Знаеш добро што сакав да кажам и милион пати потенцирав не се цвеќе за мирисање ама не се ни за споредување ама ајде предновогодишно ќе си играме шатката па шатката игра на зборови.
Тоа се можеби во твоите очи или во очите на некои на мои години што ги гледале домашните како тие од нивна перспектива гледаат со восхит на „ови у Београду“ што донекаде ќе беше легитимно ако сè уште беше она „братство - единство“ и постоеше Титова Југославија. Легитимно со голем знак прашалник.
За жал тоа време, со сите предности и недостатоци, е минато завршено време.
Реалноста и жалната и болна вистина е фактот што секогаш гледаат на нас со потценување, како помал брат не гледале *(my ass, лицемерие до бескрај), а историски не постои шанса која не ја искористиле да ни ебат матер.
Зошто ако толку не сакаа во истата таа Титова Југославија не беше инвестирано исто толку во Скопје колку во Београд, зошто во СХС бевме оспорувани јазично и ни се менуваа презимиња во ИЌ? Не смееше Македонски јазик да се користи на школо и воопшто се репресираа нашите дејци кои користеа Македонски јазик, а и обичниот народ секако. Зошто со бугарите гледаа да не поделат и сме биле Јужна србска бановина, од љубов? Зошто членовите на ВМРО биле репресирани, зошто кога се ослободувавме од Турското петвековно ропство моравме веднаш да се соочиме потоа со големосрбските интереси и бугарските интереси, грчките интереси?
Многу емотивно гледање на соседите не треба, може да бидиме поврзани и да гледаме на тој начин бидејќи сме живееле во конфедерација на народи после 2 светска војна, но и тогаш и сега (во денешницата) не треба да имаме заблуди дека секој еден сосед (али буквално секој) сакал поделба и приграбување на дел од нашата територија (колку што може поголем дел).
Тоа, со недоволната самосвест се клиновите во ковчегот кој ни тежи со векови и никако не можеме да се ослободиме од него, а како што тргнало и ќе не погребаат како такви.
Нема очигледна разлика меѓу србите и останатите *(бугари, грци, албанци) и особено нема бирање на „помало зло“ во таа ситуација бидејќи
нема ништо полошо од некој кој лицемерно те тапша по рамо додека во грб ти зарива ножеви.
Тој српски свет е директно замешан и ден денес во МКД и е во сите пори од општеството, за жал и за изненадување дури може да се констатира пошто ништо добро немаме од нив видено.