Поделба на имот стекнат со 100% самостојни средства - по развод?

Член од
15 февруари 2015
Мислења
25
Поени од реакции
9
Добар ден, би ве замолил за правна помош - одговор.
Да го цитирам @Јаневски "Ви следи мизерија на целото семејство.",

Во брак сум.
Уплатив стан, имам пред договор , сеуште не завршена зграда, на мое име, со чисто мои пари, и плаќам рати, исто така преку моја трансакциска, со мои пари.
- парите се сума која ја добив сега, за физичка оштета која ја добив пред да стапам во брак.
- а ги користам сега, кога сум во брак.

- дали парите се мои, и не може никој да бара дел во случај на развод?
- дали станот кој го уплатив и ќе имам имотен лист - на само мое име (ако воопшто е битно тоа) - пак ќе биде само моја сопственост, затоа што е купен со тие пари, или веќе се смета како друго нешто ? (стекнато во брак и сл.. иако другиот партнер не учествува во плаќањето на станот)

+ се кочам од било какви инвестиции, не знам ако сакам да купам било што понатаму во живот, и гаража или било што со тие пари, дали и тоа ќе е делливо или не?

Бескрајно благодарен ако можам да добијам помош од стручно лице на вакви теми.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.911
Поени од реакции
11.671
Q
''Cогласно член 67, определено е дека Имотот кој брачните другари ќе го стекнат во текот на бракот претставува нивен заеднички имот.

Согласно на ова, секој имот кој брачните другари ќе го стекнат во бракот се смета дека е заеднички, освен доколку таквиот имот брачниот другар го имал пред склучување на бракот (согласно на ова не се стекнал во бракот), или пак се работи за имот кој брачниот другар ќе го добие по основа на наследство, легат и подарок, како и стварите стекнати во бракот, а кои исклучиво служат за задоволување на личните потреби на еден од брачните другари, доколку не претставуваат несразмерно голема вредност во споредба со вредноста на вкупниот заеднички имот.

Врз основа на ова, во случај на делба за време на брак или после развод, секогаш може да се дели единствено имотот кој е заеднички имот. Односно, не е предмет на делба имотот кој еден од брачните другари го стекнат врз основа на подарок или наследство, иако таквиот подарок или наследство може да бил стекнат за време на бракот.''
UQ

ЗАКОН ЗА СОПСТВЕНОСТ И ДРУГИ СТВАРНИ ПРАВА
 
Член од
15 февруари 2015
Мислења
25
Поени од реакции
9
парите не се подарок или се ?
(ги немав пред склучување на бракот, разбрав поради што повредата е пред бракот настаната, а исплатата сега во брак, сепак не се делливи)

ако ги чувам парите, а се подарок, ок? или?
но ако ги инвестирам, дали тогаш губат првобитно значење и имотот купен со нив е деллив ?

заеднички имот немаме.
живееме во стан на моите, треба да е исселиме во новиот стан., новиот стан (100% од моите пари, на мој имотен лист) не знам чив е, или чиј би бил во случај на развод.

''Врз основа на ова, во случај на делба за време на брак или после развод, секогаш може да се дели единствено имотот кој е заеднички имот. Односно, не е предмет на делба имотот кој еден од брачните другари го стекнат врз основа на подарок или наследство, иако таквиот подарок или наследство може да бил стекнат за време на бракот.''

-зеднички имот е ако двајцата го исплатиле ? или не битно? пример едниот партнер го купил 100% од свои средства?
пак не разбрав за мојот случај каде е категоризиран..

"..доколку не претставуваат несразмерно голема вредност во споредба со вредноста на вкупниот заеднички имот."
заеднички имот = 0 , пример мојот имот може да е стан, кола, викендичка, - платена од мои пари, на мое име во имотен лист.

делливо или не ?
:(
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.593
Поени од реакции
8.402

Ne e bitno koga e izvrshena isplatata!
Bitno se raboti za nastan od pred brakot
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.433
Поени од реакции
4.355
Добар ден, би ве замолил за правна помош - одговор.
Да го цитирам @Јаневски "Ви следи мизерија на целото семејство.",

Во брак сум.
Уплатив стан, имам пред договор , сеуште не завршена зграда, на мое име, со чисто мои пари, и плаќам рати, исто така преку моја трансакциска, со мои пари.
- парите се сума која ја добив сега, за физичка оштета која ја добив пред да стапам во брак.
- а ги користам сега, кога сум во брак.

- дали парите се мои, и не може никој да бара дел во случај на развод?
- дали станот кој го уплатив и ќе имам имотен лист - на само мое име (ако воопшто е битно тоа) - пак ќе биде само моја сопственост, затоа што е купен со тие пари, или веќе се смета како друго нешто ? (стекнато во брак и сл.. иако другиот партнер не учествува во плаќањето на станот)

+ се кочам од било какви инвестиции, не знам ако сакам да купам било што понатаму во живот, и гаража или било што со тие пари, дали и тоа ќе е делливо или не?

Бескрајно благодарен ако можам да добијам помош од стручно лице на вакви теми.
Немаш проблем, имаш доказ дека тој стан е купен само од твои пари кои потекнуваат од твое побарување кое си го имал пред бракот, а предмет на делбата може да биде само заедничкиот имот стекнат во бракот. Не сум сретнал пракса, но мое мислење е дека дури и штетата за која ти се исплатени тие пари да настанала и по склучување на бракот, пак ке нема никаква основа да тие пари се сметаат за имот стекнат во брак, ова од причина што штетата не претставува плус имот туку таа е надомест на изгубеното а изгубеното во случајот е твојот физички интегритет (рака, нога, прсти...незнам што) па делба на штетата (или имотот кој е набавен со неа) во крајна линија ке значи да ти земе дел од телото а тоа не е заеднички имот стекнат во брак... За штета на предмети има и пракса и ставот е дека штетата која е наплатена за тоа што е оштетен предмет кој не е стекнат во бракот, не претставува заеднички имот, таа е дел од имотот кој бил оштетен и му припаѓа на брачниот другар на кого што е...
 
Samo da pazi so koi pari eventuelno bi go renoviral,nadgraduval i sl.
Chuvaj gi site smetki vo vrska so stanot
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.433
Поени од реакции
4.355
Samo da pazi so koi pari eventuelno bi go renoviral,nadgraduval i sl.
Chuvaj gi site smetki vo vrska so stanot
Ако бракот фактички престанал, веке не е ни битно од кои пари ке реновира или инвестира, од денот кога веке не се заедно нема повеке стекнување заеднички имот. Освен ако немаат некои заеднички пари или некои заеднички имот кој носи доход. А сметки, плаќања, податоци за мајстори кои му работеле.... се тоа нека чува, не сакаат ни леб ни вода..
 
Член од
15 февруари 2015
Мислења
25
Поени од реакции
9
@lazar31

"Немаш проблем, имаш доказ дека тој стан е купен само од твои пари кои потекнуваат од твое побарување кое си го имал пред бракот, а предмет на делбата може да биде само заедничкиот имот стекнат во бракот"
- Корекција, повредата е пред бракот, побарувањето и исплатата се после стапување во брак.

"ова од причина што штетата не претставува плус имот туку таа е надомест на изгубеното а изгубеното"
- а ако со таа надомест се купи стан, веќе во брак ,дали тој стан се дели?
 
Mislev ako seushte e vo brak ama ako razmisluva nekogash da se razveduva, barem jas taka go razbrav :)
Togash "Dotichnata" mozhi da ima pobaruvanja za renoviranjata , nadgradbi i sl ! Zatoa e dobro da si gi chuva smetkite!
 
Член од
15 февруари 2015
Мислења
25
Поени од реакции
9
Разводот лебди во воздух, а имотот (купен со пари добиени во брак - за повреда пред брак) не знам дали би се делел или не.
никакви реновирања ниту финансиски инвестирања другиот партнер нема дадено во домот.

и затоа го поставувам ова прашање, не знаејќи - ќе се дели или не, и ако се дели, како да се избегне... препишување на друг и сл...
totally lost...
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.433
Поени од реакции
4.355
@lazar31

"Немаш проблем, имаш доказ дека тој стан е купен само од твои пари кои потекнуваат од твое побарување кое си го имал пред бракот, а предмет на делбата може да биде само заедничкиот имот стекнат во бракот"
- Корекција, повредата е пред бракот, побарувањето и исплатата се после стапување во брак.

"ова од причина што штетата не претставува плус имот туку таа е надомест на изгубеното а изгубеното"
- а ако со таа надомест се купи стан, веќе во брак ,дали тој стан се дели?
Не се дели тој стан оти тоа не е заеднички имот стекнат во бракот, тоа е твој имот купен од штетата која ти е исплатена. За полесно да сватиш замисли дека имаш твоја куќа (си ја купил или направил пред бракот, ти ја дал татко ти...) и ти се случи пожар и куќата ти изгори. Независно од тоа кога се случил пожарот, дали пред или за време на бракот и независно од тоа кога ти е исплатена штетата од осигурувањето, тие пари ти се замена за куќата и не се заеднички имот стекнат во бракот па што и да купиш со тие пари нема да биде заеднички имот стекнат во брак. Спротивно, ако куќата ви била стекната во бракот, исплатената штета или тоа што е купено со тие пари ке се дели.
Во твојот случај, телото кое настрадало не е заеднички имот па штетата која е нанесена на телото да се дели, тоа е твое тело и исплатената штета е твој личен имот а следствено на тоа и станот кој е платен, односно заменет за тие пари е твој личен имот и нема да се дели.
 
Член од
15 февруари 2015
Мислења
25
Поени од реакции
9
ви благодарам на сите на одговорите. :(
значи потребно е извод од банка прилив на тие пари, и после на истите пари одлив - за имот. кој не се дели.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.593
Поени од реакции
8.402
ви благодарам на сите на одговорите. :(
значи потребно е извод од банка прилив на тие пари, и после на истите пари одлив - за имот. кој не се дели.
Nishto ne treba da vdadish dodeka ne ti pobara sudot nekakov dokaz!
A i za na sud dovolno ti e reshenieto za nadomest na shtetata, se razbira vo suma najmalku ista ili pogolema od kupeniot Imot(Stan)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom