Јас би го избрал животот ако ми зависи од тоа (тој или Џордан, секако прво Џордан), а никако не би го избрал оти навивам за него или го сакам/не го сакам.Ја би го избрал Коби пошо го сакам од дете , но мојот избор не го праи подобар од Леброн колку и да не го сакам. Просто е многу.
и веднаш потоа си даваш автогол - дури и да се чуди човек.знаеме дека Леброн во кој тим да го пуштиш стигнуваше до финале, и правеше ненормално поголема разлика на теренот во споредба со Коби. Не се сложуваш со ова?
Не е спорно што му носат играчи, спорно е шо не можи да освои и покрај тоа?Океј, му носат играчи и не е спорно тоа,
Ај вака... штом се влечиме за јазик:
Леброн играше во 10 финалиња и освен првото кај шо играше со Кливленд и со факинг Илгаускас во тимот, во сите останати 9 финалиња имал супер тим т.е. имал 3 суперстара - нешто за шо Кевин Дјурант (со право) го имаат развлечено по медиуми ко пачавра кога премина во ГСВ.
Да видиме:
Играше во Кливленд со Кајри, Кевин Лав и Џеј Ар Смит - па го сркна од ГСВ (со и без Дјурант во тимот).
Играше во Мајами со Бош и Вејд, па го сркна од факинг Далас (кај шо се изгуби ко тинејџерка со 8 ебани поени во НБА финале), еднаш го тепа Сан Антонио кога Реј Ален беше во тимот (значи не е веќе 3 добри играчи, ТУКУ ЧЕТИРИ) и потоа знаеме во Баблот во 2020 титулата за време на корона му ја донесе АД и Рондо, да не ни набројувам колку пак тој тим беше напакиран пошто ќе ми паднат прстите од куцање. Уште најмалку 3 други добри играчи имаш таму, гуглај ако не се сеќаваш.
Уште ќе збораме исто е ама е различно за Леброн?
Ај сега спореди те молам како тоа е подобро, да играш ЕТЕ ВО ДЕВЕТ финалиња со супер тим зад себе *(пошто во првото само играше практично без соиграчи) и да не земаш прстени, од тоа на Коби да изиграш во 7 финалиња па да лапниш 5 прстени.
9 - 4 = 5 финалиња поебани на Леброн.
7 - 5 = 2 финалиња поебани на Коби.
Кој е подобриот тука?
За другите споредби ќе ти го кажам следното:
Расел играл грото против белци - огромна разлика. Бил пионер во нигро залагањето во тоа време и заедно со Мухамед Али водел битки како спортисти кои се со друга боја на кожата.
Џабар има 6 прстени - ама 5 откако Меџик е во тимот (толку и од таа споредба, исто ко Коби со Шек тандем шо беа, такви беа времињата ти треба центар), без центар-плеј врската само играл финалиња и не успеал да ги земи другите.
Вилт е ван сите категории и можи да се мери само со Шек - пошто друг пандан нема. Подобар езерџија од Коби НЕ Е, како што не се и другите заради импактот во тимот и општо на франшизата - аман за аман самите имаат изјави, не мора тука да се тегниме дали е така.
Крај краева ме боли мене за Коби, едноставно така било поделено во картите и така е запишано, изјавено, потврдено од нивната франшиза и од сите пропратни кошаркари од тоа време - мене ништо не ми менува.
Исто, подобар е Коби од Лери и Данкан, сори.
Лери сам има давано изјави за истово, за Тими не знам и не сум бил заинтересиран да му слушам изјави пошто Сан Антонио и Лејкерс не ми биле примат и фокус на интерес.
На ол тајм листа, уште еднаш ќе кажам, не знам каде ќе го вметниш пошто за мене и за секој барем малку што поима баскет треба да е Џордан, три точки празно па после пополнувајте како шо ви душа сака.
Дека е подобар од Ле Флоп е докажано, батали ти статистики и возење камион само право 3000 милји. Статистиката не е баскет и од тој аспект гледано, кажав и претходно, никој не бараше од Коби и Џордан да асистираат и да шутираат за 3 поени ко луди - ниту пак флопираа на терен т.е. ја мамеа играта.
Огромна разлика, небо - земја.