Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

С

Сатори

Гостин
~*~

Acid

Чувствителниот тип кој има неопходна потреба тоа да го скрие со мал милион саркастични коментари полни со иронијата која ја пружа администраторската титула.Премногу се труди да ги маскира некои свои карактерни особини со што уште повеќе ги истакнува како што е зависноста од одредени работи, се обидува да ја претвори во независност, верувам и дека он сам верува дека тоа е така.
Иако на прв поглед делува толку антипатично и вообразено, не е баш така, иако егоцентризмот му испаѓа од секоја пора, напротив знае да биде и фин и пристоен кога сака да биде или кога мора да биде.
Некако како цел живот да се бори да влезе во главниот кадар, всушност и тоа добро му оди поради интелегенцијата која ја поседува, само емоционалноста некако ми ја крши сликата.
Верен на својата идеологија, на работите кои ги сака, но не знам колку е борбен за да ги добие, остава впечаток дека е, но едноставно тоа не ми се склопува.
Стрплив е, чека, во текот на животот научил дека е потребно да се погоди вистинскиот момент за нешто да се добие, лотаријата е секогаш игра на среќа и истрајност, крајно и доза на мистерија за заинтересираност никогаш не е на одмет.
Ги перцепираш работите, но не и деталите, понекогаш целосната слика може да биде и побитна од сите мали знаци на кои не се фокусираш убеден дека тоа ќе ти ја открие позадината, поентата е дека не секогаш има позадина, колку и да имаш докази дека не е така.Животот е непредвидлив, според тебе треба да биде, се додека знаеш што те очекува може гардата да се бори, иако знаеш и да се изјасниш како тоа тебе животот ти е многу возбудлив.
На моменти делуваш и како перфекционист, одреден стил, одреден начин на држење, ретко се прават отстапки, ништо не се постигнува со хаос и стрес, не?
Лесно напредуваш во животот веројатно, се служиш со здрав разум, но повторно премногу ги пренагласуваш своите интелектуални способности (знаеме дека си паметен, нема зошто тоа упорно да го докажуваш, освен ако не си го докажуваш на сам себе).
Дрзок си.Изгледа мислиш дека имаш право да бидеш.
Крајно, знаеш дека имаш квалитет, нема зошто тоа да го кажувам, ги цениш работите што ги имаш и ги пласираш, понекогаш премногу, но на крај битен е ефектот кој ќе го добиеш, а барем тоа, ти оди од рака.


Ете ... бев фина.:smiz:





 
N

NightFuneral

Гостин
И да јадеш, еве ти го моето мислење... ја на барање на Серпи не потклекнувам... :)

Види, ја твој ебан пост немам почитано, освен овие два овдека на оваа тема. Ама ми е сосема доволно да те проценам. Најверојатно погрешно, но, кога пак оваа тема донела нешто искрено и паметно осовен постот на Ада наменет исклучиво за мене.

Значи, ти си девојко даркер, то ест црна девојка и тоа е јасно како Вилхемина која ужива на задушница во Бутел на парцела број 23. Ти си занесена по поезијата на Едгар како што сум јас по Балашевиќ. Немам ништо против тоа... само да те потсетам дека Балаш пее за љубовта од средношколските денови (Ада не ме заебаај ќе те обесам) а Алан за Гарванот кој е симбол на смртта. Дали е подобро да си жив или мртов процени сама, нема да ти се мешам, може да ти сугерирам погрешно па да ми се жалиш дека сум ваков или онаков...
Имаш од прилика 20 години, што значи дека карактер се`уште билдаш. Не бери гајле, не викам дека си малечко, јас на 25 се`уште сум како тебе (барем се тешам). Се надевам дека црното ќе го пребродиш... шо ќе ти е бре... остај гробишта и срања, жива си, дечко ти е жив, уживајте у живиот кекс.
Имам чувство дека некој те влече накај ортодоксно даркерство. Но тебе не ти се допаѓа толку многу тоа. Повеќе си за живи бендови и фини случувања (што е добро). Можеби U2, па дури и би експериментирала и со други стилови ако некој не ти го пере мозокот. Сакаш убави работи, и имаш стил, но неможеш да се оттргнеш од некои дебилно радикални размислувања кои објективно ти пречат... (реченицава ми е “Баба Ванѓа хир ај кам“) но така е. Влези малку во розево друштво, да го осетиш пулсот на живите, верувај и во Картел е убаво ако се убедиш во тоа... Кога ќе ја фатиш рамнотежата и балансот на животот... после е лесно. Се` ти оди во прилог... :)
ХАх дури сега ова го читам.Фала за анализата знаев дека немоеш да ме погодиш.Сепак фала многу,скоро никој до сеа не се нафатил на вакво нешто и затоа сум ти благодарна за трудот.20 години немам а иам 18,не се декларирам како металец,даркер и сл етикети,не го ОБОЖАВАМ Егар Алан По до толку,ама го почитувам човекот и неговата ствар,за картели не коменитирам,иам посебно искуство со такви места ,не е сега местово за коментирање.Мозокот фала богу не ми го пере никој,U2 ги слушам,имам многу розеви другарки,пулсот на животот нема везе со нив,а рамнотежа у животот иам оххххооо и тоа како,јес да рано е да зборам иам само 18 год,а другарка ми Вилхемина нема никаква конотација тука, не е заебанција..фАЛА ти Многу за анализава.:smir:
п.с очекувам сеа црвени мислења :helou:
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Taste me :) ај некој нека си искажи за мене ако не му е мака ако му е интересно само :)
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Фликс...

За тебе бачко имам многу да пишувам...ама сепак ќе се обидам најбитното да го напишам..

Како прво си многу добродушно типче,кое гледа на сите да им угоди...

Сакаш да фотографираш и да работиш во фотошоп...

Те има на сегде на форумов,во последно време највеќе во Фотографија и пред се Играчница...

Сакаш да се забавуваш и да имаш убав провод кога си излезен..

Си ми оставил впечаток како многу паметна и бистра личност...секогаш насмеана и весела..

Сум зборел повеќе пати со тебе на мсн и секогаш си се обидел да ми помогнеш ако нешто ми треба и го ценам тоа...

За љубовта нема што да кажам,мислам дека девојките ти се јака страна...и си еден од подобрите "јебовци" во твојата ти родна Битола:)

Те немам запознаено во живо,но сакам и се надевам на тоа на следната собиранка на 19 Јануари...

Данкешен..мислам дека беше доволно..:helou:
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
65
G e G o




Ајде една анализа на суво и за тебе...

По аватаров го забележувам детското во тебе сакаш зезање,журки,девојки и се во големи количини,безгрижно:) Ноооо,сепак си еден мирен дечко кој е разочаран од љубовта (по постовите),ама не сме сите исти,уствари може сме ама има подобри и полоши(девојки:pipi:),со добри или лоши особини се како кој си ја наредил тоа и ќе си добие лајф гоус он,ќе “зезнеш ќе те зезнат”!Женскиот пол за тебе е проблематичен поим ама баш тоа ти е предизвик.Како што гледам имаш преголемо искуство кога е во прашање љубовта затоа не чепкам таму немам право на збор:)


Велиш по дождот може да дојде и снег,т.е од лошо може уште полошо да биде,со тоа си помалку оптимистички настроен,ама си сепак реален,секогаш во животот има добри и лоши страни и ситуации и неможеш да побегнеш од нив ама не е се така црно!!!

Неспортски тип,и те карам за ова!!!Има многу поинтересни работи од да седиш пред пц и да пиеш кафе со цигарче!!!

И знаеш што?!Се надевам ќе се видиме на саем у Скопје и ке ја дочекаме заедно 2008!Имам уште многу да дознавам за тебе,анд бикос оф дет овде ќе дадам завршна реченица....мислам дека си многу добар дечко од тоа што го имам слушано за тебе и се надевам дека нема да ме разочараш:icon_lol:!!!:back:

п.с И немој да ме критикуваш јавно за анализава ако имам нешто згрешено...фала однапред!:pipi:





:kajg:
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Маwечко..

Деа ти си една прекрасна девојка,полна со добрина и искреност...

Сакаш и сакаш да бидеш сакана...

Љубовта ти е на прво место заедно со школото...

Дафи е твојот ангел за кој живот би дала...

Што се однесува до тоа колку те познавам..

Малку,многу малку,а знам дека има многу добри работи кој има да се слушнат за тебе..

Од кога сум на форумов секогаш си ведра,насмеана,знаеш да ме насмееш,ама знаеш и да ме изнервираш:)

Некогаш строга,но никогаш злобна..

Гледаш на секој да му помогнеш на најдобар можен начин..

Според аватарите и потписите никогаш не ја испушташ твојата голема љубов Дафи..со која се надевам,и искрено сакам да останеш до крајот на животот,зошто сте совршен пар..

