Македонците во сите општини имаат 2.5 пати повеќе умрени од родени. Некаде соодносот е и 3:1. Додај на тоа иселување и многу мал контингент млада популација. Македонците ќе се преполоват до 2050 година. Буквално секаде каде живеат низ светот се во процес на биолошко изумирање или асимилација. Не го велам ова јас. Христијан Мицкоски го кажа. Прв човек на државата.
Премиерот Христијан Мицкоски во денешниот говор по повод празникот 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, повика заедно со Македонската […]
sdk.mk
Не е само бројот на родени или умрени. Тенденцијата е јасна. Македонците гравитираат и емигрираат од мешани средини кон наводно чисти македонски средини. Тој процес на иселување и продавање имоти трае веќе 25 години најмалку. Самите ќе се иселат од Чаир, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари, а ете последнава деценија почна и по Ѓорче Петров да купуваат. Тој процес е уште позасилен во западна Македонија.
Западна Македонија е завршена работа веќе. Останува да се преформулира во некоја федеративна единица наредната деценија. Со влезот на Албанија во ЕУ и Шенген, Албанците ќе ги всисаат Косово и Западна Македонија на еден, друг или трет начин и така ќе ја заокружат идејата на Призренската лига.
Ромите се флуидна маса. Зависно од религија и географска положба. Некаде се изјаснуваат како Роми, некаде како Турци, некаде како Албанци, а некаде како Македонци. Нивниот број на терен е неколку пати поголем. Посебно низ источна Македонија.
Има многу христијанизирани Роми, кои се претопени во Македонци.