Христо Татарчев си беше жив човекот и го набркаа од Македонија, затоа што бил Бугарин. Јасно си кажал човекот дека целиот свој живот си го посветил за блгарштината
Еден од основачите на МРО. Целото презиме му е извадено од предок што се викал Татар - Татарчев. Исто како и на Димитар Влахов. Влахов - Влав.
Сигурно Татарчев немал да формира организација и да седи со луѓе што мразат Бугари.
Ти бе салам ли си? врска си немаш џабе се трудам да објаснувам на глуп човек, еве така да, Димитар Влахов е влав

Не е избркан од Македонија поради тоа што бил бугарин, тие што биле гонети биле гонети по идеолошка основа, големо бугарството и бугарофилија било изговор за властите, бројни примери има за ова, но пак џабе ти објаснувам, биди си шип тар.
Еве само за тебе Љоч иако Милетич 300 глупости изнапишал, има еден прекрасен дел за вас Албанците, и каков бил животот во Македонија од вас цели 5 века, од Татарчев.
Уште во Ресен, како дете, растев под туѓо угнетување, постојано под терор, исчекувајќи со трепет да се врати жив некој од нашите кога одеше на пат. Овој терор го правеа особено Албанците. Мајка ми од уплав и поради губењето голем дел од богатството се разболе и почина. Албанците беа дојдени откај Охрид и заминувајќи за Битола беа навлегле во Ресен. Пискотници по поистакнатите куќи. Сакаа да бидат сместени на конак. Тоа значеше дека на своите коњи ќе кренат сe што е вредно од тие куќи, па дури со себеси во Албанија ќе одвлечат и луѓе. Беа запреле и пред нашата куќа. Нивниот главатар, со барјак, беше дојден пред нашата куќа. Дома голем уплав, затоа што дома сме имале и пари. Нашите ја затворија портата, за да има време во соседните куќи да се префрлат парите и други вредности. Албанците почнаа да ја кршат портата, и најпосле ја скршија, влегоа, и ја најдоа внатре само баба ми, а сите други - мајка ми, стрина ми и др. беа поминале во соседната турска куќа. Со вжештено железо тие извлекуваа пари, со запалени гламни, со ќотек. Штом ќе влезат, бараат да се јават мажите. Бидејќи немаше други, ја мачеле старата да ги повика мажите. Соседот Турчин дојде кај нив, ги скротуваше, велејќи им дека мажите од куќата не се во Ресен. Се разбира, им се носеа гозби од соседните куќи - пилиња, благи. Тоа се случуваше во куќата што сега ја има чичко ми Андреја (татко на Божирад). Бидејќи не се појавил никој од нас, се затворија во куќата, да тарашат. Сe поскапо, бакарно и др. натоварија на коњи, и го изнесоа. По 24 часа се тргнаа и ние се вративме дома. Мајка ми, штом се враќа, оди право накај сандаците, каде имаше нејзини пари, што заборавила да ги земе по бркотницата, го наоѓа сандакот отворен,, си ги скубе косите и со силно испиштување паѓа во несвест. По седум дена паѓа в постела, и во текот на три месеци (кашлање, бодежи, оган) починува.
Колку пари имало што ги зеле Албанците, не можев да узнаам; знам само дека имаше многу петолирки, златни пари и др.. Тоа беше во 1877 г., во време на Руско-турската војна. Овие ужаси ми беа запечатени во умот и срцето. Кога патував за Пловдив, по патот од Прилеп нашите кираџии, со кои требаше да патувам од Прилеп за наваму, биле обрани од Албанците, па ги чекавме три дена. Штом ја поминавме границата, во Ќустендил видовме слободен живот. Контрастот со ужасниот живот отаде границата, уште повеќе ја замелуши мојата детска душа.