- Член од
- 11 април 2012
- Мислења
- 4.655
- Поени од реакции
- 5.366
Конечно посаглам пост, а не мерење на кој му е поголем и непотребни споредби.На муабетот предности на Скопјемце:
Најмногу народ и најмногу економски можности(иако по БДП по жител што допринесува во Македонија не е прв), најмногу случки за нешто забавно да се прави, сите институции се тука ако ти треба нешто и споредбено со помалите градови одредени институции далеку побрзо завршуваат работа без потреба да молиш, недај боже да се разболиш посериозно клинички е тука во помалите места и се помалку доктори има. Ова се предностите што ми текнуваат на Скопје.
За чистота има едно 4-5 града што одма можам да набројам дека се далеку почисти и се поодржуваат, сообраќајниот хаос и неписменоста е највисока во Скопје па во Тетово, убер загаден град е Скопје, во другите градови толку не ти треба толку често јавен превоз, помирно е и за 5 минути си во природа.
За другите градови незнам ама во родниот град од 2009та - 2010та кога доаѓа првпат градоначалник од ВМРО, тој почна и после него тие од СДС продолжија со значително подобрување и средување на градот. Далеку почист од Скопје, подобро среден кеј, попристапна природа па би рекол и дека локалната инфраструктура е доста подобра и обновена, училиштата се реновирани тука во центарот на СКопје во Пестолоци им тече од кровот и се чека на донации од родители. Сега недај боже да се разболиш, незнаат ни прст да ти преврзат како што треба тие што се млади нови доктори ако се исечеш, народ и со тоа деца се помалку.
Проблемот е што 18 години комуњара, ЛДП што беа градночалници буквално одеше се надоле. Малку доцна зашто веќе снема народ и некоја посериозна економска инвестиција е тешко исплатлива зашто нема да најдеш народ да работи. Ова последново што има се помалку народ е најкатастрофа за малите места и самото тоа придонесува за уште поголема миграција.
Математиката треба секој да си ја направи и приоритетите. Моментално е првата опција, со тек на време мое мислење е дека ќе се менува како ќе се средуваат другите градови. Сега дали ќе е доцна тоа средување ќе видиме.
Секој град на запад имал период кога народот од центарот оди во перифиеријата и има пад на населението, Њу Јорк, Чикако, Лондон па и овие што ги спомнувате со слична големина Канзас, еве Германија со слична слична големина: Нирнберг, Дизелдорф, Лајпциг, Есен сите имаат пад на население и потоа следува пораст заради голема имиграција што им треба на западот и побарувачката се значително зголемува и со тоа цените. Уште треба економски да се издигнеме за да дојде тој период. Процентот на луѓе што од внатрешноста се населеува е се помал ама затоа има луѓе од надвор што се доселуваат. Турци најмногу, странци авантуристи што се на подолго сум запознал од Аргентина, Колумбија, Ирзаел девојче доаѓа седи 3 месеци и се враќа 3 месеци зашто мора и за неа Скопје е еден од најбезбедните градови зашто во 4 сабајле после искачање без проблем пешки си оди дома, холанѓани...
потполно се сложувам дека треба да се прекине со градење и инвестиции во Скопје и да почнат да се развиваат другите градови
Автоматски споено мислење:
А каде да бегаат? Еве на пример финансиската состојба низ Европа и не е баш сјајна. Во моментов јас лично не би превзел ризик да пробувам (се надевам нема долго да е вака)Ниеден стан не се исплати во Македонија. 500 евра да е квадрат, треба луѓе да бегаат од државата, а не да зимаат кредити со рата од 400-500 евра месечно, наредните 25 години.
Високо квалификуван кадар посебно од ИТ што беше страшно баран скоро секој ден гледаш најави за отпуштања
Оние работи позиции кои и не бараат ајде да кажеме факултетска диплома се слабо платени, да разбирам дека 1500-1800€ во Германија звучат боље од 450€ у МКД
Ама се подобри само ако гледаш да купиш ајфон што секаде е иста цена
Кога од тие пари ќе од земеш кирија, поскапи основни намирници за живот и слично скоро и ништо не ти останува
Освен малку помирен живот (и ова е дискутабилно може у ванаби Чаир да најдеш стан) и почист воздух
Последно уредено: