Целосно без план и колку да се биде дел од нешто без да се размисли дали воопшто има ефект тоа. Во Хрватска се таргетираат ланци на маркети, се оди во соседни земји за пазарување и сл (не дека немаме опција и ние од Скопје ко Врање, Косово, преферирање на помали ланци на маркети кои доаѓаат од други градови и кои сакаат да се пробијат во Скопје). Кога никој не би купувал ништо 2 недели или месец дена од некој маркет ко Веро или Рамстор, ќе почнат рокови да им истекуваат, а останата расиплива роба ќе им скапе, па ќе размислат дали ќе продолжат и понатака така.
Многу лесно може да се почне со ресторани, кафани, сендвичари и слично. Но тогаш ќе се изгуби смислата на животот на граѓаните на оваа држава, така што тоа не верувам некогаш да се случи.