Јас станав со оваа вест.. многу сум потресена уште. Немам коментар.
Сите што се починати, Господ да им даде мир на душата. Сите кои се повредени или ги нема, да бидат живи и здрави.

Ве молам ве молам да искочиме на протест. Ваква трагедија не се десила, не смее да се повтори! Кој дозволил бе таа шупа да стане диско??? Кој?
 
Сега да видиме дали ќе се превземе нешто за иднина, има премногу дискотеки што се вакви како оваа, прва на памет ми паѓа Хангар во Охрид. Под хитно тресење и затварање на такви дувла. И сеопфатна истрага овој пат а не кабелот или само газдата да е крив. КРИВ Е СИСТЕМОТ И ЗАТВАРАЊЕ НА СИТЕ МАГАЦИН-ДИСКА
 
Има број за ѕвонење на Црвен Крст
IMG_6567.jpeg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom