Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    746

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.462
Поени од реакции
28.785
Чим САД и Русија си се договориле никој не ги ебе ЕУ и компанија кловнови.
Ќе стават некој проруски председател што со амин од Путин ќе им даде се што е договорено со Трамп. Секако се тоа што Русиве преку марионетата ќе го пуштат да иде кај Американциве ќе биде на штета на ЕУ и компанија.
Нема САД да останат со празни раце, а за возврат ќе ги остават ЕУ - НАТО сами ако сакаат да ја продолжат војнава што секако дека нема да ја продолжат.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.343
Поени од реакции
43.136
Кај се сега шупаците шо мислеа дека Трамп го прави ова за шоу :kafence:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.460
Поени од реакции
5.160
Украина очекува да ги доовооружи и комплетира 11те дивизии кои ги спремат моментално. Се очекува до крајот на Мај да го сторат тоа, е сега Сад очигледно почнаа да им ги матат плановите, поради нивни проценки. Еу односно Германија само вчера испрати 2 милиони артилериски проектили и доста солиден пакет на опрема. Верувам дека и другите од Еу ќе забрзаат. Но без Сад, мислам дека нема да е тоа тоа. Сад претпоставувам имаат проценето дека и со тие 11 дивизии нема да ги издишат Русите туку напротив после тоа ќе забрзано ќе има загуба на уште повеќе територија. Стратешки успех нема да постигнат. Оперативен можеби.
Сад се обидува да спречат понатамошни загуби на Укрина, при тоа да ја смират топката со Русија.

Моментално од 111 дивизии, 88 им се на линијата од фронтот. Која со 5% , некоја со 60% од своите капацитети.
Со новиве 11 стратешки дивизии се дава сигнал дека ќе одат во офанзива.

Поради тоа Зељо одбива било какви преговори и бара уште оружје и опрема. Уверен е дека со овие 11 дивиизии кои дел од нив се обучуваат на запад ќе го изменат текот на настаните. Поради тоа Зељо вика дека Келог ќе го однесе на фронтот кога ќе дојде. Ќе го убедува дека се на прагот на успехот.
Е сега Сад што си имаат свои проценки тоа е друга работа. Нема да ги присилат на преговори, но нема да ги подржат во претпоставка колапсот кои сами ќе го направат.

Преговориве треба да се развлечат 4-5 месеци пред да биде Зељо да биде спремен да седне на маса. Само мечот со две острици е што сега бара да се повлече Русија на териториите од 2022, значи Крим го заборави денеска. Ама тогаш ќе треба да заборави и на позициите од 2022 туку ќе треба да ја прифати најверојатно нова реалност. Веројатно и избори после тоа.

Информациите дека над 250.000 трупи на РФ дека има на Белорусија најверојатно се точни.
Последниве три дена по ред Герани роварат низ Одеса и Киев.
Украина може не 11, туку 22 нови дивизии да додади, тоа нема многу да смени на фронтот, освен ако немаат некој генијален план.
Русите се побројни, имаат далеку повеќе војска позади фронтот, и секако, дефанзивните линии.
Екстремно тешко е да можат да поминат низ дефанзивните линии, особено што Русија има предност во воздушната одбрана, имаат воздушни единици што можат многу брзо да реагираат било каде на фронтот и полесно може да насочат дивизии од позадина кон одредена точка од фронтот.

Евентуална офанзива има мали шанси да успее, ќе изгубат многу луѓе и опрема и ќе изгубат многу повеќе територија доколку војната потрае уште година-две.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.443
Поени од реакции
23.337
Зеленски се уште не чита што пишува на ѕидот, треба посериозно да ја сфати состојбата во која се наоѓа. Наместо бравадо и тврдоглавост треба да им ѕвони на сите вклучително и на Трамп и Путин да бара подобар договор отколку да оди со глава во ѕид.

Член од
27 мај 2018
Мислења
992
Поени од реакции
1.633
@Ne_sum_ja nisto strasno i taka cel grad e samo avtobuski stnici. @Klinton kako vaka, sto se zgresi rabotata?
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.208
Поени од реакции
13.632
Украина може не 11, туку 22 нови дивизии да додади, тоа нема многу да смени на фронтот, освен ако немаат некој генијален план.
Русите се побројни, имаат далеку повеќе војска позади фронтот, и секако, дефанзивните линии.
Екстремно тешко е да можат да поминат низ дефанзивните линии, особено што Русија има предност во воздушната одбрана, имаат воздушни единици што можат многу брзо да реагираат било каде на фронтот и полесно може да насочат дивизии од позадина кон одредена точка од фронтот.

Евентуална офанзива има мали шанси да успее, ќе изгубат многу луѓе и опрема и ќе изгубат многу повеќе територија доколку војната потрае уште година-две.

Мене ми е јасно. На Американците им е јасно, повеќе од јасно им кои се оперативните способности и потенцијали на Украина моментално,на Русите исто така.

Политичкиот момент е тој што налага Зелински да оди на таков потег. Дома им се продава дека победуваат, во Еу исто така тој наратив се продава. А и најверојатно тимот го советува да го прави тоа. Сириски имаше изјава дека офанзивата е таа што носи победа. Што е и така. Но не говориме ние за слични армии, не е ова Израел против Египет и ко. Сепак Русија има институции за војување колку и да биле застарени, кои им ја има поминато 80% од вониот врв на Украина.
Да се водеше војнава помеѓу Полска и Украина пример 1вс1 ќе беше логично такви напади да прават. Или да беше ситуацијава во почетни фази како тогаш во Харков, со свежи мотивирани трупи, недифиниран дефанзивни линии и со не вака консилидиран Руски трупи. Ќе имаше логика.

Бројките за мобилизирани говорат дека дупло помалце успеале оваа година да мобилиираат за разлика од минатата година.

Бајден и ко, јас сметам дека многу погрешни проценки имаа што може Украина да направи, влегоа во многу лоша спирала каде што секоја отстапка нивна ќе изгледаше како победа на Русиве. Поради тоа одеа до работ мислам, до таа линија кај што веќе користеа удари по внатрешноста на Русија од очај, а не од некоја надмоќ. Не збориме ние тука за Југославија каде што деноноќно беа па и по три пати исти цели за да ги натераш да се повлечат или да седнат на маса. Копнено едноставно не е можно. 15% од нафтените капацитети на Русија беа цел на напади со дронови, од кои дел од нив веќе се санирани. Исто како што Русија им ги гаѓа енергетските капацитети, Украинците успеваат дел од нив да санираат. Но за Русите тоа е полесно да го прават отколку на Украинците. Мислам повторно да ја нападнат истата цел.

Последен крик ќе биде ова доколку се одлучи Зељо, да си наштети сам себе си, на преговорите и на Русија доколку се добие некој успех. Мислам дека се надева на некој успех оперативен како во Курск. Кој од првичен успех, сега станува стратешки неуспех. Моја проценка е дека ќе пробаат некаде на југот. Запарожје или Херсон. Така и пред избори ќе има портфолио кое ќе може да го продава.
Но тука е и опасноста да изгубат уште повеќе територија, како што кажа. Доколку не успеат а Русија се одлучи на контраофазива, тука мислам дека Сад се обидува да спречи такво сценарио, бидејќи ќе треба уште отстапки да се направат, Русија ќе бара да ги матерјализира на терен резултатите. Дали ќе им стопираат вооружување, дали ќе ги шамарат. Незнам. А може и да ги пуштат низ вода. Тука е Еу од друга страна кои самите не знаат што прават. Веројатно доста пари имаат покрадено, па уште 700 милиарди најавија Германија денеска дека ќе испечателе после изборите во Еу. Малце беше короната. Кај што такви суми на пари испечатија. Сега пак мислат така да направат. А индустриски Европа крвари моментално.
Незнам ама Зељо е доста нестабилен лик, кој не е за потценување . Со ставови кои ги менува на секои 30 минути.
Сепак и покрај мотавираноста на трупите, некои работи се многу јасни.

Америка добива exit опција од кризава. Да не изгледа сето тоа така како Афганистан, ќе има отстапки од Русија секако. Веќе почнаа да зборуваат за сорабтка на артикот и на гасните полиња што ги имаат Русите. Имаат над 300 милиарди загуба компаниите на Сад после 2022 после повлекувањето од Русија. Нешто што Трамп мислам дека ќе го искористи. Ќе има договори, не само за Украина туку и за регионот. Мислам дека имаат можност да развијат соработка подлабока дури и од таа претходно. На Америка очајно им е потребен сојузник. Не вазали како Еу, Кореа, Јапонија туку сојузник. Дали ќе се случи тоа, останува да видиме. Мислам дека тоа е и намерата на Сад. Со оглед на тоа дека Кина воено сами нема да можат да ја зауздаат.

Европа сеуште ги следи политиките на Демократите, и не гледам како ќе се измени тоа во блиска иднина. Можеби после 2-3 години, бидејќи секогаш трендот од Сад се сели во Еу после неколу години.

Ова е мое мислење, можеби и преоптимистички. Можеби погрешни. Ама така гледам на моменталната ситуација.
Како и да е, вистинско примирје доколку се случи ќе биде во втората половина на Оваа година. Доколку нема некое изненадување. Што е до мене утре нека потпишат. Не за друго да одам до кај @Harald со шише два литра Белуга:ROFLMAO: Кај што не оставаат Пољациве и Турциве повеќе од литар вотка, па и еден тон пари направија Турциве на летовиве преку Истанбул.
Автоматски споено мислење:

Ииии додека ги пишував постов Трамп буквално го измоча Зелински.
-Бара ревизија каде се употребени парите над 300 милиарди, за кои сам Зелински вика дека половина не знае каде се одлеани.
-Зелински моментален рејтинг има од 4%.
-Доколку Русите сакале да го срамнат со земја Киев ќе го срамнеа.
-Верува дека има моќ да донесе мир. И ќе го направи тоа. Го иритираат дека му се качуваат на кур што не биле поканети на преговори, а имале 3 години да го направат тоа со Русија. Ојде возот сега. Дури имале и можност да ја избегнат целава криза доколу ги почитувале договорите.
-Очекува да се сретне со Путин до крајот на Фебруари.

-The war in Ukraine could have been resolved without territorial losses "even by mediocre negotiators" a few years ago;

-
Trump is disappointed with Ukraine's position in the context of the war with Russia. They had 3 years to sit down at the negotiating table

-Trump is not against the deployment of European troops in Ukraine, but there will be no American troops there;

-Ukraine has not had elections for a long time. As sad as it is to say, Zelensky currently has a 4% rating

-The Russians did not want to destroy Kyiv, and if they wanted to, they would have done it.

-Ukraine will have to pay, or find out where the money went. I think Zelensky himself said that he doesn't know where half of the money the US gave is"
Го имаат накурчено Трамп, и Еу и Зељо. Овој вториов мисли ова Бајден сенилниот е на власт во Сад.

Прашање на време беше. Уште минатиот мандат неможеше да го поднесе Трамп на наркосот.

Очекувам во иднина да вадат прљави работи. Бројки на погинати, пари проневерени и тн.
 
Последно уредено:

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.787
Поени од реакции
1.172
кога сме кај доктринарните настапи на ОТАН првенствено на САД забелешливо е дека кај нив преовладува доктрината за контрола на воздушниот простор од каде подоцна вршат притисок итн итн односно како Индијанци кружат околу ...)

Упорното инсистирање на корупцијата упатува на добро следење на запдната пропаганда.
Корупција има секаде колку погломазни системи толку поголема корупција, пред извесно време имаше некои написи за корупцијата во Пентагон па по 3 дена вест и ја снема ама за корупцијата во армијата на РФ постојано се врти што е разбирливо противникот/непријателот треба да се демотивира/демонизира и дехуманизира.
Грешки се правеле, па секако дека се прават само што грешките кај РФ немаат влијание врз крајот на војната а кое им се придава, војна е се гине не знам како некој замислува војна тоа не е филм 100пати погрозно е

Автоматски споено мислење:

заостанати руски генерали им ебаа мамето на ОТАНИстите, замисли да не беа толку заостанати ;)
Црвено - Во тоа е целата моќ. Нанесуваш максимални загуби, а заштедуваш на жива сила. Е затоа РФ има толку загуби.
Црно - Епилогот е јасен после преговорите и каков мир и да се донесе Украина нема да постои од границите пред 2014 тоа е јасно.
Многу ми е интересно овака кога читам запалени типчиња ОТАН МОТАН :) Таквите не сфаќаат дека и ОТАН и РФ имаат ист став империјалистички секогаш војните ќе се водат на грбот на помалите, а САД и РФ на крај секако ќе го поделат колачот.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.489
Поени од реакции
18.516
Мислам дека имаат можност да развијат соработка подлабока дури и од таа претходно. На Америка очајно им е потребен сојузник. Не вазали како Еу, Кореа, Јапонија туку сојузник. Дали ќе се случи тоа, останува да видиме. Мислам дека тоа е и намерата на Сад. Со оглед на тоа дека Кина воено сами нема да можат да ја зауздаат.
Апсолутно погрешно, ич не им треба сојузник, само сакаат статус кво додека да средат со Кина, потоа пак ќе пробаат да ја балканизираат Русија.

И не верувам дека Путин е будала да наседни на такви глупости.

Исто така гледам голема еуфорија околу иницијативата на Трамп, но гледано реално така беше и во времето на првиот мандат, па гледаме дека со Северна Кореија, Трамп џам свитка.
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.787
Поени од реакции
1.172
А за Бајрактарите додека не донесоа сериозно Пво, имаа пр видеа. После тоа потоп.
Сум разговарал со личност од Омск како психолог има работено во едно училиште и при тоа има заработено околу 200-300е плата кога ќе пресметаме од рубљи во евра. Самата таа личност ми рече пријател освен Москва, С.Петергбург и уште 1 поголем град спомна се другото е мртво живеат во некои стари згради од 1960та. Не ми наметнувај друг дрес јас не сум фан на САД нит на РФ, но добро е да се запрашаме зошто никој не чека визи пред РФ амбасада туку секој гледа да замине во Германија, Австрија,Швајцарија и Скандинавија.
Со тоа што Бајрактарите им нанесоа толкава штета на почетокот е голема разузнавачка пропуст и грешка како да не знаеше врвот на РФ дека цела ескадрила има Укр??
Автоматски споено мислење:

Апсолутно погрешно, ич не им треба сојузник, само сакаат статус кво додека да средат со Кина, потоа пак ќе пробаат да ја балканизираат Русија.

И не верувам дека Путин е будала да наседни на такви глупости.

Исто така гледам голема еуфорија околу иницијативата на Трамп, но гледано реално така беше и во времето на првиот мандат, па гледаме дека со Северна Кореија, Трамп џам свитка.
Мое мислење е дека му спремаат на В.П Минск 3 каде повторно би го изманипулирале со некој прекин на огнот додека се освежи укр војска и се формираат тие фамозни 11-12 дивизии за контра напад. Бар така некаде прочитав.
 
Ти си имал пријател. Јас пак живеам. Не сум гаталец, не зборам од 5то лице туку од прво. Еве гледам веќе неколку години, вистина мртвило е :rolleyes:

Во Омск е 80.000 рубљи просечна плата. Или пријателот те мафта, или читаш лоши извори.
Извор:
.

Бидејќи очигледно не е доволно, повели официјални информации.

Туку велеше дека за 2500 евра чекале да избегаат воениве лица на РФ. Можеш да поткрепиш или ќе остане на рекла кажала муабетот?

Огромна дезинформција. Како во првиор случај така и во вториот.

Пропуст никој не го негираше. Наведов само дела ги пукаа како глинени голуби откако донесоа посеризно ПВО.

За визите. Неможеш да очекуваш за земја што беше на прагот на колапсот во 2000та. Да направи енормен скок и да стане Америка во рок од 20 години и да биде привлечна како земјите од западна Европа. Но доколку се продолжи во овој правец, нема да биде далеку после некој одреден период.

Апсолутно погрешно, ич не им треба сојузник, само сакаат статус кво додека да средат со Кина, потоа пак ќе пробаат да ја балканизираат Русија.

И не верувам дека Путин е будала да наседни на такви глупости.

Исто така гледам голема еуфорија околу иницијативата на Трамп, но гледано реално така беше и во времето на првиот мандат, па гледаме дека со Северна Кореија, Трамп џам свитка.
Како да ти одговорам на ова? На темата за Кина еднаш тресеше глупости дека колапс ќе им се случи на пазарот за недвижности. Сега пак некој шкљ сценарио. Ама ај. Ќе те пуштиме низ вода. Научени сме за скајфи сценариа од тебе :LOL:

Сам Сад неможе да ја среди Кина.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.489
Поени од реакции
18.516
Како да ти одговорам на ова? На темата за Кина еднаш тресеше глупости дека колапс ќе им се случи на пазарот за недвижности. Сега пак некој шкљ сценарио. Ама ај. Ќе те пуштиме низ вода. Научени сме за скајфи сценариа од тебе :LOL:

Сам Сад неможе да ја среди Кина.
Ах бе Кина не е баш во најдобра состојба и како што ти реков и тогаш ќе почни да суди врвни луѓе на затвор или на смртна казна.

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.208
Поени од реакции
13.632
Ах бе Кина не е баш во најдобра состојба и како што ти реков и тогаш ќе почни да суди врвни луѓе на затвор или на смртна казна.

Е да. Еве типот греф го осудиле. Ми се свиѓа искрено како си постапуваат со корупцијата. Уште банкар, па ова е за поздравување. Небитно. Никаков проблем со маркетот за недвижности. Биди поздравен и помалце стар трек сценарија.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
Не може да има мир и преговори без учество на самите Украинци, европските држави и неколку регионални играчи. Овој проблем не може самоволно да го решат само Трамп и Путин, доколку на маса не седат и самите Украинци, како и другите економски засегнати држави поради ова криза. Со ваква комбинација и вонземијаните да слезат долу нема да има мир.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.489
Поени од реакции
18.516
Е да. Еве типот греф го осудиле. Ми се свиѓа искрено како си постапуваат со корупцијата. Уште банкар, па ова е за поздравување. Небитно. Никаков проблем со маркетот за недвижности. Биди поздравен и помалце стар трек сценарија.
Не заебавај, демек овде саде стручњаци седат деноноќно :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom