- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 3.978
- Поени од реакции
- 6.464
Не го лажи форумскиот аудиториум здравство е бизнис само во САД и никаде на друго место. НХС бо Британија е основан со цел да народните маси имаат пристап кон медицинска услуга, нешто кое дотогаш било само за виша средна класа и богатите.Работна рака, крадење, неоптимизираност на ништо, скапа апаратура, многу регулации и еден тон џаболебари. Здравството во западниот свет е бизнис, и од таму се добрите плати. Како држава ако сме одлучиле да одиме во таков тип на општество (по се изгледа да ако гледаме дневници на мајстори, плати на програмери и тн), тогаш ќе плати оној што може, а докторите и сестрите ако сакаат такви плати ќе треба и да ги заработат.
Тука специјалист за консултација ми наплаќа од 250-300 долари за 10 минути разговор (некогаш ни толку), ама затоа болницата му лупа плата од 300-400к годишно, но типот е печатница за пари. Во Систина исто му даваат 5к плата оти само да се фатиш на кваката ќе треба да платиш 200 евра.
Истата пломба е и во Македонија, и во Германија, Австралија, Тајланд. Во Македонија е 1200 денари оти со таа сума може да подмири трошоци, во Австралија пломбата е од 200 до 360 долари (ако треба да го умртвуваат е 2500 по заб).
И како екстремно строга и регулирана индустрија ги прави скапи сите работи. За да развијат софтвер нема да отидат кај рандом фирмичка за програмирање, туку ќе одат во некоја што има еден тон сертификати за таа индустрија, и плус ќе се ангажираат уште неколку консултатнти од индустријата. Па ако слична апликација за продавница за Гуми кошта 10к евра, оваа за болницата ќе кошта 300к евра. Истото е и со машини што се користат таму, мора да поминат далеку повеќе тестирање, поголеми стандарди, се плаќаат специјални лиценци за увоз и тн. Во превод, има многу раце на средина кои чепкаат од колачот, и тоа мора да го плати крајниот корисник.
Автоматски споено мислење:
Стока се команда само со диктатура, на турците тоа им успеа повеќе од 5 векови, на тие што пробуваат да играат со демократии им држи по 1-2 мандати.
Не се восхитувам, само ти кажувам што следува, Кинезите го прават директно и ти кажуваат, другите ќе го замотаат во пакетче и ќе биде продадено дека е за наше добро (за безбедност, за да не те скамираат и тн). Еве на секоја бандера овде имаат ставено камера, на секој објект има камера, сите можни сметки ми се тракирани, мобилен телефон, коментари на интернет, па дури и гледаат како живееш (како мислиш го фатиле овој), телефонот ме слуша 24/7, сега да спомнам нешто низ муабет дома, и без пребарување на интернет ми дава едно чудо реклами за таа работа, неколку пати на мајтап го имам тестирано.
Во Европа е таа ситуацијата. Здравство не смее да биде бизнис освен некои гранки како козметички операции, промена на пол па и забарство.
Постои причина поради која не смее да биде бизнис, затоа што отсуство на квалитетна услуга може да резултира со смрт или доживотна осакатеност. Иам живеано и учено во Австралија и таму има јавно и приватно здравство, никој не е лишен од можност за медицинска услуга.
Нема пречка за постоење на приватно здравство но тоа треба да биде надополнување а не примарна дејност. Во вакви мали средина душа си дало за монополи и картели.
Имањето достапност кон медицина е една од цивилизациските придобивки на еден век борби и страдање на работничката класа, не се појавило тоа пошто некому текнало така да биде.
Што е здравството, услужна дејност? Ставаш здравје и живот на коцка иначе во услужни дејности?