Прегледај го приврзокот 442059ц
Прегледај го приврзокот 442060
...ајде повторно да ја објаснам терминологијата, зборчето „мито“ или „поткуп“, тоа значи барање сума на паричен износ ПРЕД ДА СЕ ИЗВРШИ НЕКОЈА РАБОТА, конкретно за да биде ова поткуп или мито треба здравствената услуга да не биде дадена, т.е. мајката да чека за операција на жолчка додека не се даде изнудениот износ од 150 Е.
...тоа значи дека не можете да го именувате делото„поткуп или мито“ кога операцијата на жолчката била извршена и пациентката била во стабилна состојба после операцијата, значи професионалната работа т.е. здравствена услуга без условување е извршена, дадена!
...вториот дел на побарување на паричен износ ЗА ПОЧАСТУВАЊЕ, кое можело да се одбие од синот, оти пациентката веќе била оперирана, не значи поткуп, туку се барало поклон за извршената успешна операција која законски може да биде до 50Е, а хирургот побарал 150 Е, па затоа штом бил пријавен со повисок износ од 150 Е според Законот во Јавниот сектор за здравство што е одредно само 50Е, му следи дисциплинска постапка за неговиот дисиплински престап на работа но без повреда на здравјето на пациентот и без условување на дадена и извршена здравствена услуга, во таа дисциплинска постапка ќе се одреди тежината на престапот и со тоа соодветно казна на хирургот од Укор, Јавна опомена, % од плата, неколку месечен % од плата ...итн, НО НИКАКО ДА СЕ ПРИТВОРИ 8 ДЕНА, од што се гледа селективноста на казнувањето и сомнителна целосна ситуација!
... прво, од каде сите ние дознавме за овој настан? бевме ли сведоци или присутни? и дали токму така се одвивало сето ова? мене не ми држи вода, да синот после успешна операција и побарување на докторот да го почасти, пази ваму, отишол во полиција, пријавил и со обележани 150 Е се вратил, па овој ги зел, па дошла полицијата ОП, те фатив ајде лисици на рака и во притвор 8 дена! и сето тоа пишано од новинарите, кажано по медиумите, што може да биде и тенденциозно, каде е другата страна?? каде е синот да го каже тоа јавно барем преку телефон со глаз на ТВ или засенчен во лицето дека тоа и тоа го сторил и го пријавил хирургот поради тоа и тоа? Каде е тука хирургот да се изјасни дека ете побарал 150 Е да се почасти? Ние сите се водиме од едната страна што кажала, а другата??
... дали вие го познавате хирургот? дали ја знаете вистинската ситуација како било побарано частењето и на кој начин? Ама сме експери за веднаш да пресудиме токму поради други примери кои токму бараат дебело мито и уште се на слобода и влакно не им фали, тука правда не гледам, секој треба да одговара за своето дело не помалку не повеќе од тоа што го стори, ама да биде наместен, одмазда или нешто слично да речеме партиска пресметка оти хирургот бил со долгогодишен стаж и на раководна функциа, мене ми е многу сомнителна ова вистина!