Кој и зошто ја присвојува Мара Бунева

Член од
29 септември 2013
Мислења
728
Поени од реакции
614
ЛИКОТ НА МОЈАТА ТЕТКА Е НЕПРАВЕДНО ОЦРНЕТ, ВЕЛИ ВНУКАТА НА МАРА БУНЕВА

Утрински весник/ 12.03.2007, Пишува: ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

Судбината на семејството Бунева е трагична како и на многу други македонски семејства.
Едниот внук на Мара Бунева од нејзиниот постар брат Борис живее во Софија и говори бугарски, другиот, од помалиот Лазар, кој почина пред неколку месеци во Белград, зборуваше српски. Тоа ни малку не им пречеше да се сакаат и да си помагаат. Нивните роднински врски не ги прекинаа ниту војните, ниту пробугарските, ниту просрпските пропаганди. „Кога се гледав во Белград со братучед ми Бранко, говореше српски, таму израсна, дали се чувствуваше како Македонец или како Србин никогаш не сум го прашала. Тоа не сум го прашала ниту мојот братучед Милко во Софија, дали е Македонец или Бугарин. Многу помалку контактирав со нив отколку што контактираа тие меѓу себе. Многу се сакаа и често се гледаа. За смртта на Борис пред неколку месеци разбравме токму од Милко. Ни се јави во Скопје. Му помагаше на Борис кога НАТО го бомбардираше Белград, му испратил и пари да му се најдат. Без разлика на кој јазик зборуваа, во се’ се разбираа“, раскажува нивната братучетка Анче Герасимовска, внука на Бунева од нејзината сестра Ленка.

Судбината на семејството на Мара Бунева, атентаторка на Владимир Прелиќ, е трагична како и на многу други македонски семејства кои, подложени на страшниот притисок на пропагандите и борбата за егзистенција, се растурале по светот и понекогаш се вклучувале во спротивставените завојувани страни, кои не одбирале средства за да остварат влијанија на македонските простори. Кога ќе се слушне приказната за Буневи, изворно кажана од човек на семејството, изгледа сосема поинаку од онаа што и ден-денес сакаат да ни ја сервираат определени кругови. Животната врвица на секој нејзин член е слика и прилика на трагичните македонски судбини, кроени и прекројувани од српски, бугарски, грчки и којзнае какви други пропаганди. Страшното време, војните и окупациите, шесте деца на тетовецот Никола ќе ги одведат на разни страни. Најстариот брат Борис ќе стане бугарски офицер, помладиот Лазар ќе влезе во српската војска на Кралска Југославија. Најстарата од четирите сестри Мара, родена во 1902 година, животот ќе го заврши откако ќе го изврши атентат на 13 јануари 1928 година. Една година помалата сестра Ленка ќе остане во Македонија, најмладата Вера ќе се омажи и ќе замине во САД, а четвртата сестра Нада ќе почине многу млада, на 18 години, истата година кога е убиен Прелиќ.

Разговараме во домот на Анче Герасимовска во Тетово, професорка по музика во пензија. Сакаме од неа да слушнеме за нејзината тетка чие име и ден-денес многумина го користат за своите пропагандни цели.

Вели дека страшно е револтирана од многу невистини што деновиве се изговорени и напишани за Мара, чиј подвиг и по осумдесетина години предизвикува расправии и делби меѓу Македонците. Признава дека и’ е тешко да говори за тие времиња, до сега за тоа не говорела пред ниту еден новинар, но сега, откако ги слушнала сите невистини, сака да ги соопшти своите видувања и на некој начин да се исправи неправдата што и’ е нанесена на тетка и’ Мара, а со тоа и на нивното семејство.
„На една од телевизиите, сега покојниот Спасе Шуплиновски изјави дека и’ бил роднина на тетка ми. Јавноста треба да знае дека не е никаков род со нас, ние него не го познаваме, немаме никаква семејна врска со него. На истата телевизија слушнав изјава и на еден свештеник, која по панихидата во црквата ’Св. Димитрија’ рече дека Мара не била чесна жена, имала повеќе мажи, дека му била љубовница на Владимир Прелиќ, што не е вистина. Не е вистина и тоа дека била љубовница на адвокатот Андрејчин од Тетово, кого српските власти го ликвидирале истиот ден кога е извршен атентатот. Со семејството Андрејчин бевме соседи и големи пријатели. Многу невистини се кажаа за тетка ми Мара и се извалка нејзиниот образ. Таа била омажена жена, а атентатот го извршила од патриотски побуди. Не е вистина ниту тоа дека во нашето семејство се говорело бугарски, како што тврдат некои. Мојата баба никогаш не сум ја слушнала да каже ниту еден збор бугарски. Многу добро се сеќавам на неа. Мајка ми од Скопје ќе ме испратеше за Тетово со малиот воз, кој патуваше девет часа, и јас кај неа ќе останев цело лето. Не паметам да ми прозборила бугарски збор“, вели револтирано внуката на Мара Бунева.

Буневи е познато тетовско семејство. Никола Бунев бил писмен човек, се школувал во Солунската гимназија. Читал многу, бил учител, но за трговија не го бидувало. „Имаше многу книги. Не знам каде отидоа, кој ги зеде. Откако ја продадовме, куќата ги снема“, вели неговата внука Анче. Нејзината баба била од богато трговско семејство. Убавата двоспратна куќа во која живееле ја изградил таткото на баба и’, како и тетовската црква „Св Димитрија“ во Тетово.

Како се случило едниот брат да се најде во бугарската, а другиот во српската војска кои многупати војувале за Македонија. Анче вели дека нејзиниот дедо за време на Првата светска војна кога Тетово го окупирале Бугарите бил кмет на градот. По војната, кога дошле Србите, останал без работа. Морало да се бара некакво чаре за егзистенција. Па така, Лазар го испратил во Белград, а Борис во Софија.

За време на Втората светска војна, Глигор, таткото на Анче, своето семејство ќе го пресели во Скопје. Во Тетово ќе остане само баба и’ да ја чува куќата. Во 1941 година, по италјанската и албанската окупација на западна Македонија, Македонците ќе се најдат под голем притисок на бандите на Џемо, особено во Тетово. Таа раскажува како во тоа време одвај спасиле жива глава, а нејзиниот брат и сестра ги криеле Албанци во селото Шемшово се’ додека не се префрлиле во Скопје. Во тоа време со бугарската војска како нивен офицер во Скопје ќе дојде и нејзиниот вујко Борис и тука ќе живее се’ до капитулацијата на Бугарија. Вели дека сите тетовци го паметат по многуте добра што им ги направил. Во тие тешки времиња на војна им помогнал на многумина кај бугарските власти. По повлекувањето на бугарските војски, си заминал . По доаѓањето на власт на комунистите во Бугарија, бил уапсен и повеќе години поминал затвор. Во 1961 година Борис изразил желба да ја посети Македонија. За да бидат сигурни дека нема да има проблеми, таткото на Анче претходно отишол кај надлежните служби да праша дали ќе му дозволат да дојде во Македонија. Му рекле дека слободно може да дојде, зашто не направил ништо лошо. Кога стасал во Скопје, бил многу среќен, посебно кога на Радио Скопје ги слушал емисиите на македонски јазик. Секој ден купувал и читал „Нова Македонија“. Расположен и весел еден ден им рекол. „Еве, за ова ние се боревме, за своја држава, за свој јазик“.

Синот на Борис, кој сега живее во Софија, една година студирал во Белград. „Тоа беше истиот период кога и јас студирав таму. Беше запишан на странски јазици. Остана само една година. Понекогаш доаѓа во Македонија за да се видиме“, раскажува Анче Герасимовска. Лазар имал полоша судбина од својот брат. Се оженил со Србинка, со која немал среќен брак. Лага е дека бил убиен од српските власти веднаш по атентатот на Прелиќ, како што тврди Ванчо Михајлов. Тој останал и натаму во војската на Кралска Југославија, а германската окупацијата ја дочекал во Белград. Не е вистина дека бил ликвидиран од Руси, туку го убиле Срби при крајот на војната, откако неговата сопруга ќе го наклевети.

