Ај што забегавте со глупиот офтопик туку и скроз го извадивте од контекст муабетот. Кој воопшто зборува дека Лада е подобра од мерџо? Муабетот е дека во сегашниве услови подобро е да возиш нова Лада отколку нов Германец. Поената накратко е дека Ладата ќе ја купиш доволно поевтино, за да ти останат пари за потоа да менуваш нови Лади на секои неколку години а старата да ја продадеш за 50-60% од цената. И да не видиш проблем со нив, пошто ниедна кола не прави проблем првите неколку години (освен ако не ја вози идиот).
Или можеш да купиш нов Германец, секако подобар ама и 7-8 пати поскап, многу поскап за одржавање, и со пун кypaц непотребна електроника која повеќе кошта за одржавање од моторот и механиката... И да се разбереме, квалитетот на германските аута е паднат во однос на пар децениите претходно (просекот на староста на германските аута кои се возат овде и сега е 15-20 или повеќе години). Баш да видиме колку ќе чинат сегашниве германци за 20 години, се разбира ако сме живи и здрави ама јас ич не го задржувам здивот во исчекување дека и приближно толку добро ќе се покажат како сегашниве половњачи.