Е таму тек брат ко ќе се потрефи... со кандило ќе ја бараш оваа старата.
Сфати една работа, дека според ова напишаното тука (се надевам дека е така како што претставуваш) АМА БАШ НИШТО НЕ ТИ ФАЛИ и токму затоа што ништо не ти фали не си ценет и одбегнуван можеби од „друштвата“ т.е. атерџија си, тука си да помогнеш, не си лицемер, сакаш вистински пријателства наместо лицемерни, а тоа што не си хипокрит и живееш во вакво време е повеќе мана него предност (гледаш и сам, за жал).
Така да, штом тргниш од таа помисла дека ништо не ти фали и работиш на деловите избувливост и губење на надеж ќе имаш напредок.
Во однос на таа будалата, штом си се фатил институционално терај ја таа работа, секој контакт со тебе што го прави пријавувај го и истерај ги работите на крај.
Во однос на жените воопшто, помири се со тоа дека во денешно време повеќе ќе сретниш машкуданки и феминистки одошто жена со манири и почит - испревртени се одамна работите ама ќе си се поставиш од почеток и ќе бараш во една врска барем половина од тоа што даваш како услов за било каква иднина, а особено да ти го почитуваат зборот (и стои си на своето, не менувај ставови).