Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.725
Поени од реакции
5.640
Ај за брзо елитите ќе пуштат нов вирус и ќе имаме шанса за нешто, уште па ако забрзаат со создавањето на нов светски поредок со нуклеарна апокалипса и лига шампиони ќе освоиме.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.321
Поени од реакции
14.674
Не ми се допаѓа вакво крпење, кое може да направи проблеми во иднина. Ајде Рашворд само на шест месеци и плус може да понуди нешто.

Но, Вокер на 35 години, кој делува дека има доста изгубено на експлозивност и брзина, а тоа му е најголемо оружје, со голема плата на две ипол години, може да биде големо промашување. Останува да се надеваме дека има нешто уште во него од овие работи, доволни барем за поспорото италијанското првенство, но и дека има уште и мотив кај него за натпреварување, овој можеби веќе се гледа како полупензионер.


Оваа "Ибра стратегија", можеби грешам, но мислам дека е негова, може да биде проблематична.
 

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
1.690
Поени од реакции
4.315
После Жиру и Кјаер нема лидер во ростерот,
се очекуваше тоа да бидат Мајк,Томори и Тео но очигледно тимот генерално нема ментален победнички капацитет.
Се проба и Бенасер да ги воздигне на Супер Купот со говорот кога ги собра но неуспешно :pos:
Немаат коловоџа во ростерот па затоа Ибра сака да го донесе Вокер искусен играч со победнички менталитет па ќе видиме што ќе испадне.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.321
Поени од реакции
14.674
Тоа за лидери, бебиситери и слично веќе ми е најнапорен муабет и само во Милан толку се форсира.

Не за џабе и новиот тренер само по ден-два откако дојде и виде се кого има работа, изјави дека треба фудбалерите да разберат дека не се деца, туку дека имаат деца и да преземат одговорност како возрасни.


Претпоставувам од каде е оваа болка во тимот и кој постави ваков бебиситерски начин на функционирање, но таму не смее да се дира. :icon_lol:



Ова вреди да се преведе и прочита, уште се смеам, верувам дека 100% е вистина, само уште еден доказ каква луда екипа е тимов, а и донекаде поврзано е со она претходно што пишував. Се надевам дека тренер може да ја направи таа радикална промена, но подолг период сум на мисла дека ќе мора некој да лета од тимот (нема да е лошо и некои што одлучуваат во клубот) за да се сменат некои работи.

 
Член од
23 август 2024
Мислења
80
Поени од реакции
131
Не се секирајте ни Рашфорд ни Вокер нема да дојде сега,на Лето кога нема да фатат Л.Ш. па ич :D
Класично зимско дупење е ова од газдата и соработниците,да се намали гневот кај навивачите и да се пишува нешто додека помине зимскиот рок,еве го пола Јануари помина а до сега нема кого не купија. Иста приказна како и со стадионот.
 

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
1.690
Поени од реакции
4.315
Тоа за лидери, бебиситери и слично веќе ми е најнапорен муабет и само во Милан толку се форсира.

Не за џабе и новиот тренер само по ден-два откако дојде и виде се кого има работа, изјави дека треба фудбалерите да разберат дека не се деца, туку дека имаат деца и да преземат одговорност како возрасни.


Претпоставувам од каде е оваа болка во тимот и кој постави ваков бебиситерски начин на функционирање, но таму не смее да се дира. :icon_lol:



Ова вреди да се преведе и прочита, уште се смеам, верувам дека 100% е вистина, само уште еден доказ каква луда екипа е тимов, а и донекаде поврзано е со она претходно што пишував. Се надевам дека тренер може да ја направи таа радикална промена, но подолг период сум на мисла дека ќе мора некој да лета од тимот (нема да е лошо и некои што одлучуваат во клубот) за да се сменат некои работи.

Овие играчи на Милан се без рбетници и без муда и не се понашаат како професионални фудбалери а проблемот се бара во тренерите.
Веќе трета сезона како зборам дека фудбалерите треба да си превземат поголема одговорност.
Леао 6-та сезона е во Милан на терен се понаша како да не му се живее а не дека игра за Милан и го носи црвено-црниот дрес.
Тео,Томори,Мајк се веќе 5-6 години во Милан се понашаат како да немаат никаква одговорност во тимот без никакво залагање.
Фонсека проба да ротира со капитенската лента да им даде и да им покаже дека треба да чувствуваат некаква одговорност но залудно.
Бенасер нема играно фудбал од Мај лани дојде на Супер купот и им држи говор да ги мотивира :facepalm:

Овие играчи играат незаинтересирано и без душа и желба.Залудно вежбале нешто на тренинг кога не можат да го реализираат тоа на утакмица бидејќи паметот не им е во фудбалот и после Консеисао ќе се чеша.
Дај боже да се сменат работите но не верувам многу тешко,само да се пресече од корен и да се сменат овие играчи е решението.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.949
Поени од реакции
6.814
Секој играч си бара различен пристап некој сака бејбиситинг, некој да го отераш у три лепе...самиот Фергусон тоа го има кажано ама штрумфови и резиденти у бардовци со дупли јузери поише се разбираат у фудбал и менаџмент од него.

Тоа дека играчите треба да си превземат одговорност и тоа како треба, сега со нов тренер нема оправдување.

Али играчите што болниов ги спомиња како Леао е најмалку крив што сме 10то место, неможе Мората и Абрахам да имаат 4 гола заедно, Томори, Тиав, и Емерсон копукот у одбрана на цигара да седат пола утакмица и да вадиме бодови.

Да не го спомоњам Србинот што и заборавив како се вика од што не постои а беше купен за 20 и кусур миљона, благодарение на алгоритмот на Курлани.

Треба да превземат одговорност да и Лофтус Чик што не постои, па и Тео што нигде го нема али Леао да не беше ни куп ќе видевме а на табела за опстанок ќе се боревме.
 
Член од
23 август 2024
Мислења
80
Поени од реакции
131

Благодарам Окафор,со среќа и секое добро.
Сигурно некако Тео и Леао се криви за бламов со Окафор нели шаше :X3:

Нема крај на серијата бламажи што ни ја приредува ова ултра неспособно раководство,еден Лајпциг стигна кур ташак да си игра со овие. Брукица,срамче,Рашфорд ќе го земале,Вокер ќе го земале,овие сок од продавница не можат да земат бе,гревови едни :ROFLMAO:
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.949
Поени од реакции
6.814
Пробале да им го увалат повреден на позајмица а овој може месец дена нема да игра, и ја не би го земал.

Курлани иде на карта ако пројде пројде, на битпазар више не праат така, прави аматери.
 

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
1.690
Поени од реакции
4.315
Ова со Окафор се одлични вести за Милан.
Лани Окафор беше фантастичен џокер ,се надевам дека и под Консеисао ќе биде исклучително корисен за Милан со оглед на тоа дека може да игра на повеќе позиции.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.857
Поени од реакции
50.258
Ова со Окафор се одлични вести за Милан.
Лани Окафор беше фантастичен џокер ,се надевам дека и под Консеисао ќе биде исклучително корисен за Милан со оглед на тоа дека може да игра на повеќе позиции.
Oн може само да е повреден на повеќе позиции. :icon_lol:
Носење таков хронично повреден фудбалер со никаква resale value е потег за најмалку еден отказ на било кој од тројцата мускетари.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.321
Поени од реакции
14.674
Уште против Каљари паднаа физички последните дваесетина минути, а против овие ќе треба и повеќе да се трча.
Автоматски споено мислење:

Откако дојде Консеисао, изведувањето на прекини е за никаде. Не требаше премногу да менува, со овие кратки проигрувања.
Автоматски споено мислење:

За првото полувреме против Каљари, изјави дека му било најлошо во тринаестгодишна тренерска кариера, што ли ќе мисли после ова!?
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2024
Мислења
80
Поени од реакции
131
Бумеров плива во дното со вестиве за Окафор,на интернет експлорер веројатно чита :icon_lol: Цела приказна си направи и lore си тера сега,си додава :LOL:
Мада каков очобол е утакмицава не можеш ни да му замериш
 

Kajgana Shop

На врв Bottom