10 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА МЛАДИ БРИГАДЕРИ.
На денешен ден 2014 година, една група на помлади Чкембари од сите страни на Битола формира своја под група која покасно ќе стани многу корисна и ќе остави траг во историјата на самата група.
Навивачката група Чкембари од самото постоење важеше за посебен градски симбол, безусловна љубов кон ПЕЛИСТЕР, БИТОЛА И МАКЕДОНИЈА,
смела борба за истите, борба искажана преку дела и жртвување.
Фасцинирани од овие карактеристики кои уште во раните тинејџерски години не привлекоја, не само да станиме дел, туку и со здружување на неколку млади истомисленици со цел да придонесиме за зачувување на "ЧКЕМБАРСКИОТ ГЕН" односно зачувување на главните карактеристики на навивачката група.
Почетоците ни беа многу тешки, комбинација на младост и неискуство но и на преголема желба и енергија за престиж.
Искреноста и одлучноста во нашите намери постепено ќе ни го покажат патот за воздигнување на Млади Бригадери во под група за почит.
Активни 24/7 преку цела година!
Активноста беше наша одлика, не само со редовно присуство на утакмици, туку и во преостанатото време, работевме на мобилизација за групата (флаери, пароли, плакати), изработка на наши реквизити (маици, дуксери, капи, стикери, знамиња и транспаренти)
Успевавме сами да изработиме и неколку гостувања.
Преку низа на активности, во а и надвор од стадионите и салите, се боревме за МАКЕДОНСКАТА КАУЗА, ќе сведочат изработените плакати за бранителите од 2001, оддавање почит пред нивниот споменик, многуте испишани пароли низ градот а и на утакмици посветени за Македонија, правење на знамиња, учество во протести итн итн...
Тука измеѓу другото остануваат и активности кои биле во судир со законот, па за нив нека сведочат улиците на Битола и полициските записници.
Од година во година бројката на членови се зголемуваше, па почнавме да броиме 30, 50 а понекогаш и 100 млади Чкембари.
Збирно место ни беше паркот кај саат кулата, место на кое израснавме и ги врвевме и деновите и ноќите заедно со многу другари, место сведок на нашата младост!
Од таму често знаевме да се упатиме со кортео и песна по "Широк Сокак"
После прославата во 2019 год. (Јубилеј 5 год. Млади Бригадери) почнавме посериозно да стануваме и дел од јадрото на Чкембари, постарите веќе ја имаа увидено нашата искрена намера и стекнатата доверба прерасна во се поголемо препуштање на организациони активности околу групата.
Од тогаш па до ден денес членови на Млади Бригадери се дел од раководството на групата Чкембари.
МЛАДИ БРИГАДЕРИ ЈА ПОСТИГНА ПРВИЧНАТА ЦЕЛ!
Денес навивачката група продолжи да важи за посебен градски симбол, безусловна љубов кон ПЕЛИСТЕР, БИТОЛА И МАКЕДОНИЈА,
смела борба за истите, борба искажана преку дела и жртвување.
ЧКЕМБАРИ И ДЕН ДЕНЕС СЕ НА ВРВОТ ВО МАКЕДОНСКАТА НАВИВАЧКА СЦЕНА!
Млади Бригадери исто така придонесе за обновување и воздигнување на некои чкембарски под групи, а и за формирање на нови, кои се сериозно организирани и респектабилни во навивачкиот свет.
Изминатите години се доби претстава и дека Млади Бригадери не беа воопшто активни како под група, напротив, активни бевме повеќе од било кога, активни во реализирање на нашата цел, како шо опишавме погоре.
Од следната година следува ребрендирање и поставување нови цели кои веруваме дека повторно ќе се покажат корисни за нашата група, клуб, град и татковина!
ВО ТЕБЕ РАСТАТ ХРАБРИ ДЕЦА
ТВОИТЕ ВЕРНИ ЧКЕМБАРИ!!
-МБ'14!