Ти имаш ли нешто прочитано од Чаулев или тропаш само?
Еве ти писмо од Чаулев.
Прегледај го приврзокот 443853
-Ние треба да се ослободиме од сите бугарски партии, да работиме само за Македонија и со Македонци, инаку сите ќе не осудуваат и само ќе налеваме вода во нејзините партиски воденици, а Македонија ќе плаче.
Потпишувањето на Мајскиот манифест во 1924 година, за обединувањето на сите македонски сили во еден револуционерен фронт, Чаулев со воодушевување ќе го прифати и ќе го нарече свештен завет и директива за претстојните борби на македонскиот народ. По откажувањето на Тодор Александров и Александар Протогеров од своите потписи на Манифестот, Чаулев упатил јавен Повик до македонските револуционери и до македонскиот народ, во кој изјавува дека Манифестот е ѕвезда-водилка за Македонската организација и нашиот завет за идната дејност на Македонската револуционерна организација, како и програма на целокупното македонско движење.
И покрај притисоците и заканите за откажување и објавување на Манифестот, тој му останал верен и достоен на својот потпис. Во тие пресвртни денови на Протогеров ќе му напише: Сега, сега пред мене е прашањето: кавалер или подлец!, а во писмото до М. Монев (зет на Александров) ќе си го одреди и своето скромно место во Организацијата: Јас немам други амбиции освен делото да напредува и јас да служам во него како обичен борец, а не како началник. А во своето писмо до членот на Привременото претставништво на ВМРО и својот сограѓанин, Кирил Прличев, му пишал:
Вие заборавате дека ВМРО треба да биде во Македонија, а не во Софија давајќи му на знаење дека треба да живеат со идеалите на една политика, не бугарска, туку македонска и дека во Бугарија треба да дејствуваат непартиски, за на крајот од писмото да му предочи дека: Чаулев е син на ВМРО.