"Размислувањата ти се интересни, но би рекол дека ситуацијата со Турција е покомплексна од тоа. Навистина, Турција има сериозни зависности од увозот на енергенти и компоненти, но тоа не ја спречува да биде значаен регионален фактор а и пошироко. Наример Турција има воени бази дури и во Африка. Покрај тоа, нејзиниот воен и индустриски развој покажуваат дека работи на зголемување на самостојноста, особено во одбранбената индустрија (дронови, хеликоптери, бродови итн.).
Што се однесува до санкциите и исклучувањето од проектот F-35, тие навистина се проблем, но Турција продолжи да инвестира во алтернативи како што е програмата за свој борбен авион и соработка со други партнери, како Русија. Се разбира, стратегијата на седење на повеќе столици носи ризици, но исто така ѝ дава маневарски простор.
Во секој случај, не треба да ја потценуваме, бидејќи иако Ердоган можеби има контроверзни политики, Турција е држава со значителна геополитичка тежина и капацитети кои не може лесно да се игнорираат во светот. Да не заборавиме дека и другите играчи во геополитиката не се секогаш беспрекорни или безгрешни во нивните потези.
Покрај тоа, не треба да се заборави дека Турција има клучна геостратешка позиција која ѝ овозможува да биде мост меѓу Истокот и Западот, и таа вешто го користи тоа за да ги штити своите интереси. Турската дипломатија и економија се исто така силни алатки, со кои успева да си обезбеди влијание далеку надвор од своите граници.
И на крај, Ердоган без разлика што мислиме за него, успеа да ја постави Турција како клучен играч во регионот и во светската политика. Силата на државата не е само во нејзината војска, туку и во способноста да влијае на геополитички текови низ целиот свет.