- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 4.027
- Поени од реакции
- 6.504
Не знам сеуште која литература ја имаат теистичките сатанисти, не верувам дека има една книга како кај лавејанците со сатанската библија, употребуваат све и свашта.Не ја разбираш импликацијата ако веруваат во ѓаволи и бесови, а да не веруваат во другото. Сатанизмот доаѓа од јудео-христијанските верувања.
Која света книга зборува за сатаната? Имаат сатанистите своја света книга? Во што веруваат и од каде им учењето?
Ти ги спомна овие теистички сатанисти... сигурно имаат свети книги, верувања, од каде доаѓа сето тоа?
Не може да веруваш во сатаната, а да не постои Исус, или може?
П.С. Зошто не отвориш тема Сатанистички убиства и таму пишувај за вакви настани собрани од вести по нет... а тука да биде за разглобување философии и верувања околу сатанизмот... да биде попрегледно.
Не сметаш никому, само дадов идеја да не се трупа сешто муабети во една тема...
Може некој да верува во постоењето на Исус и истовремено да е поклоник на сатаната. Верниците во ѓаволот гледаат краен непријател на Исуса и како инкарнирано зло тој автоматски е целосна спротива на Спасителот.
Може и таква тема да отворам, макар да темава немаше нешто особено муабет пред да започнам да ги постирам дејанијата на семето сатанско. И покрај малиот број јузери кои постираат тука можат да се извлечат некои заклучоци кои беа прилично чудни.
Постои. Има атеисти кои употребуваат сатанска симболика со цел да тролаат христијани и поради некоја причина само христијани, не веруваат во ѓавол и целата суштина на нивното делување е кловновска во најмала рака, циркузанти кои лепат рогови на челото и цртаат три шестки на задникот.Не постојат теистички и/или атеистички сатанизам.
Секое учење и/или дејание, кое претендира на духовност, мора во себе да содржи и релација на човекот со одреден бог, било жив, било измислен, било идол...Значи, сатанизмот е „теистички“, оти Сатана сакаше да стане (како) бог.
Просто и едноставно.
Поимите „теистички„ и „атеистички„ се обични еуфемизми, кои служат за релативизирање на злото, на таткото на злото и на однесувањата и верувањата од поклоинците на таткото на злото.
Теистичките/религиозните веруваат во постоење на ентитет кој за нив има улога на бог, божанство, односно тоа е паднатиот. За нив тој е врховно битие. Проблемот е што нивните дела не добиваат внимание и луѓето ги релативизираат нивните ужасни потези, медиумите се прават глуви и слепи а органите на прогонот се ограничуваат на површно вршење на задачата.
Атеистите кои прават мајмунлаци со сатанска симболика не се зли туку се исчашени за разлика од верните сатанисти кои се зли, забегани и свирепи истовремено.
Тука на форумов имало неколку атеисти кои мислеле дека се edgy со сета таа сатанистичка симболика, може да испаднат интересни у друштво, да ќарат сношај и да импресионираат некој тинејџери.