Што ги направи Алкалоид и Еурофарм Кил и Барса .
Алкалоид никаде не ги спомнав, ама со Пелистер не може да се носиме, особено што уште имаат прилика да завршат и први во првиов дел и да бидат бод пред нас.
По мене Алкалоид може максимум само нас да не победи на домашен терен во вториот дел, ама очекувам скор 0-4.
Единствено до титула (СО МОМЕНТАЛНИВЕ СОСТАВИ) можеме да дојдеме само ако имаме некој луд сплет на околности во кој ќе им се повреди Кузмановски (или некој друг поважен играч) до крај на сезона или играме меѓусебен дуел ден-два после нивна утакмица во ЛШ.
Имаат моментум, тренер што е светлосни години пред Бранче, Фитиљот игра на врв на кариерата, имаа одлично СП неколку нивни играчи што дополнително ќе ги мотивира, па и некои мали работи влијаат како тоа што репрезентацијата ќе поигра таму и уште толку ќе добијат нивните играчи на мотивација.
Титула без бекови не се освојува, тоа е факт.