Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Има, за жал. Растот моментално им е заради гласините за преземање од Qualcomm, но исто така и дека веќе се квалификуваа за 3 милијарди од Пентагон да прават чипови за нив, а и има гласини дека Аполо сака да инвестира 5 милијарди во нив.
ЦЕО-то мислам им е тежок дебил и заради него заостанаа во споредба со другите, но сепак имам надеж дека ќе се врати. Не за друго average price ми е доста висок. Мислам дека има некој рестрикции за преземање зашто некако беа Qualcom исповрзани со Кина ама немав време да читам.

Моја грешка е што не докупив кога беше 18 долари за да спуштам average price на портфолиото, пошто 3 пати докупував да спуштам пошто ги зедов доста високо и се одеше надоле. И сега кога беа на 18 ми текна на онаа мајка не колне син што се коцка туку што се вади и баталив.

Штом достигне барем приближна цена на average price што ми е, големи се шансите да продадам. Освен ако не отиде уште повеќе да сум плус, тогаш ќе оставам барем нешто. :icon_lol:

Има наши на раководни позиции по Интел, да ги замараме за инсајдерски информации. :pos:
Од тоа што читав и Qualcomm не е заинтересиран за цела компанија, го интересираат неколку сектори (главно PC design business).
Читав за тоа со Пентагон, ама не ми се видоа многу пари, овие ќе ги снема само да ги покријат дупките за објектите што ги градат https://www.intel.com/content/www/us/en/newsroom/news/updates-intel-10-largest-construction-projects.html#gs.f78dso

Клизави се доста, ако отидат уште надоле со слободен кеш, и негатива во заработка, може да отиде и надоле. А кога ги купив пред 3 години ми личеа како најстабилни од сите компании за чипови, барем на хартија беа топ, знаев дека имаат проблеми и дека почнаа да доцнат во споредба со ТСМЦ, ама ајде на стара слава, како компанија постојат 20+ години подолго од другиве и беа први по иновативност, само ги зезна зоната на комфор.
 
Член од
1 октомври 2017
Мислења
13
Поени од реакции
0
Кога прикачувате документи се отвора листа од 3 видови на документи:
Опис на документ:
Доказ за остварен приход во странство
Опис на документ:
Доказ за набавка и продажба на уделите од инвестициски фондови во странство
Опис на документ:
Доказ за извршена набавка односно стекнување на основачки влог во странство и доказ за продажба

Под нив како посебен дел има можност да се прикачи документ без да се селектира некое од претходните.
Извештајот од IB го прикачив во тој посебниот дел без да прикачам документ во некои од претходните три. Кога одам да ја проверам состојбата на ставката ми покажува дена Не се прикачени сите задолтелни документи.

Треба да го прикачам истиот извештај и во делот за Доказ за остварен приход во странство или да почекам дали ќе ми го одобрат вака?

Ова се однесува на пријавување данок од продажба на акции на IB.
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2023
Мислења
33
Поени од реакции
41

Како ќе ти го одобрат кога не ти се прикачени сите задолжителни документи, и не ти е поднесена пресметката?

Да, ако во еден документ се гледаат сите податоци (датум и цена кога си купил и кога си продал), може истиот документ да се прикачи на сите места. Го пишува ова на форумов поназад. И не заборавај на крај да кликнеш да ја поднесеш. Ќе ти каже потоа системот дека се чека на одобрување од УЈП. Ако нешто друго не ти е јасно, има сајтот на УЈП податоци како да ги контактираш (емаил на пример).
 
Не ми беше јасно зошто би требало на секое од тие три да поднесам документ кога само имам приход од продажба на акции. Односно само првиот дел за - Доказ за остварен приход во странство.

- Опис на документ: Доказ за набавка и продажба на уделите од инвестициски фондови во странство

- Опис на документ: Доказ за извршена набавка односно стекнување на основачки влог во странство и доказ за продажба

Зошто би требало документ за последниве две кога немам удел во инвестициски фонд ниту пак основачки влог.
 
#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.326
Поени од реакции
250
Знам дека повеќето одговори ги има, ама не успеав да најдам искуство на некого во случај кога си задоцнил со пријавување на дивиденди или добивка во ујп? Дали има друга постапка за тоа пријавување? Кои се казните процентуално?
 
Член од
6 април 2023
Мислења
33
Поени од реакции
41
Не ми беше јасно зошто би требало на секое од тие три да поднесам документ кога само имам приход од продажба на акции. Односно само првиот дел за - Доказ за остварен приход во странство.

- Опис на документ: Доказ за набавка и продажба на уделите од инвестициски фондови во странство

- Опис на документ: Доказ за извршена набавка односно стекнување на основачки влог во странство и доказ за продажба

Зошто би требало документ за последниве две кога немам удел во инвестициски фонд ниту пак основачки влог.
Сите се задолжителни, зошто незнам. Еве ти и друго (постаро) мислење од друг член на форумов: линк

Ако те интересира зошто, прашај си во УЈП. Ако мора да претпоставам, тогаш мислам дека системот не им поддржува да одберат задолжително дека е документ (А) ако се акции или (Б) ако е фонд или (Ц), па ги ставиле сите задолжителни.
 
Член од
1 октомври 2017
Мислења
13
Поени од реакции
0
Сите се задолжителни, зошто незнам. Еве ти и друго (постаро) мислење од друг член на форумов: линк

Ако те интересира зошто, прашај си во УЈП. Ако мора да претпоставам, тогаш мислам дека системот не им поддржува да одберат задолжително дека е документ (А) ако се акции или (Б) ако е фонд или (Ц), па ги ставиле сите задолжителни.
Фала ти. Ги поднесов пресметките во неделата.

Во статус ми пишува дека е за проверка, а во вид без налог за плаќање. Обично колку време им треба за да ги проверат?
 
Член од
22 октомври 2024
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво,
Дали има некој кој инвестира во US based ETFs?
Колку што имам читано, не биле достапни за европјани, па заради тоа има UCITS ETFs, но на IB гледам дека можам да купувам и US based.
 
Член од
27 ноември 2024
Мислења
10
Поени од реакции
7
Дали кога продаваме акции и купуваме други треба да се пријави нешто во ујп ?
значи не ги вадам парите само едни продавам други купувам.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.649
Поени од реакции
5.359
Добро, и што треба сега јас да направам ?
Да донираш 100€ во хуманитарна организација по твој избор и да постираш скриншот.

постави прашање, доби одговор.
Јас ти кажав какво е правилото, а истото вика дека за секоја реализирана добивка треба да пријавиш и платиш данок.

дали ти ќе постапиш по закон или не ама воопшто не ме интересира, нит ми земаш од џеб, нит па имам ќар ако пријавиш
Секое добро и само успеси понатака
 
Член од
7 мај 2012
Мислења
27
Поени од реакции
19

Човекот сакаше да праша како да го пријави тој данок, како оди процедурата.

Најверојатно го разбра погрешно според твојов одговор.
 
Член од
27 ноември 2024
Мислења
10
Поени од реакции
7
Човекот сакаше да праша како да го пријави тој данок, како оди процедурата.

Најверојатно го разбра погрешно според твојов одговор.
Да не биди рекла кажала муабти утре ќе одам до УЈП да видам што ќе кажат, се надевам упатени се во овие работи па ќе се разбереме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom