Тоа со брзината на продавањето на карти за вакви дербиња е продавање ветар во магла.
Се продаваат мал дел карти, се знае дека остатокот се за оние што имаат сезонски билети плус тие што ги чуваат за свои луѓе.
И на времето вака ги продаваа за Вардар-Металург (со лимит на продажба на неколку карти), за 5 минути се продаваа што се вика. Дел одеа со физичко купување, џабе чекавме саати претходно, се' беше одма продадено онлајн.
Уствари продале 500-1000 карти, другото однапред поделено или букирано со сезонска
На Битола (и ред други градови) и е неопходна функционална поголема сала какви што има две во Скопје (Јане Сандански и Борис Трајковски). Заслужува битолската публика. Проблем е што тие сали не им е примарна цел да се полнат за ракомет, туку општо за еден куп настани. Колку пати ќе се наполни таква сала во годината на спортски настани?
Битола треба да се издигне целосно на инфраструктурно ниво (поврзаноста со Охрид барем, да се развие охридскиот аеродром), за таму да има и концерти и секакви други собири, за да некој се закрене да изгради нова сала.
Е сега едното си го повлекува другото, ако има сала, веројатно ќе ср поправи и другото. Ама не размислуваат сите ко навивачите.
Што и да биде, инсистирајте салата да ви остане како сега, трибините до теренот, затоа што така притисокот е дааалеку поголем