Гледам составот на Шкупи, ништо посебно, многу паднаја, ама имат 2 од 2 победи на стартот од втората полусезона, со не фудбал, бранење можи да скиниме бод, ако се отвориме можи да не наполнат, бод со Шкупи, после дома победа со Воска е успех во овие 3 последни кола со победата над Тиквеш.
После иди Бергеров систем за третиот круг од разигрувањето, реално треба да го задржиме 7мото место и од таму да ги чекаме противниците, можи не толку посакувано, оти одма во 23 коло пак одиме во гости кај Шкупи, па после гости кај Беса, па дома со Вардар (кој би требало да заврши 8ми одма после нас) па така со нив би играле во Битола, на овие две утакмици е шансата за бодови, па после идат Шкендија, Гостивар, Работнички и Силекс наизменично дома/гости каде ќе биди заебано за бодови, до утакмицата со Вардар мора да имаме солидна предност пред зоната за испаѓање...