Вера, најмладата сестра на Мара, се’ уште е жива, а неодамна навршила 90 години. Во САД заминала во 1935 година од Софија. Таму отишла кај братот Борис и тогаш се запознала со нејзиниот иден сопруг, инаку крушевчанец. Имал завршено теологија, а бугарската црква го испратила во САД. Им се изродиле четири деца, најпрво двајца близнаци, потоа уште еден син и, на крајот, ќерката, која е омажена за правнук на познатиот руски писател Толстој. Вера пред неколку години ја посетила Македонија заедно со тројцата синови. Била во Скопје, Охрид и во Тетово за да го види уште еднаш родното место. Нејзината внука од сестрата Ленка добро се сеќава на средбата што ја имала со неа и на нејзините зборови. Кога дошла кај неа во Тетово, и’ рекла: „Па овде ви е убаво, како и кај нас во Америка“. За Мара не зборувале.

Какви се сеќавањата на семејството на Мара, по што ја паметат нејзините внуци, што се раскажувало за неа. Анче вели дека за животот на тетка и’ не знае многу, бидејќи нејзините родители ништо не говореле за неа пред децата. „Тоа што го знам ми го кажа мајка ми. Таа раскажуваше дека тетка ми Мара кога ќе работела низ куќата во Тетово, секогаш пеела песни за Гоце Делчев, за Јане Сандански и плачела. Им се восхитувала на македонските револуционери. Се раскажуваше и тоа откако го извршила атентатот, кога лекарот од Белград ја прашал зошто го убила Прелиќ, му одговорила – за Македонија. По атентатот моите домашни ги уапсиле. Во затвор бил и дедо ми и татко ми. Татко ми го пуштиле брзо, а дедо ми го задржале 7-8 месеци“, раскажува Анче Герасимовска.

Поради тоа што тетка и’ била атентаторка немале никакви проблеми. „Израснавме во Скопје, учевме средно училиште во Скопје, брат ми отиде да студира во Љубљана, каде што се ожени со Словенка. Ни дадоа стипендија и нему и мене. Не сме имале никакви проблеми. Некој ќе рече овие биле бугаромани, другите србомани. Такви биле тогаш времињата. А дали можеш некого да судиш за тоа. Тогаш никој не можел да каже дека е Македонец. Страшна е судбината на нас Македонците, да не можеш да се кажеш што си. Фала му на Бога, сега можеме да кажеме тоа што сме. Ние дома сите се чувствуваме Македонци. И сестра ми и брат ми, кој почина многу млад. Беше голем патриот. И мајка ми и татко ми се чувствуваа Македонци“, раскажува Герасимовска, која се омажила во Тетово, каде што и денес живее.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
728
Поени од реакции
614
Чествување за Мара Бунева: Македонците и Бугарите се народ на светлината

– Дојдовме да го испочитуваме споменот на нашата револуционерка Мара Бунева, која за нас Бугарите е светлина, исто како и за Македонците. Сакам да кажам дека е крајно време ние православните Словени кои сме и Бугари и Македонци и Руси и Украинци, Белоруси и Црногорци да се обединиме и заедно да ги славиме сите празници, а не да се делиме. Не треба да дозволиме други земји да не делат и провоцираат. Не треба никако да го дозволиме фашизмот во нашите држави, тоа е кафеавата чума со којашто само ние заедно можеме да се избориме. Ние ги сакаме и почитуваме Македонците. Македонија е суверена земја, но е православна држава како нас, тоа не поврзува. Духовното не се дели, а тоа треба да им биде јасно на сите фашисти кои се обидуваат на секој начин да не делат од разни партии од Бугарија и Македонија. Македонците и Бугарите се народ на светлината и заедно треба да го ослободиме, да го промениме целиот свет – порача Атанас Стефанов, еден од присутните на настанот, дојден од Бугарија.

извор: https://www.slobodenpecat.mk/foto-chestvuvanje-za-mara-buneva-makedoncite-i-bugarite-se-narod-na-svetlinata/?fbclid=IwAR0MyV0vMlnA4m8VyOxTSOKvs7fLqzHpx0oOh0d0O6o0x4rG58WUcur-O7U
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
728
Поени од реакции
614
Изгледа во Македонија има само “македонски бугари“ но не и “македонски бугарки“

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.659
Поени од реакции
735
Изгледа во Македонија има само “македонски бугари“ но не и “македонски бугарки“

Овде се појавуваат неколку интересни прашања:
1. Зошто само мажите имаат храброст да ја почестат Мара Бунева? Се плашат ли жените и децата од физички пресметки со србомани и србофили?
2. Зошто полицијата е побројна од давачите на почит? Од што се плаши државата?
3. Зошто таму немаше Македонци? Нели Мара Бунева е македонска револуционерка? Колку Македонци поставија цвет на мостот? Колку македонски организации оддадоа почит?
4. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека е наследник на ВМРО, нели? Мара Бунева беше член на ВМРО. Од друга страна, оваа партија имаше претставници на прославите на Кајмакчалан (победата на Србија), битката на Брегалница (победата на Србија), прославата во Зебрњак (победата на Србија).

Како Мара Бунева да е окупатор, а Обреновиќ и Караѓорѓевиќ ослободители.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.664
Поени од реакции
4.034

1. Прво никој нормален не сака да се пика помеѓу оваа багра пијаници, коцкари и ситни профитери. Затоа вкупно беа 15тина луѓе таму, а не пак жени да има повеќе. Лично знам фамилија што се декларираат како бугари иако малку имаат основа за тоа ама нема врска, си живеат спокојно угледни граѓани се во градов и нивните деца образовани со супер професии и сл. Ама никогаш нема да ги видиш да излезат со шлајм како овие погоре, ниту пак ги оправдуваат постапкиве на вашите политичари кон Македонија. Тука би требало да се запрашате зошто вие во Бугарија го експонирате шлајмот во Македонија ? На пример и оној од Охрид беше таков Пендиков дилер на дрога требаше во затвор да оди за дрога и оп бугар стана преку ноќ. На кого му одговара кревање тензии и нетрпеливост ?

2. За да ги штитат, да не направи некој инцидент па да им дадат теми на вашите политичари да верглаат за тој инцидент 24/7
 
Последно уредено:

1. Сакаш да кажеш дека ги знаеш сите околу 20 луѓе што беа таму? Кои се тие? Дајте ни некои имиња. Пендиков никогаш не бил осуден за дистрибуција на дрога, а во нормални земји сите се невини додека не се докаже вината. Тензии и нетрпеливост - на оние кои тврдат дека сакаат да влезат во ЕУ, но не сакаат да направат ништо за да влезат. Тоа одговара на вашите политичари кои сакаат да имаат изговор за сопствената неспособност да ги исполнат минималните критериуми за влез во ЕУ. Инаку, има македонски Бугари кои имаат храброст, а има и такви кои се плашат од репресија и не присуствуваат на вакви настани. Секој на различен начин ја разбира и практикува бугарштината.

2. Да не се залажуваме. Полицијата е таму за да ги собере нивните податоци, а потоа да ги малтретира. Затоа гостите од Бугарија не даваат интервјуа - за да не бидат малтретирани на граница.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.995
Поени од реакции
42.710

ти зошто не беше вчера таму?
 
Веќе ти пишаа во другата тема некој од овие патолошки коцкари, не е Македонија толку голема како Америка па да не се знаеме кој сме што сме. Инаку Пендиков конкретно на 20 Октомври е уапсен од полицијата и кај него е пронајдено кокаин мала количина, сепак е дел од истата екипа дилери што и го истепаа веројатно поради нерачистени работи околу такви работи а не поради етнички причини како што го преставуваа вашите медиуми. Вие за еден ситен дилер профитер кој довчера вееше знамиња на Дпмне и ОМ направивте конфликт

2. Какви црни податоци и малтретирање не бладај. Пак ќе кажам се знаат кој се декларираат како Бугари во Македонија, ниту влакно не им фали дури и на најекстремните да не пишувам сега тука имиња и презимиња на форумот.
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.659
Поени од реакции
735
ти зошто не беше вчера таму?
Затоа што не мислам дека е потребно. Исто така, затоа што сакам повторно да шетам низ Северна Македонија летово, и ако сум таму, има големи шанси да не можам повеќе да ја посетам Северна Македонија. На десетици Бугари им беше забранет влез за бугарските настани.
Автоматски споено мислење:

1. Пиндиков - "кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело". Покажи ми пресуда за дистрибуција на дрога.
2. Напротив, многу од нив се малтретирани од државата на овој или оној начин. Особено оние поактивните.
 
никој нема да те спречи да шеташ. Само не дели книги, не лепи знамиња низ цела држава дека Македонија е бугарска и никој ништо нема да ти забрани. Ако можеш да се контролираш.
 
Член од
30 август 2024
Мислења
100
Поени од реакции
517

За оние 10 копуци за кој прашуваш, 2ца ти се тотални утки/алкохоличари. Еден од Ѓорче 2 другиот од горе е негде накај Волково. И 2цата издишани, времето ги изело, без работа, без иднина и перспектива. Ги тераат да се бламираат вака јавно... Ќе им фрлат по 100 200 евра колку да има да преживее месецот.

Него ти си многу гласен, зошто не си маж да излезеш и да се сликаш како абдал со другарите? Дебил еден.

На изроди како тебе воошто не треба да им се даде никаков простор ниту за дискусија а камо ли за нешто повеќе.
Све би банирал да е до мене. Нема зошто ваши тези и расправии да слушаме.

Ама демократија сме, тоа е.
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.659
Поени од реакции
735
никој нема да те спречи да шеташ. Само не дели книги, не лепи знамиња низ цела држава дека Македонија е бугарска и никој ништо нема да ти забрани. Ако можеш да се контролираш.
Зборуваш без да имаш искуство со преминување на граница. Имам доволно информации како се работи, и од лично искуство и од луѓе кои го споделуваат своето. Забрануваат секој што ќе го фатат дека учествува во вакви настани да влезе во Северна Македонија. Вака му забранија на лидерот на ВМРО во Ќустендил - едноставно затоа што е присутен, без никакви докази, без пресуда, без ништо. Ако усошпееш да излажеш на граница дека си за лична работа и имаш среќа да не те проверува полицијата во Скопје на настанот, може да се извлечеш без забрана. Никој не сака да биде малтретиран така, затоа помалку луѓе одат - за да можат потоа да се видат со своите роднини.
 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
363
Поени од реакции
604
Забрануваат секој што ќе го фатат дека учествува во вакви настани да влезе во Северна Македонија.
Дали ако Костадин Костадинов проба да ја премине границата и биде вратен ќе се смета како омраза према Бугарите?
Листата се полни, едно е да си Бугарин и да сакаш да оддадеш почит, друго е да нарушуваш суверенитет на држава со некакви фондации и закани. Реакцијата на нашите власти беше премлака со цел да не се продолжи работава. Ние реално сакаме да ја смириме топката ама не се залетувајте не сте Грција. Пренесете му на Бојко да го смири Коста чивавата.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.510
Поени од реакции
9.187
Зборуваш без да имаш искуство со преминување на граница. Имам доволно информации како се работи, и од лично искуство и од луѓе кои го споделуваат своето. Забрануваат секој што ќе го фатат дека учествува во вакви настани да влезе во Северна Македонија. Вака му забранија на лидерот на ВМРО во Ќустендил - едноставно затоа што е присутен, без никакви докази, без пресуда, без ништо. Ако усошпееш да излажеш на граница дека си за лична работа и имаш среќа да не те проверува полицијата во Скопје на настанот, може да се извлечеш без забрана. Никој не сака да биде малтретиран така, затоа помалку луѓе одат - за да можат потоа да се видат со своите роднини.
Не можеш да работиш против македонските национални интереси и после да се чудиш зошто не си добредојден во Македонија.

Туку, да те прашам, зошто давате публицитет на Љубчо и од него барате да раскажува за македонската историја, кога тој кутриот врска си нема, не само од македонската историја, туку не познава ниту елементарни работи, како на пример ова:

1736796591903.png

Дали?

1736796675311.png

Знаеш ли откога датира Лепенски Вир?

1736796770356.png

1736796820275.png

Сега кажи како Влахо може да биде постаро од Лепенски Вир или треба да му давате публицитет на шарлатанот Љубчо кој не разликува Мезолит од Неолит да ни ја кажува историјата на нашите предци?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom