Здравството кај нас

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.213
Поени од реакции
8.958
Infarkt na ekg ne mora da se vidi.....a i srce nekoj da go fati sigurno nema kaj maticniot da trca.
2 од 3 инфаркта на ЕКГ не се гледаат. А како ќе процени без ЕКГ тој матичен колку е итна работава?
Како бре немаат екг апарат? Кај сте матични вие?! :unsure:

Вакво нешто до сега не сум слушнала. Екг апарат е must во секоја амбуланта. Дури мислам дека за тоа може кривично да се одговара. Читање на екг е нешто што секој лекар треба да го знае. Без да чита екг и да препознае елементарни работи, не може да биде доктор.

Баш ме интересира како препознаваат инфаркт. :eek:
Нема апарат > нема ЕКГ > нема инфаркт > нема проблем?

Уствари така функционира целото македонско здравство, каде приоритетите се во патните трошоци на пратениците, наместо во здравството.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.513
Поени од реакции
11.465
Infarkt na ekg ne mora da se vidi.....a i srce nekoj da go fati sigurno nema kaj maticniot da trca.
А за што му е? Како препознаваат инфаркт? Ти како би препознала инфаркт?
По некоиси криви линии кои ти како матичен не си остручен, не знаеш да ги интерпетираш? Ќе чекаш да го снимиш човекот кој тукуречи умира? И после тоа што ќе му правиш?
Чекај сеа вие мене ме убедувате дека инфаркт на екг не се гледа така ли? :D

Дечки, прво да ви кажам дека правите муабет со некој кој што е медицинско лице, а не со некој кој што не знае што е значи кратенката екг и нема поима како се интерпретира екг.

Еве ви од пракса, од пред некој ден:
Пациент 44 години, со нормален крвен притисок 120/80 ммХг, без градна болка и без никакви други симптоми, си седи, си прави муабет, си се смее, си кажува шеги…да не беше екг-то на кое што јасно се гледаа промени кои укажуваа на инфаркт, немаше да знаеме дека има инфаркт.

Да, има и случаеви во кои има пациенти со инфаркт, и нормално екг, но постојат други параметри врз основа на кои може да си поставиме работна дијагноза која може да ни укажува на веројатноста пациентот да има нешто такво.

И не само инфаркт многу други патолошки состојби се откриваат со екг, кои веројатно не сте ги ни слушнале некогаш.

Мислам дека муабетов е безвреден. Екг е must на секоја ординација и секој доктор по општа медицина е должен да знае како се интерпретира екг (барем јас кога бев студент, студенти години паѓаа доколку го немаа совладано добро материјалот!, првично на патофизиологија, а после и кардиологија се разбира). Секој кој што ви кажува дека не е така, не е во право. А ако матичниот ве уверува во тоа, треба да си го промените матичниот лекар.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.873
Поени од реакции
12.404
Чекај сеа вие мене ме убедувате дека инфаркт на екг не се гледа така ли? :D
не те убедувам ја во ништо, само поставувам логички прашања од искуство.
Еве ви од пракса, од пред некој ден:
Пациент 44 години, со нормален крвен притисок 120/80 ммХг, без градна болка и без никакви други симптоми, си седи, си прави муабет, си се смее, си кажува шеги…да не беше екг-то на кое што јасно се гледаа промени кои укажуваа на инфаркт, немаше да знаеме дека има инфаркт.
А зашто сте му правеле екг ако бил расположен и немал никакви симптоми?
И не само инфаркт многу други патолошки состојби се откриваат со екг, кои веројатно не сте ги ни слушнале некогаш.
добро де, не разбирам јас ништо ама кажи кои се тие параметри.
Мислам дека муабетов е безвреден. Екг е must на секоја ординација и секој доктор по општа медицина е должен да знае како се интерпретира екг (барем јас кога бев студент, студенти години паѓаа доколку го немаа совладано добро материјалот!, првично на патофизиологија, а после и кардиологија се разбира). Секој кој што ви кажува дека не е така, не е во право. А ако матичниот ве уверува во тоа, треба да си го промените матичниот лекар.
по таа логика зашто тогаш постојат специјализации за интернисти пример, кардиолози и слични специјалисти. Кои чинат десетици илјади евра и на кои се упатуваат пациентите за прегледи.

И не одговори што ќе му правиш (или што презедовте) за лицето кое било расположено, а имало инфаркт.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.491
Поени од реакции
8.222
не те убедувам ја во ништо, само поставувам логички прашања од искуство.
А зашто сте му правеле екг ако бил расположен и немал никакви симптоми?

по таа логика зашто тогаш постојат специјализации за интернисти пример, кардиолози и слични специјалисти.

И не одговори што ќе му правиш (или што презедовте) за лицето кое било расположено, а имало инфаркт.
Abe jasno ti e deka EKG e isto kako i stetoskop?
Osnoven alat za da se vidat nekoi promeni.
Za Kardiologija postojat ECHO, MR i ....
Sum promenil 3-4 matichni i bukvalno site imale EKG kako i prstorii za Masazhi, (svetlisna,elektro,...)
Kako i mali labarotorii za krv i urina.
Da vo Deutschland ama EKG e minimalno mislam shto bi trebale da imaat.

Za tie shto se somnevale vo nekoj EKG rezultat gi prachale preku internet do Kardiolog i za 10min dobivale Diagnose.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.513
Поени од реакции
11.465
А зашто сте му правеле екг ако бил расположен и немал никакви симптоми?
Систематски преглед.

добро де, не разбирам јас ништо ама кажи кои се тие параметри.
Не би ме сфатил, затоа што не ги познаваш основите на екг записот.

по таа логика зашто тогаш постојат специјализации за интернисти пример, кардиолози и слични специјалисти. Кои чинат десетици илјади евра и на кои се упатуваат пациентите за прегледи.
За да ги лекуваат и дијагностицираат пациентите со комплексни дијагнози. Сигурно матичен лекар нема да третира инфаркт. Во случајот со пациентот, го испративме на кардиологија, стентиран е и во добра општа состојба.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.873
Поени од реакции
12.404
Систематски преглед.
од матичен до систематски има разлика нели? Матичен во државна поликлиника нема екг апарат, ниту во државна амбуланта.
Не би ме сфатил, затоа што не ги познаваш основите на екг записот.
можда ќе те сфатам, можда не. Треба да кажеш, како однапред да знаеш што сум слушнал, а што не?
За да ги лекуваат и дијагностицираат пациентите со комплексни дијагнози.
зашто тогаш лице со прележан инфаркт и соодветна терапија, за да му ги продолжат лековите, го праќаат на специјалист. Ако матичниот е толку стручен со екг (па и ехо и други слични апарати) зашто тој не преземе улога на контрола на пациентот?
Сигурно матичен лекар нема да третира инфаркт.
имено тоа и го зборам цело време. Во најмала рака му е потребно брза помош или ургентен центар близу него. А не амбуланта со општ лекар (по ново матичен).
Автоматски споено мислење:

Abe jasno ti e deka EKG e isto kako i stetoskop?
да, сигурно.
И...ехо не постои само за кардиологија.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.513
Поени од реакции
11.465
од матичен до систематски има разлика нели? Матичен во државна поликлиника нема екг апарат, ниту во државна амбуланта.
можда ќе те сфатам, можда не. Треба да кажеш, како однапред да знаеш што сум слушнал, а што не?
зашто тогаш лице со прележан инфаркт и соодветна терапија, за да му ги продолжат лековите, го праќаат на специјалист. Ако матичниот е толку стручен со екг (па и ехо и други слични апарати) зашто тој не преземе улога на контрола на пациентот?
имено тоа и го зборам цело време. Во најмала рака му е потребно брза помош или ургентен центар близу него. А не амбуланта со општ лекар (по ново матичен).
Автоматски споено мислење:

да, сигурно
Општи лекари работат и во брза помош. Ти зборувам како некој кој работел и како матичен и како лекар во брза помош, и на државно и приватно. Секаде има екг апарат.

За останатато зошто , како и што нема зошто да дискутираме. Ти кажав, затоа што лекарот специјалист е специјализиран да третира комплексни болести, а општиот е обучен да ги препознае сериозните болести, да ги превенира и навремено да ги упати кај слецијалист.

Без добра превентива, нема медицина.
Многу од вас ја потценуваат улогата на матичниот лекар, но таа е круцијална за да добиете правилна и навремена здравствена заштита.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.213
Поени од реакции
8.958
од матичен до систематски има разлика нели? Матичен во државна поликлиника нема екг апарат, ниту во државна амбуланта.
Ова и јас не можам да го сватам, најверојтно поради различните приоритети во буџетот на владите.

Злоупотребувањето со патни трошоци на 120 црепови што седат во парламент е приоритет. И што е најинтересно народот не протестира за ова туку за некаква сообраќајка за која сеуште тече судски процес.

зашто тогаш лице со прележан инфаркт и соодветна терапија, за да му ги продолжат лековите, го праќаат на специјалист.
Конкретно за ова, специјалистичката ординација е таа што одредува кога ќе има контроли.

Матичниот треба да го праќа кога евентуално се сомнева во нови промени и симптоми.

Ако матичниот е толку стручен со екг (па и ехо и други слични апарати) зашто тој не преземе улога на контрола на пациентот?
ЕКГ е основна дијагностика која дава насоки и не конечна дијагностика, затоа е задолжителна.

За по-напредна постои специјалист кардиолог кој прави: Ехокардиографија, стрес-ЕКГ, стрес-ехокардиографија, контрола и штелуваење на пејсмејкер/дефибрилатор, 24 часа-ЕКГ.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.873
Поени од реакции
12.404
Општи лекари работат и во брза помош. Ти зборувам како некој кој работел и како матичен и како лекар во брза помош, и на државно и приватно. Секаде има екг апарат.
Оди до било која државна поликлиника кога ќе си во можност, кај општите лекари. Чисто да се увериш колку од нив се за казна. И по амбулантите кои се распаѓаат. Инаку добро знам што е општ, што е матичен, а што лекар во брза помош, не мора да ми потенцираш. Матичен го измислија ради други причини инаку исто е што беше општ пред тоа.
За останатато зошто , како и што нема зошто да дискутираме.
те разбирам дека немаш одговори. Иако те прашав основни работи. Тоа е разликата од еден до друг. Татко ми можеше (макар да е пензионер, веќе е вон бранша) да збори со докторите на стручно ниво, а со нас дома и со познатите на ниво кое ќе го разбереме. Дали не можеш или не сакаш твое право, но зошто ме цитираш па после тераш кон муабет као ова е престручно за тебе, не знам.
Конкретно за ова, специјалистичката ординација е таа што одредува кога ќе има контроли.
не е точно, барем не кај нас. Кај специјалист се јавуваш еднаш годишно за да ти ја продолжат терапијата. Матичен после една година не смее да ја препишува таа специфична терапија.
ЕКГ е основна дијагностика која дава насоки и не конечна дијагностика, затоа е задолжителна.
добро, еве, тебе ќе те прашам. Што ќе направи матичен кога ќе електрокардиограмот, како тоа ќе го спречи инфарктот да те лупне (не тебе) од земја.
Матичниот треба да го праќа кога евентуално се сомнева во нови промени и симптоми.
за да се сомнева, треба да има основ. Без ехо и доплер на каротиди, пример, а екагето е ок, во што би се сомневал? А човекот е на чекор од стент. Или уште полошо, од инфаркт.
И дали при секоја посета на матичен треба да прави и екг? За да види промена, нели.

Дај малце бидете реални. Моите работеа од брза помош до клиника па општо и гледав што се дешава. Башка прележав реален инфаркт (не само стентирање) и да не бев затекнат во болница на 20 метри од ургентен, тикви што било кој матичен ќе ме спасеше.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.213
Поени од реакции
8.958
Во најмала рака му е потребно брза помош или ургентен центар близу него. А не амбуланта со општ лекар (по ново матичен).
Ако имаш инфаркт во амбуланта, матичниот веднаш ќе ти даде лекови за да се спаси дел од срцевиот мускул додека да дојде брзата помош или можеби ќе чекаш тој лек прво во ургентен да го добиеш додека добар дел од мускулот отишол јабана?
Видиш биџонсица шо напишала погоре.
... па нормално МТС со дваесет сестри на ургентен, кај нас една медицинска сестра е растргната на сите страни од обврски, па дури и му типка на таста на докторот на мој термин што не е нејзина обврска,
Автоматски споено мислење:

за да се сомнева, треба да има основ. Без ехо и доплер на каротиди, пример, а екагето е ок, во што би се сомневал? А човекот е на чекор од стент. Или уште полошо, од инфаркт.
И дали при секоја посета на матичен треба да прави и екг? За да види промена, нели.

Дај малце бидете реални. Моите работеа од брза помош до клиника па општо и гледав што се дешава. Башка прележав реален инфаркт (не само стентирање) и да не бев затекнат во болница на 20 метри од ургентен, тикви што било кој матичен ќе ме спасеше.
Не разбираш пошто не си лекар.

Не можам да ти ја напишам цела кардиологија во еден пост.
Автоматски споено мислење:

Моите работеа од брза помош до клиника па општо и гледав што се дешава. Башка прележав реален инфаркт (не само стентирање) и да не бев затекнат во болница на 20 метри од ургентен, тикви што било кој матичен ќе ме спасеше.
Прашај ги твоите, што се дава прво на пациент со акутен инфаркт додека да дојде до коронароангиографија!
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.873
Поени од реакции
12.404
Ова и јас не можам да го сватам, најверојтно поради различните приоритети во буџетот на владите.
не, туку кога се прави систематски, сите специјалисти и машини се на располагање. Во амбулантите не се. Матични искочија после онаа фамозна приватизација на примарна заштита.
Ако имаш инфаркт во амбуланта, матичниот веднаш ќе ти даде лекови за да се спаси дел од срцевиот мускул додека да дојде брзата помош или можеби ќе чекаш тој лек прво во ургентен да го добиеш додека добар дел од мускулот отишол јабана?
тоа значи дека ќе ти праат екг на секоја посета на матичен? Оти погоре читам човекот се смеел, немал симптоми. Па оти бил на систематски случајно откриле проблем. А на систематски 99% се разни специјалисти. На матичен како ќе откриеш ти како лекар дали има проблем без некои симптоми освен ако не го снимаш секој еден.
Што од друга страна со овие гужви и зарази е нонсенс.
Автоматски споено мислење:

Во секој случај вие велите како треба да биде во нормален свет, јас ви кажав како е. Најверојатно сте во право за некое повисоко здравство и заштита, но во оваа држава тоа тешко е остварливо и не функционира така.
Честопати не моеш ни матичен да најдеш на цел спрат, ние збориме за машини.
 
Последно уредено:
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.491
Поени од реакции
8.222
не, туку кога се прави систематски, сите специјалисти и машини се на располагање. Во амбулантите не се. Матични искочија после онаа фамозна приватизација на примарна заштита.

тоа значи дека ќе ти праат екг на секоја посета на матичен? Оти погоре читам човекот се смеел, немал симптоми. Па оти бил на систематски случајно откриле проблем. А на систематски 99% се разни специјалисти. На матичен како ќе откриеш ти како лекар дали има проблем без некои симптоми освен ако не го снимаш секој еден.
Што од друга страна со овие гужви и зарази е нонсенс.
Abe epten go tupish!
Jas rechisi 20 god pravam sistematski pregled ednash godishno kaj matichen leksr.
Toa se dva ternini.
Prviot razgovor so matichniot i ri odreduva shto se ce se pregleduva.
Krvna slika golema,mala....
Urina
Ti dava upati za specijalisti dokolku i kazhish deka imash neshto somnitelno pr. Ochen lekar ili kardiolog ili ili ili...
Posle 40tata obavezno ekg.
Posle 50tata ti objasnuva za kolonoskopija i obavezno praviah test za stolica.
Ili za mazhite ti proveruva PSA i eventualno te prajcha na Urolog.

Samo toa se lekari koisi ja brkaat rabotata kako sho treba a i znaat kako da rabotat.
 
Се прави врз основа на ризик фактори и клиничка слика. За тоа треба најмалку 6 години да учиш за да го сватиш.

Луѓето одат првично на лекар за да се ПРЕГЛЕДААТ! Тури му пепел на преглед на пациент со кардиоваскуларен ризик без ЕКГ!

ЕКГ не е апарат со астрофизика. Поновите се опремени со софтвер и еден вид AI, па дури може во 80% случаите да даде правилни насоки.

Иако 20% можност за грешка не е мал процент. За тој што е во тие 20% за него ќе биде 100%.

Во МК како што кажав, здравството никигаш не било на владите приоритет а и како би било кога народот се занимава со други "поважни теми" за протест.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.873
Поени од реакции
12.404
Abe epten go tupish!
Jas rechisi 20 god pravam sistematski pregled ednash godishno kaj matichen leksr.
Toa se dva ternini.
Prviot razgovor so matichniot i ri odreduva shto se ce se pregleduva.
Krvna slika golema,mala....
Urina
Ti dava upati za specijalisti dokolku i kazhish deka imash neshto somnitelno pr. Ochen lekar ili kardiolog ili ili ili...
Posle 40tata obavezno ekg.
Posle 50tata ti objasnuva za kolonoskopija i obavezno praviah test za stolica.
Ili za mazhite ti proveruva PSA i eventualno te prajcha na Urolog.

Samo toa se lekari koisi ja brkaat rabotata kako sho treba a i znaat kako da rabotat.
поголеми фирми систематски прават со здравствени установи со договор со различни пакети. Пакетите зависат и од буџетот. Од крв, очен, ушен лекар, психијатар, интернист...кај што ги имаш буквално сите машини. Дури и стетоскоп. Затоа и екг се "нашло".
Кај матичен не сум сретнал досега систематски да се прави. Тоа разговор баш баш...систематски преглед се прави отприлика од пред 15тина години утврдени со закон за безбедност и здравје. Ти тоа што го кажуваш се контроли кои самиот ги вршиш на своја рака. На овие систематски те упатува работодавачот и е казниво ако не се извршат.

Во случај да не си запознат
Во ПЗУ Поликлиника Медика Плус можете да добиете претходни, периодични, насочени и систематски прегледи кои можат да содржат основен пакет или проширен пакет на прегледи во зависност од вашите потреби и работно место.

Во Болница Неуромедика се изработуваат:

  • Периодични систематски прегледи за фирми согласно Законот за безбедност и здравје при работа,
  • Сите видови на лекарски уверенија
  • Кандидати за возачи (А, Б, Ц, Д, Е категорија),
  • Професионални возачи,
  • Таксисти
  • За вработување и работоспособност
  • За работа на брод
За да побарате понуда за систематски прегледи за Вашата компанија пишете на neuromedica@neuromedica.com.mk или пак да закажете ваш преглед јавете се на
Луѓето одат првично на лекар за да се ПРЕГЛЕДААТ! Тури му пепел на преглед на пациент со кардиоваскуларен ризик без ЕКГ!
епа двата пати последни кога требаше да продолжувам терапија, кај различни установи и интернисти, само препишаа што сум земал претходно и толку. А екг? Не ти треба, што ќети...што да правам да се расправам, нема да ми даде изим. Абе кадаиф, реков дека не знаете како се третираат пациентите, каква е реалноста.
Уште кај матичен барате екг.
ЕКГ не е апарат со астрофизика. Поновите се опремени со софтвер и еден вид AI, па дури може во 80% случаите да даде правилни насоки.
оф, не би сакал да знаеш како лупаа по машината приклучена за еден чиче (а тој веќе од ноќта починат), работи...не бе, ај донеси друга...ама оваа не лепи добро...шака јада. Не сите доктори и сестри ама помал дел од нив се, ни ѕидарија да не им дадеш. Џабе шест години
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.447
Поени од реакции
10.370
Ако имаш инфаркт во амбуланта, матичниот веднаш ќе ти даде лекови за да се спаси дел од срцевиот мускул додека да дојде брзата помош или можеби ќе чекаш тој лек прво во ургентен да го добиеш додека добар дел од мускулот отишол јабана?
Видиш биџонсица шо напишала погоре.

Автоматски споено мислење:

Не разбираш пошто не си лекар.

Не можам да ти ја напишам цела кардиологија во еден пост.
Автоматски споено мислење:

Прашај ги твоите, што се дава прво на пациент со акутен инфаркт додека да дојде до коронароангиографија!
Кадаифчо, ти немаш појма какво мизерија од здравство имаме, какви глупи дијагностичари имаме...од искуство ти зборам.
@Aceso 10 дена имав градна болка, бол и позади во средина на грбот, трнење на лева рака, изнемоштенист, тешко дишење...сите прединфарктни симптоми, но нашиве кардиолизи тапа.
Направив 5 екг на различни апарати, пет еха на срце и сите ми рекоа дека се е во ред.
Ме праќаа на гастро, на ортопед, за на крај да завршам со стент.
Што друго да кажам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom