Тоа мое здравје во старт не штима нешто. Имам два лабораториски упати за годинава кои не сум ги барал ни јас ниту матичниот, ниту сум известен за тоа кој ги барал и врз база на што.
Инаку ги окапаа медицинските лица со администрација. Зашто сега и ова, не знам. Да не испадне ново ново, како со здравствените картички кои сега пајажина фаќаат...а системот некого чинеше пари. А некого тендери
Здравството за никаде....ни опрема ни алати,ни персонал, ни хигиенски услови...ни основни лекови.
а тие инвестираат пари во прилично непотребни информатички решенија, им рекле тоа сега е фенси и успеале да им продатат приказна како тоа све им треба и како помага и дека не се може без тоа.
Па сега дури и си додаваат други работи за да извлечат повеќе пари и да си отворат повеќе рабитни позиции....а тоа информатичарите за ситни пари не работаат.
Па сега уште ке смислат работи како верификација, надградување,брзина,едно друго...безбедност...па можеби и апликација.
Што ако некој виде што терапија земам или од што боледувам....демек ке дознае некоја светска тајна...се знсе после 50г нешто ке земаш (притисок,масти,дијабет,срце,циркулација + нешто онака друго ако испадне,простста,алергии, тироида итд)
Еве пример јас одам да снимам синуси ми викаат апаратот е расипан нема кој да го поправи а кога ке биде поправен никој не знае, но нема да биде за брзо сигурно.
додека не се средат основни работи џабе, модерни лифтови,администрации,рекламирања,сензори за титкање,водење евиденции,имплементирање на разни програми.
порано ништо од ова немало па пак за тоа време можеби сме имале подобро здравство.
Само тоа имам да кажам. Мое мислење.