Пожар во Кочани, диско Пулс.

Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.800
Поени од реакции
4.374
дај бе носи се у триста пичке материне, ти ебам куртон шарен
Море ќе ти ебам семката кенгурска, како лоботомирани сте бранејки ги нашиве партии како они да не се корумпирани до даска.

Еве ти прост пример дека исто срање се и нашиве


Сдс/Дуи го направија, дојдоа Дпмне на власт кур не ги боли да направат ревизија да одговараат за патов
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.302
Поени од реакции
7.044
Никакви стандарди никаде нема, 3-4 дена ќе се труби на фб со тажни слики со црна позадина, издржи Кочани, срцепарајучи постови итн, ама у реалност за викенд се ќе продолжи исто..

Единствената дискотека у Кав се наоѓа на 10тина метри височина од земјата, до чиј влез се доаѓа преку скали широки 3 метри најмногу, повеќе од 2-ца луѓе не можат истовремено да се качат. Недај Боже да се случи поголема гужва, од типот на ќотек, а камоли нешто вакво ќе испозагинат повеќе луѓе од стампедо отколку од самиот пожар. Посебно кога доаѓаат гости од типот на Либеро Бенд и слични како нив, скалите се преполни со луѓе за влез, а камоли за излез доколку е потребно нешто итно. Контрола на малолетници не се сеќавам кога имало последен пат, уствари има кога имаат дојава за инспекција, во нормални услови никој никогаш не е вратен бидеќи бил малолетен.
Еден од попознатите локали исто работи како кафиќ официјално, меѓутоа за викенд со гости како Жаре Бербер и останата екипа знаат да се заборават и тераат до кај 2-3 без проблем. Локалот се наоѓа во зграда буквално, со што го нарушува мирот на сите места околу. Недај Боже ако дојде таму до пожар, отидоа цели згради. Роднина мој има неколку пати пријавено во полиција во 2-3 сабајле за нарушување на јавен ред и мир, овие му враќаат повратен одговор "ти не живееш таму, што имаш против локалот " (бидејќи станот му е купен неодамна, и не му се завршени сите процедури)

Жално за починатите, нека почиваат во мир..
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
376
Поени од реакции
2.128
Верувај цела држава функционира на системот "ургенција" и да му се помогне и реши барањето, предметот на некој хоштаплер со порше џип кој преку ноќ стигнал до пари и станал газда.
Треба да се уапси сопственикот, тој што му помогнал да добие лиценца, сите тие кои се потпишале на документот за лиценцата итн. По кратка постапка доживотен затвор, и одма проверка по сите други дискотеки и ќе видите дека 100% од нив не исполнуваат основни услови за таков тип објекти ... и секаде со врски и ургенции добиле дозволи !!! Е сега тука зборуваме само за дискотеки, ама во глобала цела држава функционира вака, ургенција и врски !!!!
Да тргнеме од нас, ние за најситна работа за која обично се чека ден-два бараме ургенции за да се заврши побрзо, а државава е трула и труе 30+ години, ова е само производ на гнилежот кој се насобрал.
 
Член од
10 мај 2022
Мислења
1.243
Поени од реакции
3.325
Ни се случи најголема трагедија,многу млади деца ни починаа,не е фер ова :(
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.118
Поени од реакции
68.227
Језиво колку е сличен случајов
Да, овој случај, и малтене ова видео за користи по многу Американски фирми како дел од fire training. Кога го видов видеото од Кочани, се запрепастив каква сличност имаат, зашто и таму и таму е истата причина, пиротехника кај бендот.

Многу луѓе не знаат дека чадот е тоа што те убива. Во ситуација каде што нагло се намалува кислородот во затворена просторијА, зашто нешто мора да го храни огнот, доволно е 2-3 пати да вдишеш густ чад, и веќе не си способен да одиш. Советот беше да ставиш мокра крпа преку уста, дур да можеш да излезеш надвор. Во тој пожарот погоре, многу тела беа најдени на излезните врата, едно врз друго.

Трагедија невидена, има и деца од Куманово што биле, уште ги бараат. Да не си им во кожа на родителите.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.605
Поени од реакции
15.174
Да тргнеме од нас, ние за најситна работа за која обично се чека ден-два бараме ургенции за да се заврши побрзо, а државава е трула и труе 30+ години, ова е само производ на гнилежот кој се насобрал.
"Само јас ли да сум поштен и будала..."
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.977
Поени од реакции
17.228
Нема несреќи, се е со некој причини, ги пратам на дискавери, имаше и за пожари во елитни хотели во Вегас, а не па ќумезарници...сите т.н. несреќи се данок во крв на импровизации..
Ако не се случеше ништо, дали некој ќе покренеше казнени мерки ??
Секое чудо за 3 дена, полиција ги казнуваше кај тутунски тие што влагаат од јужен од лента за лево, ама само 2 дена, па се по старо, некој си ср праат паметни. Така и со пожароте, во Гостивар 2 пати имаше жртви од неисправна инсталација, 2 пати ден на жалост, ама Истрага и Одговорност немаше. Пиротеникаѕа треба потполно да се Забрани !!!
И пак да прсшам, читав 16г девојче бара во болницата, значи имало и малолетници.
Нели Законски е Забрането малолетни лица без присаство на родител старател да излегуваат од домот по 22ч??
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.656
Поени од реакции
7.788
ДНК заедно со цела екипа, организаторот и сопственикот на оваа шупа 20 години во затвор, заедно со сите одговорни во инспекции во Кочани. А Тошковски и Стојанче оставки.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
7.036
Поени од реакции
24.251
ДНК заедно со цела екипа, организаторот и сопственикот на оваа шупа 20 години во затвор, заедно со сите одговорни во инспекции во Кочани. А Тошковски и Стојанче оставки.
Ок и мене ДНК не ми се најомилените ама каква врска има ова со нив?
Зашто они во затвор?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.933
Поени од реакции
37.028
Срце ми се скрши коа ги читам имињана и ги гледам сликине од деца на социјални медиуми.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom