Според твојава глорификација на укранската воена способност, ќе испадне дека Русите само што не седнале на преговарачка маса, за да потпишат капитулација.
Точно е дека „традиционално„ Русите се бавни на реакција, но не и во случајот со користење дронови. Ем сами ги изработуваат („Лансет“) ем увезуваат од Иран, ем ги користат против украинската војска високефикасно.
Еден срски професор, познавач на ракетната технологија, го вели токму спротивното-дека дроновите не се покажале како особено ефикасни во руско-украинската војна, иако истите (дроновите, нели...) биле посочиени како одлучувачко оружје во наведенава војна.
Украинците редовно удираат по руската земја со чести напади со дронови, сметајќи токми на тоа-дека со евтино оружје ќе ја поразат Русија. Русите пак имаат соодветна ПВО („Панцир„) и за тие орудија, дроновите се обични лесно соборливи мети.