Забелешката ти е на место, “има теории три“.За повлекувањето на руската војска има неколку теории поточно три.
Сите се прифатливи ама никако онаа што говори Путин, а тоа е дека на барање на ЕУропска и стратешките партњори се повлечени офанзивните единици-оперативната армија, сеа чекаме што ќе изјави алЦИАда за да ја утврдиме вистината.
Кога се има претпоставка која пред се има идеолошка основа нормално е да се доаѓа до погрешен заклучок/интерпретација.Се согласувам стариот пост комунистички СССР систем се уште е присутен груб и закржлавен во структурата на руската армија затоа и на почетокот трпеа толку загуби. Ејј ти да знаеш дека Украина има флота Бајрактари испраќаш туку-така незаштитена колона на тенкови и бтр-и... комедија беа. Ама да си признаеме украинската СБУ подобро изигра околу испитување на теренот и можностите отколку руската ФСБ. Тие имаа неколку диверзанти во Киев, Харков и Одеса кои набрзо СБУ ги уапси.
Руснаците мислеа дека со тенкови како некогаш на Тјананмен ќе газат луѓе или ќе им се приклучат украинските Руси и без посебни борби ќе се сруши Зеленски. Таа една недела стана неколку години.
И да на крајов од војнава полека сфатија дека FPV дроновите се мајка во војувањето. Не чини многу, а прави огромна штета што по жива сила што по техника.
Кога си кај Вагнер, па Вагнер беше опремен исто како украинските специјалци и тие националистите од АЗОВ со врвна техника, а додека обичната руска војска беше смешки на почетокот.
Предноста кај Русите е што имаат ресурси и повеќе луѓе на располагање. Тие и да немаат доволно војници ќе најдат платеници, криминалци итн на некоја земја како С.Кореа ќе понудат нешто возвратно, а овие ќе испратат војници како сега во Курск. Додека Украинците повеќе го немаат тој луксуз. Нивната Легија беше најактивна додека беше нивната контраофанзива околу Харков, Купјанск, Северодоњецк и Херсон. Најверојатно после ова или руската војска ги десеткуваше платениците или и тие сфатија дека Украинците не се ништо подобри од корумпираните Руси и си заминаа.
“стариот пост комунистички СССР систем се уште е присутен груб и закржлавен во структурата на руската армија“ е произволно толкување без ниту една анализа за тоа, како аргумент еве го системот во Украина целиот беше под управа и конципиран на “модерни“ ОТАН доктрини и сл па повторно е кантастрофа и тоа не само тој систем во Украина кој го изградија туку целото НАТОП се покажа како минато свршено изградено за да се тероризираат малите а кога ќе се наиде на достоен противник се распаѓа како кула од карти.
Во врска со стариот “закржлавен“ систем како што говориш треба да знаеш дека токму тој и таков систем/концепт ја порази најголемата воена машина создадена од западните демократии.
Сепак фактите се две концепции кои паралелно се развиваат во основа се меѓусебно спротивставени, ефикасноста се мери според резултатот, во меѓусебна конфронтација секогаш комбинираната концепција која ја има РФ денес а порано СССР излегува како победник над западната империјална концепција односно источната е супериорна на западната.
Не е чудно што преовладува такво мислење, по 30/40 годишно гледање/масирање со холивудски филмови за ВестПоинт како врв при што се немаат елементарни познавања концепцијата која паралелно се развива во РФ е природно за вториве да се има погрешно мислење како закржлавени и заостанати, во случајов единствени со хиперсонично оружје.
Последно уредено:
