Тоа со деди ишјуз буквално истото го напишав во коментарот, ако сакаше само да дадеш дообјаснување океј, можда и ти се правеше муабет
а ако не ме сфати друго 20.
Таквите мушички во глава се раѓаат со самото присуство/отсуство на доминантна машка фигура во животот на едно женско дете.
Развојната психологија како предмет треба да биди изучувана во средно и на факс (на секој еден факс) за да мажите т.е. машките кои утре треба да станат мажи и да основаат семејство знаат како треба да се постават со своето женско чедо од најмали возрасти, па сè до зачеток на школска и потоа пубертет, пошто реално дотогаш го имаш „камшикот“ и што си оформил како личност, кои вредности си ги вметнал во „чипот“ *(читај во глава), дали и во какво семејство си го израснал тоа чедо ќе рефликтира многу (ако не и пресудно) во животот на тоа дете во иднина.
Максимализирај ги ефектите на промашено детство до 12-13 години со фаќање на пубертет и буквално губење на идентитетот и го имаш во целост и на тацна она што се случува со денешната младина по западот, а и тука (само кој како е спремен да збора за тоа и да признае).
Затоа и се атакува на раното зачекување на децата од најмала возраст по училишта со афектирање на неговата личност и претставување на Родител 1 и Родител 2 како новата реалност, а особено со „слободарските“ закони во некои земји каде детето од некои 14-16 години натаму *(некаде и порано) има право да ти каже што пол е, а ти може само да се сликаш.
Затоа, како родители (бидејќи системски никако не е решено ова, напротив сите напори се вложени во спротивна насока) треба од петни жили да се трудите да читате колку што е можно повеќе, да присуствувате на предавања (доколку ги има кај нас супер, доколку не онлајн да се бараат истите) и да сте СЕприсутни во развојот на своите деца градејќи околу нив една здрава средина. Пошто ти го пречекори прагот од дома само, честито после влијание - практично тоа со секој следен ден се намалува, а според мое мислење тоа што си створил до 10-12 годишна возраст толку ќе му дојде, после тој период многу тешко воспоставуваш контрола, а за внесување во глава нови вредности мало сутра.
Цело ова напишано можеби (не можеби него сигурно е за во некоја друга тема), но обопштено влијае и на сликата за машко-женските односи како една општа тема на која дискутираме.
@JBTgirl можам со тебе и 20 пати да не со согласам во целост за некоја тема на муабет, но не значи дека не можам да правам муабет (што е обострано и што е добро).
Го искористив само делот од постираното со кое не се согласив *(другиот дел од напишаното ми беше океј) за да дадам свое мислење што сè влијае на тоа зошто некоја е сама, зошто не и се погодило, зошто е ливадарка и vice versa (пошто има и машки на кои не им се погодило па кукаат и викаат по сите).
Во принцип, полесно ми е дискутирањето пошто не вадиш муабет од контекст за разлика од Пумата која еве пак се чачна со мене иако никаде не ја спомнав ниту со делови од постот мислев на неа.
Не, никаде не реков дека ако некој ти се „понаша“ као кавалер дека е ултра смешно,
напротив таквото гледање на „смешноста“ кај едно нормално машко е проблемот. Сè додека таквите машки ви се проблем имате други нерешени работи во животот. Мака ми е да ти објаснувам, ниту пак ќе се разбериме.
Никој не ти вели дека си неспособна да смениш резервно тркало на колата *(сијаличка де) или дека си некадарна троседот да го преместиш али додека размислуваш на овој начин и се водиш по тие принципи - тогаш ти си губитникот во приказната.
Као, нема он што мене да ми кажува можам јас сама.
Океј. Терај. (Секој со 2 грама во глава ќе ти го каже ова. Не сака многу курчење, понекогаш сака и понизност/скромност за да може еден маж кој се респектира пред сè себе си да почне да те респектира и тебе. Во спротивно ако вака на нож ги дочекуваш сите во животот како што се обидуваш тука на форум, не ме ни чуди што си засега сама и што тешко ти оди во пронаоѓање на за тебе „идеалниот“.)
И воопшто, те молам не ме спомнувај и не ме цитирај,
не ми вади муабети од контекст пошто немам намера да се влечкаме по темите. Во однос на машко - женските односи воопшто 2 различни света сме и во целост не го делам твоето гледиште за ниеден став што досега го имаш изнесено (од тие што ги имам прочитано), шо само по себе не дава никаква потреба за спомнување, цитирање или било што помеѓу мене и тебе.
Во реалниот живот на жени (ликови) како тебе не сум потрошил ни 2 ебани секунди, ве оставам вие се да знаете, можете, смеете итн. итн. итн. и со ништо не сум се потрудил да ве пробудам од таа илузија.
Овде на форум се обидов на неколку пати, шо со арно, шо со не толку арно ама бадијала гледам - повторно ме спомнуваш во дискусија која не те тангира лично, ниту сум те спомнал некаде.
Така да, океј е, супер за тебе што си самостојна, те молам самостојно не ме цитирај/тагирај/спомнувај воопшто - губење време ми е.