Конфликтот во Сирија

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.067
Поени од реакции
1.245
Евреите ораат. Со стапувањето на Трамп како претседател, поддршката од Америка за Израел ќе биде зголемена.
Ал-Џолани ќе биде мета, а целта е Сирија да е тампон зона. Поддршка ќе добијат курдските борци, Израел ќе ги бомбардира позициите на новата власт во Сирија длабоко на сириска територија, исто на удар ќе бидат и групите поддржани од Турција.
Америка под Трамп, своето присуство ќе го врши преку Израел, Турција не е сојузник.
US. President-elect Donald Trump hailed Türkiye's regional role as a major power and his personal ties with President Recep Tayyip Erdoğan, as he said Ankara would play a key role in the future of Syria following the ouster of Assad regime.

"Turkey is a major force, by the way, and Erdoğan is somebody I got along with great but he has a major military force. And he has not been worn out with war," Trump told reporters at his Mar-a-Lago estate. "He's built a very strong, powerful army."

Превод

Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја пофали регионалната улога на Турција како голема сила и неговите лични односи со претседателот Реџеп Тајип Ердоган, нагласувајќи дека Анкара ќе има клучна улога во иднината на Сирија по соборувањето на режимот на Асад.

„Турција е голема сила, патем речено, а Ердоган е некој со кого одлично се сложував. Но тој располага со значителна воена сила. И не е исцрпен од војна,“ изјави Трамп пред новинарите во неговиот имот Мар-а-Лаго. „Тој изгради многу силна и моќна армија.“

https://www.dailysabah.com/politics/diplomacy/trump-highlights-turkiyes-role-as-key-player-in-syrias-future
 
Член од
6 февруари 2022
Мислења
1.044
Поени од реакции
4.040
A turcite i evreite mislis li deka ne sorabotuvaat vo Sirija? Smesno e ako mislis deka odgovorot e negativen....
Досега соработуваа натака останува да видиме како ќе се одвива ситуацијата.
Сценариото на Столе погоре е најверојатна опција за понатамошен развој на настаните, нека се соберат сите на куп ете и нашиве талибанци пак нека тргнат натака и нека се испотепаат.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.131
Поени од реакции
34.632
Евреите ораат. Со стапувањето на Трамп како претседател, поддршката од Америка за Израел ќе биде зголемена.
Ал-Џолани ќе биде мета, а целта е Сирија да е тампон зона. Поддршка ќе добијат курдските борци, Израел ќе ги бомбардира позициите на новата власт во Сирија длабоко на сириска територија, исто на удар ќе бидат и групите поддржани од Турција.
Америка под Трамп, своето присуство ќе го врши преку Израел, Турција не е сојузник.
Баш напротив, западните сега ќе гледаат да се смират работите во Сирија а Џули го спремаат за велики преседник, врти сучи нивни човек е тоа. Само таму дури и меѓу Сунитите има десетици фракции која секоја тера на своја страна, нема да бидат лесни за контрола. Освен прво со убаво а после со сила, Џули веќе најавува „демилитаризација“ и собирање на оружјето... Само на другите сега не им одговара смирување, РФ може ќе ги смиреа ако дозволеа некоја база да остане во некаква функционалност - што е прилично неверојатно Русите да останат таму, да полетуваат/слетуваат со сите некотролирани муџи во близина. Ене ги со Ka-52 придружба полетуваат и слетуваат Ановите за трансфер на техника и луѓе. Иранците па секако сега ќе ги поддржуваат и Шиитите и други кога ќе треба да се подбуцне нешто. Плус Израелците и Турците сите се свои планови, различни од американските во некои важни детали. Нема да се смират работите таму, иако САД сега ќе се обидуваат да има смирување.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.428
Поени од реакции
5.108
ХТС (или како и да се викаат сега џихадистите) ги исчистија сите фракции кога Асад ги притисна сите во Идлиб.
Засега се само ХТС и СНА, двете под значително влијание на Турција плус Курдите.
Така да, нема да има судир на фракции, бидејќи нема фракции.
Единствен можен судир е СНА-Курдите. СНА би биле поддржани од ХТС. Веројатноста за судир меѓу двете (ХТС-СНА) е мала, имајќи предвид заедничкиот спонзор.

Единствени кои во иднина ќе претставуваат проблем се ИСИС, ако незадоволни борци од Асад, и горенаведените организации се одделат и радикализираат понатаму.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.177
Поени од реакции
3.426

Не верувам дека ќе биде толку едноставана работата, во самите ХТС, СНА имаш еден куп добри терористи од цел свет кој не отишле во Сирија да шират демократија туку да сечат глави, да се збогатат и сл.

Оние во јужниот дел што и први влегоа во Дамаск се веројатно амерички/КСА/ОАЕ спонзорирани, во СДФ ги имаш курдите како доминантни, ама имаш и арапи кој не ги сакаат курдите.

Главниот судир сега за сега треба да биде Турција-курдите, американците ќе ги подржуваат курдите и можеби ќе ги плескаат СНА се додека не влезе Турција потоа ќе се повлечат да ја бранат нафтата од ИСИС.

Лесно беше да финансираш добри терористи, ама подруго е кога треба 10-15 милиони народ во кој има еден куп религиски секти и локалниот главатар ти е како госпоТ, сега за сега се понесени од еуфоријата, ама нека легнат работите и ќе видеш како ќе почне да се дели пленот.

А за Израел што да кажеме, освен они ние не знаеме до каде ќе одат да ја прават бафер зоната, секој ден рокаат по некоја напуштена база на САА и од ексползиите се гледа дека имале доста оружје,и дека тоа не и било проблем, дури не незнаев дека и русите имале толку многу ресурси во Сирија се додека не ги видов конвоите.

Сега судирот ќе биде Турција, веројатно финанирана од Катар, со КСА+ОАЕ кој ќе финансираат анти Турција, САД ќе ги подршуваат курдите се додека имаат интерест, ама нема да одат во судир со Турција, Израел изгледа не и беше планиран и затоа нешто Ердо се лути, на еден говор пред ден два кажа дека Идлиб, Алепо и Рака ќе биле дел од Турција, Иран сигурно ќе спонзорира терористички акции, незнам што ќе биде со Русија, дали ќе имаат бази или ќе немаат и која страна би ја спонзорирале.
 
Јас мислам дека под капата на САД, С. Арабија и Катар со Турција ќе се согласат на некаква влада колку да протуркаат гасовод (веројатно некој заеднички проект Катар-С.А.). Тоа им е најбитно засега. Катарците веќе пратиле делегација во Дамаск за отворање на амбасада.
После тоа може да има конфликти, но бидејќи главниот спонзор Катар и главниот извршител Турција ги поддржуваат двете страни (ХТС и СНА) мислам дека нема да има посериозни конфликти меѓу двете. Ќе поделат таму што може да се подели и ќе бидат среќни некое време. Тоа ми изгледа најверојатно.

Во блиска иднина најголема можност за судир е џихадисти (ги сметам и ХТС и СНА за џихадисти иако вториве се оригиналната Сириска армија што во 2011 се оддели од Асад) со Курди, т.е. Турција со Курдите.
Турците би сакале да се ослободат или да ги избркаат најдалеку што можат или да ги имаат под некаква контрола Курдите, бидејќи дефакто ќе имаат своја држава, а со тоа ќе можат да прават огромна поддршка на ПКК.
САД од друга страна ги поддржуваат Курдите, а и Израел. Судирот во најлоша варијанта може да биде Турска армија против Американско прокси, вооружени со Американско/Израелски оружја.
За Израел Курдите се од особено значење, бидејќи ќе им треба баланс против ХТС/СНА поддржани од Турција.
Имаат замисла дури и да направат коридор преку јужниот дел од Сириската граница, низ Американски контролираниот сектор покрај Јордан до територијата контролирана од Курдите што ќе им служи првенствено за спречување на проток на Иранско-Ирачки милиции и трансфер на оружје до Хезболах.

Русија имаше прилично големи ресурси во Сирија, но беа драстично намалени бидејќи голем дел префрлија во Украина и нивното повлекување делумно наликува на тоа на Американското од Авганистан, оставајќи доста оружје позади.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.537
Ова е точно и беше најчесто правено заради спречувањето на ширење на влијанието на СССР преку "комунизам/социјализам" во некоја хибридна форма. Иако (и ова ќе го дообјаснам во некој друг пост) не се согласувам дека во тие земји мнозинскиот народ биле напредни и секуларни. Но и покрај тоа лично не можам да им се ситам ради проблемите кои ги имаат со мигрантите, иако ја разбирам позицијата на тие што можат. Ама пак ќе кажам овие се истите гнаси 14 векови, далеку пред да постојат и УСА и Муса (добро Муса постоел). Тоа што искористиле ситуација што е точно не значи дека овие природно не се гнасни.
Да но СССР и Варшавски пакт не постојат 33 години, за кои повторно западните земји се мешаат во внатрешните работи на многу земји, активно потпомагаат исламисти и прават се да секуларистите паднат. Нели самиот Муамер Гадафи предупреди западот дека ако тој падне ќе следи права инвазија на избеглици кон Западна Европа?
А тоа дали и колку се гнасни не би навлегувал во тој муабет пошто немам корелација во реалноста со таков став, не познавам ниту еден шкиптар, знам еден турчин, еден босанац и извесен број Роми. Ова е важно особено што во РМ каде секој трети жител е суни муслиман. Па има и етнички Македонци кои се муслимани наречени Торбеши.
Интересно, да земеме некоја временска рамка, еве една генерација, 20-25 години.
Тука во муабет се наметнвуваат бројките. Колку секуларисти и Христијани (Домородни во разни блискоисточни земји и Американци пред се) имаат убиено муслиманите ?
А колку муслимани имаат убиено секуларните и Христијаните (америте)?
Ќе дојдеме до шокантни бројки кои кажуваат нешто интересно.
Во никој случај не го бранам ретроградниот и средновековен култ на исламизмот, имам и отворено тема за ислимистичките закани за нас и за запад, но сепак треба да ги почитуваме фактите.
Автоматски споено мислење:

Јас мислам дека под капата на САД, С. Арабија и Катар со Турција ќе се согласат на некаква влада колку да протуркаат гасовод (веројатно некој заеднички проект Катар-С.А.). Тоа им е најбитно засега. Катарците веќе пратиле делегација во Дамаск за отворање на амбасада.
После тоа може да има конфликти, но бидејќи главниот спонзор Катар и главниот извршител Турција ги поддржуваат двете страни (ХТС и СНА) мислам дека нема да има посериозни конфликти меѓу двете. Ќе поделат таму што може да се подели и ќе бидат среќни некое време. Тоа ми изгледа најверојатно.

Во блиска иднина најголема можност за судир е џихадисти (ги сметам и ХТС и СНА за џихадисти иако вториве се оригиналната Сириска армија што во 2011 се оддели од Асад) со Курди, т.е. Турција со Курдите.
Турците би сакале да се ослободат или да ги избркаат најдалеку што можат или да ги имаат под некаква контрола Курдите, бидејќи дефакто ќе имаат своја држава, а со тоа ќе можат да прават огромна поддршка на ПКК.
САД од друга страна ги поддржуваат Курдите, а и Израел. Судирот во најлоша варијанта може да биде Турска армија против Американско прокси, вооружени со Американско/Израелски оружја.
За Израел Курдите се од особено значење, бидејќи ќе им треба баланс против ХТС/СНА поддржани од Турција.
Имаат замисла дури и да направат коридор преку јужниот дел од Сириската граница, низ Американски контролираниот сектор покрај Јордан до територијата контролирана од Курдите што ќе им служи првенствено за спречување на проток на Иранско-Ирачки милиции и трансфер на оружје до Хезболах.

Русија имаше прилично големи ресурси во Сирија, но беа драстично намалени бидејќи голем дел префрлија во Украина и нивното повлекување делумно наликува на тоа на Американското од Авганистан, оставајќи доста оружје позади.
Западот би требало да ги поддржува Курдите со оружје и опрема со цел стварање на независен Курдистан кој ќе биде секуларен и прозападен. Зошто ја подржуваат османлиската багра е прашање на кое немам одговор. Стратешката важност на Дарданели е веќе надмината, Црно Море е небитно езеро.
 
Последно уредено:

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.067
Поени од реакции
1.245
Не верувам дека ќе биде толку едноставана работата, во самите ХТС, СНА имаш еден куп добри терористи од цел свет кој не отишле во Сирија да шират демократија туку да сечат глави, да се збогатат и сл.

Оние во јужниот дел што и први влегоа во Дамаск се веројатно амерички/КСА/ОАЕ спонзорирани, во СДФ ги имаш курдите како доминантни, ама имаш и арапи кој не ги сакаат курдите.

Главниот судир сега за сега треба да биде Турција-курдите, американците ќе ги подржуваат курдите и можеби ќе ги плескаат СНА се додека не влезе Турција потоа ќе се повлечат да ја бранат нафтата од ИСИС.

Лесно беше да финансираш добри терористи, ама подруго е кога треба 10-15 милиони народ во кој има еден куп религиски секти и локалниот главатар ти е како госпоТ, сега за сега се понесени од еуфоријата, ама нека легнат работите и ќе видеш како ќе почне да се дели пленот.

А за Израел што да кажеме, освен они ние не знаеме до каде ќе одат да ја прават бафер зоната, секој ден рокаат по некоја напуштена база на САА и од ексползиите се гледа дека имале доста оружје,и дека тоа не и било проблем, дури не незнаев дека и русите имале толку многу ресурси во Сирија се додека не ги видов конвоите.

Сега судирот ќе биде Турција, веројатно финанирана од Катар, со КСА+ОАЕ кој ќе финансираат анти Турција, САД ќе ги подршуваат курдите се додека имаат интерест, ама нема да одат во судир со Турција, Израел изгледа не и беше планиран и затоа нешто Ердо се лути, на еден говор пред ден два кажа дека Идлиб, Алепо и Рака ќе биле дел од Турција, Иран сигурно ќе спонзорира терористички акции, незнам што ќе биде со Русија, дали ќе имаат бази или ќе немаат и која страна би ја спонзорирале.
Русија си ја свитка опашката, појасно не можеше да се каже. Не успеа да го заштити својот сојузник во Сирија како што се надеваше, а и односите со Турција се искомплицирани. Иако имаа воени бази и ресурси, Русија не успеа да игра на вистинската страна во сите геополитички игри во регионот и во светот.

Во Сирија, никој повеќе не сака да слушне за Русија, нивниот кредибилитет е сведен на нула. На крајот, поради недостаток на решителност и погрешни стратегии како и секогаш по обичај, беа соочени со сериозни предизвици, Русија остана без доволна поддршка на терен. Ова не само што ја намалува нејзината улога во блискиот исток, туку има и сериозни долгорочни последици за нивниот геополитички статус.
А во меѓувреме, во Украина се заглавени до гуша и едвај чекаат Трамп да дојде да седне на власт во САД, за да ја завршат војната некако во нивна корист. Загубите и штетата што ги имаат претрпено се невидени. Сега им остана да се курчат само со нуклеарки и ништо друго. Но, и тоа курчење е само симболика и празен чалам, бидејќи не можат да ги употребат, ако го направат тоа, и тие сами ќе јадат после.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.428
Поени од реакции
5.108
Вреди да се спомни и Украинската поддршка за џихадистите.
Украински оператори обучувале и веројатно активно учествувале во офанзивата против Асад.
По видеа имаше доста џихадисти опремени со шлемови, панцири, модерни пушки, комуникации и сл.
Значителен успех е забележан баш од оваа поддршка во првите денови од офанзивата.
Има веројатност џихадистите да се заблагодарат на ова со праќање своја поддршка за Украинците на фронтот против Русија.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.118
Поени од реакции
9.541
Русија не успеа да игра на вистинската страна во сите геополитички игри во регионот и во светот.
Oсвен руската страна нема друга страна за Русија бе теле.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.398
Поени од реакции
4.253
Од целата калакурница, засега е очигледно дека сигурни добитници се Израел а покрај него и Либан. Конечно ке се куртулат од Хезболах кои сега ке фатат џаде од Либан. Израел ке ја осигура својата безбедност (бонус ке лапне и територија) а Либан конечно ке може, со помош на Израел, да се очисти од вошките и да почне да функционира. Фалестинците ке го папаат на ангро. Се друго ке остане калакурница во која историска шанса ке имаат Курдите па ако ја погодат вистинската страна може конечно да добијат држава. Сирија сигурно нема да остане целовита.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.909
Поени од реакции
10.997
Русија си ја свитка опашката, појасно не можеше да се каже. Не успеа да го заштити својот сојузник во Сирија како што се надеваше, а и односите со Турција се искомплицирани. Иако имаа воени бази и ресурси, Русија не успеа да игра на вистинската страна во сите геополитички игри во регионот и во светот.

Во Сирија, никој повеќе не сака да слушне за Русија, нивниот кредибилитет е сведен на нула. На крајот, поради недостаток на решителност и погрешни стратегии како и секогаш по обичај, беа соочени со сериозни предизвици, Русија остана без доволна поддршка на терен. Ова не само што ја намалува нејзината улога во блискиот исток, туку има и сериозни долгорочни последици за нивниот геополитички статус.
А во меѓувреме, во Украина се заглавени до гуша и едвај чекаат Трамп да дојде да седне на власт во САД, за да ја завршат војната некако во нивна корист. Загубите и штетата што ги имаат претрпено се невидени. Сега им остана да се курчат само со нуклеарки и ништо друго. Но, и тоа курчење е само симболика и празен чалам, бидејќи не можат да ги употребат, ако го направат тоа, и тие сами ќе јадат после.
Друже, говоров како во некоја корпа за ѓубре на CNN да си го нашол..
Ваљда и они нејќеле да го прочитаат од што бил шизофрен.

У реду е. Не ги мисли толку русите! На друг континент се они..
Си имаат ресурси и се..

Туку што мислиш сега, во тоа анусот на светот што се нарекува Блиски Исток..
Рози ли ќе процветаат?!
Швицарска на песоците ли ќе станат?!
:toe:
Не си ми јасен ама ич!

Ја едно знам сигурно..Е дури сега без секуларна власт таму, реки крв ќе течат!
И нема да биде тоа руска..
Дури сега го фанавте опашот на ѓаволот!
Ќе си плачате за секуларната Сирија..
ама замина тој воз..
 
Друже, па и ти како да го состави овој говор од коментари по дното на интернет форумите.

Го спомнуваш Блискиот Исток како анус на светот, ама изгледа забораваш дека токму тој регион е колевка на цивилизацијата, а истовремено и бојно поле на туѓи интереси.

Реки крв ? Да, крвта тече со децении, но не поради 'опашот на ѓаволот', туку поради мешањето на странски сили кои го разгоруваат огнот. Што се однесува до Сирија , не беше таа секуларна само по себе, туку под контрола на автократски режим, кој држеше стабилност со железна рака. Тоа е реалноста што многумина сакаат да ја романтизираат.

И не се грижи толку за моето разбирање, гледам дека ти си го завршил твоето, па дури и го спакува со готови заклучоци. Твојот 'воз' одамна заминал, ама гледам дека и ти си останал на перонот. А Сиријците самите ќе си ги решаваат проблемите во сопствената земја. Така да ичч да не се секираш ниту ти, ниту јас.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom