- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.673
- Поени од реакции
- 37.658
...апсолутно неточно, приватни болници се отворени со друга цел, најмалку од загриженост дека пациентот не ја добива таа здравствена услуга во државно.Приватните болници постојат само заради тоа што државните не работат и практично не постојат!
...само наивни ќе го речат и го мислат тоа, едноставно брзо богатење врз маката на пациентот, човек ќе им умре во ходник ако не донесе кешарица над 2000 Е,
...пишав погоре причина, можноста ќе биде само да се тргне партиите од раководењето на државните болници и од образованието на медицински кадри,...доколку постои можност да се добие здравствена услуга во државното здравство, никој не е будала да штеди 20 години и мизерува за да добие еден стент на пример! А биди сигурна дека нема да му треба само еден него повеќе.
...што мислиш старата гарда на знаењето ќе се пензионира и во тие приватни болници кои го држат денес реномето, ќе дојдат неписмените медицинари нема од што да се филтрира квалитет зашто не чини образованието, што полагаат онлајн со одговор под ,,а,,, ,,б,, или ,,в,, ајт положи анатомија!!??
...а тоа за стент, аман од улица ги собираат пациентите, сите занаетчии и газди им се постави по два три како да е мода, а на тие што имаат неизбежна индикација за итна интервенција не можат да дојдат од одлагањето ,,почекај уште малку млад си,,
...државното здравство може да се реши за 24 ч, само од способни, совесни непартиски здравствени работници кои ја немаат мувата на капата, независат и недолжат на никого и се чисти и совесни со долгогодишно искуство кои денес се маргинализирани токму затоа што ги имаат тие квалитети,Што нуди државното здравство?
Каде се ургентните одделенија во т.н. болници? Еве јас не знам каде е приемното ургентно одделение на мајка тереза, клиника за токсикологија ја користат како паркинг станица. Што треба поише муабет?
...ниедна партија на власт не е расположена да го искористи тој неутрален професионален капацитет, затоа не го бидува државното.
...пак ќе кажам дека образованието е криво, да идеме заедно да направиме анкета на здравствени работници во државно, а богами и во приватните болници во врска токму што значи здравствен дом, поликлиника, ургентен, општа болница наспроти клиничка болница, со еден збор организираност на јавните здравствени објекти, дејности, примарна, секундарна терцијарна здравствена заштита, систематизација на работни места, што значи клиника, а што универзитетска клиника, што институт, а што јавно здравје, вработени внатре не знаат основните поделби и улога на министерството за здравство, ќе речат ,,тоа не е моја работа да знам,,, а не пак пациентите да го знаат тоа од кого?Во другите градови буквално нема ургентно одделение туку нешто како налик селски лекар во комунизмот кој или препишува серапептазе или праќа за Скопје, па потоа комбето не ни знае каде да се паркира поради немањето јасна насока кое е ургентен центар и каде треба да оди.
...ако докторот на гугл бара податок што може да му е на пациентот што седи пред него типкајки со големи букви на полумакедонско кирилично писмо, супспецијалист со 20 год работен стаж човече, што понатаму да кажам, не ми се веруваше дека е тоа можно гледајќи со сопствени очи, на хематологија, што пак сакаш од шоферите кои се трудат поради тој хаос на здравствени работници што слабо ги интересираат другите работи освен секојдневната рутината на визита.
...денес секој здравствен работник мора да има широк дијпазон на општа култура од областа на финасии и книговодство, правни работи закон за работни односи и здравствена заштита, организираност на министерство за здравство, здравствени објекти, организација, хиерархија, синдикални работнички права, да се знае колективниот договор....итн.
...ами кога другите немаат сопствено познавање и знаење, нема ни да забележат дека тие на ТВ појма немаат, ами појди од новинарите кои токму истите не знаат како папагали пренесуваат копи пасте,И после министри, експерти, псевдо стручњаци се ораат паметни на телевизија.
...еве ќе поставам едно прашање, ако во една лекарската ординација каде работи и медицинска сестра, носител на дејноста е докторот, тогаш кој е носител на дејност во лабораторија (било каква) каде работаат бихемичар и лаборант?
Последно уредено: