Планот за примирје на Европа, не ја вклучува Русија во одлучување се до крајна фаза на преговори.
А што вклучува?
Меѓу другото вклучува прекин на непријателства во воздух, по море и врз енергетска инфраструктура (не на копно). После тоа европски сили на терен како гаранти за примирјето.
Од тоа дали Русија ќе го прифатела ова, ќе се видело дали стварно е за мир или не.
.................................................................................
По многу основи се гледа дека немаат допир со реалноста.
Прво и основно она што се случува на терен од 23-та па навака вели дека Русија има стратешка иницијатива константно. Константно Украина губи територија. Како тоа Русија да немала право на глас у одредување на ставки од договорот?
Европа не е главен гарант на украинскиот воен потенцијал, туку Америка, квантитативно и квалитативно.
Доколку Русија е у константна иницијатива, зошто и би и требало примирје?
За Украина да се прибере за боље да се бори? Зошто у ваква ситуација Русија би сакала примирје не би можел да сфатам.
И кога веќе има такво некое примирје:
Примирје по воздух (тука спаѓаат и земја-земја) - доколку се случи, што ќе биде разликата и за кого?
Кој кому сега задава поголема штета со тие ракети? Бомбардирањето на Русија врз Украина е неспоредливо со бомбардирањето на Украина врз Русија. Баш сега им скинаа голем регрутен центар у Запорожје со многу жртви.
Нема зашто Русија ова да го прифати. Злите јазици велат дека ова е убацено откога стана јасно дека деновите на американска логистика за балистички ракети се минато.
Примирје за енергетска инфраструктура. Ова е уште посмешно, бидејќи влијанието на руското бомбардирање на украинската енергетска инфраструктура процентуално е неспоредливо со обратното. Колку посто од Руската енергетска инфраструктура е уништена од Украинците, а колку обратно? Некој би рекол дека Европјаните со оваа точка се истрчаа веднаш по најавите за прекин на финансирање на разрушената енергетска инфраструктура од САД (нешто што стана ефективно деновиве).
Нема зашто Русија ни ова да го прифати.
Примирје по вода. Ох, сироти Енглези. Им скинаа еден брод со товар и одма го решаваат проблемот за понатаму, преку договор кој едноставно ќе овозможи други бродови да пристигаат понатаму. Крим од кога не сте чуле да го гаѓаат? Оваа година не сигурно.
Поентата е дека си живеат они у некоја нивна реалност.