Пожар во Кочани, диско Пулс.

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.656
Поени од реакции
7.788
Брат, штабски пацов си. У време на дурмо и другите трагедии беше скриен под маса. Сега си најгласен кој како треба оставки да поднесува.
За тоа треба да имаш доказ. Не сум член на ниту една партија, и претпоставуваш дека не сум реагирал претходно.
Каква хистерија буди во вас партиското полтронство. :tapp:
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.542
Поени од реакции
31.190
Како што се гледа од видеата пожарот гори некои 30тина секунди а овие уште пеат како ништо да не се случува

Веројатно најголемиот број на жртви се настанати кога цела дискотека ја фатило паника и наеднаш сите се упатиле кон вратите кои како што се гледа не се по никакви стандарди за огромен објект па повеќето погинале во стампедо а тие што преживеале и се онесвестиле се задушиле од пожарот
Не е баш така, Панчо прв приметува и им вика да излезат.
 
Член од
28 јуни 2009
Мислења
300
Поени од реакции
274
ми се врти желудников мислев фејк њјус ама за жал не било.

една од најголемите трагедии во историјата на државава.
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
1.099
Поени од реакции
4.178
Не е баш така, Панчо прв приметува и им вика да излезат.
Да но после определено време кога пожарот е веќе распламнат

Види пар видеа, буквално гори плафонот а ДНК пее
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
1.019
Поени од реакции
1.575
Ццц ова е најпотресно со родителиве што одат од болница во болница и бараат инфо во која болница им е детето и во каква состојба е... Хорор :( :(
Најлошо е тоа , да не можеш детето да си го најдеш..

Жално е ова се што се дешава
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.888
Поени од реакции
10.428
Нека почиваат во мир и сочувство до сите блиски. Причините, корелациите ни се познати на сите и веќе спомнати на темава. Премногу гнев имам за да навлегувам во тоа и да пишувам нормален, достоен пост.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.542
Поени од реакции
31.190
Да но после определено време кога веќе пожарот е веќе распламнат

Види пар видеа, буквално гори плафонот а ДНК пее
Па да, обично луѓето немаат очи на врв на черепот па да го види тоа за 1 секунда.
Мислам замеркиве се...
Панчо и Андреј фаќаат ПП апарати да го гасат пожарот одма штом го гледаат.
Дајте...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.927
Поени од реакции
41.901
Ужас, трагедија невидена.

Да не знаеш каде ти е детето и да го бараш по сите болници со надеж дека е живо.


Внук ми со девојката излегле навреме, а негов другар во болница со изгореници.

Досега официјално 70 жртви.


Sent from my SM-A528B using Tapatalk
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.555
Поени од реакции
7.125
Корупцијата убива. Пак кабелот ни е крив.
Жално, жална Македонијо...
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.605
Поени од реакции
15.174
Настрадани има и од Виница, Истибања, Каменица.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.693
Поени од реакции
14.599
Па да, обично луѓето немаат очи на врв на черепот па да го види тоа за 1 секунда.
Мислам замеркиве се...
Панчо и Андреј фаќаат ПП апарати да го гасат пожарот одма штом го гледаат.
Дајте...
Не си во право баш.


Овде се гледа дека таванот апла гори, ама децата снимаат, играат, пеат. Како зомбиња - никој не реагира.
 
Член од
10 мај 2022
Мислења
1.243
Поени од реакции
3.325
70 жртви, ауу ми плаче срцето.Одговорност за ова мора да се има
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.672
Поени од реакции
1.319
Каква трагедија човече, ваква трагедија се нема десено. Ова е пострашно и од Дурмо, Беса и болницата у Тетово.

Уште поголема језа ме пројде кога видов слики од млади луѓе за кои се бараат информации дали се живи.

Господ на помош на родителите и роднините.
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
1.099
Поени од реакции
4.178
Па да, обично луѓето немаат очи на врв на черепот па да го види тоа за 1 секунда.
Мислам замеркиве се...
Панчо и Андреј фаќаат ПП апарати да го гасат пожарот одма штом го гледаат.
Дајте...
Тоа де, не ги кривам нив и сигурен сум дека не виделе. Но многу се каснеше со реакцијата по што настанала паника, па стампедо
 

Kajgana Shop

На врв Bottom