Сакаш нега и посебна грижа...обожаваш нежни работи...

Те запознав на последната собиранка нормално заедно со Дафчо:)..
Ми се виде кул како и секогаш..и немам што повеќе да кажам за тебе..

Се надевам дека во некоја следна анализа ќе имам повеќе време да те анализирам поубаво:):back:​
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Ајде бе некоја анализа за мене....Сатори, Ада, Драма ....било кој ....
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
65
`Ангелче`


Мило,за тебе морам прво и основно нешто да потенцирам....ти си најголемиот самокритичар:lut: форевр енд евр шо сум го запознала,па дали е на мсн или не,не е ни битно...не е убаво тоа! Не ми се допаѓа кај тебе фактот што се критикуваш и што недоволно се сакаш самата себеси,прекрасно девојче си и нема место за коментирање околу ова,несакам пред мене да збориш дека си била ваква и онаква,ти за тебе треба да бидеш најубава и се најнај,ако не се сакаш себеси не очекувај некој друг да те сака...(знаеш дека тоа не е точно,многу луѓе те ценат и сакаат!!!)Ја следиш модата,сакаш да си во тренд,и секако многу вложуваш во изгледот и пак не си задоволна?!....не биди самокритична,само тоа ќе те посоветувам!!!!!!!! До сега беше залудно цело мое убедување,ама ај што да правам кога не слушаш...:toe:

...целото твое расположение може да отиде у аут за секунда и да се изнервираш максимално,ама не е тоа тоа,животот е да го живееш на убав начин а не да ми се бедираш и нервираш на секој 5 мин. и плус уште да викаш па што да правам тоа е...

Од тоа што слушнав од мојата соученичка ти си прекрасно девојче со стил,паметна,убава,и што е најважно добра другарка!Уште првиот муабет кога го свртевме се уверив во тоа и сакам да ти кажам дека ми е многу мило што те имам и јас за другарка...

Значи сеа почнувам да те фалам!:pipi:

Од љубовта и не многу задоволна,ама не паѓаш во депресии и слично туку сепак креваш глава и одиш напред,пред тебе се нови предизвици!!!Ке сретнеш секакви,и мислам дека не си многу ранлива за да те повредат ама не си ни од олово да не паднеш неколку дена под депресија,туку муабетов ми беше дека си издржлива и дека знаеш како да скриеш емоции кога е тоа потребно и да не се замараш,едноставно да прејдеш преку тоа!!!Значи издржлива,цврста,истрајна до крај колку што најмногу може девојче да биде кога е во прашање љубовта...(немој да ме разочараш за ова:pipi:).Само своја,сам свој мајстор,во стил на облекување,размислување и понашање и затоа те ценам најмногу!!!

Толку од моето анализирање...се надевам ќе бидеш задоволна!!!И како и на сите други членови што им имам кажано немој јавно да ме критикуваш!!

п.с Да дојдеш на собиранката да не те исплескам,разбра?!?!:back:





:kajg:
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
би сакал некој мене да ме анализира?..како новогодишен подарок би дошло тоа:vozbud::pipi:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
can anybody....well...errr....analyse me? Предност давам на девојките. Враќам во најбрз можен рок. (Razorblade и тебе ти должам знам, ама поради овој проклет факс бев спречен.) Soo.. anyone???
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
can anybody....well...errr....analyse me? Предност давам на девојките. Враќам во најбрз можен рок. (Razorblade и тебе ти должам знам, ама поради овој проклет факс бев спречен.) Soo.. anyone???
Еве јас ќе те анализирам.Извини однапред за секоја утка.:smir:

Вака човек по постовите може да заклучи дека си нависитна мирен,сталожен човек,кој има свои ставови,отворен е за други мислења,ќе го ислуша твоето мислење,но сепак си стои на својот став.Навистина ми се допаѓа фактот што си ненаметлив,што не сакаш да глумиш лудило,не сакаш да бидеш центар пажња.Сакаш и почитуваш добри дискусии,но во принцип мислам дека не сакаш да се докажуваш и истакнуваш,туку ти си тој што повеќе анализира.
Почитуваш добра книга и добра музика и почитуваш се што е квалитетно.
Прилично си мирен човек,па дури и помалку мистериозен.
Пасија ти е фотографирањето,сакаш да сликаш и повторно ме доведува ова до она дека повеќе сакаш да се фокусираш на другите,да го избегнеш вниманието од себе.
Но,имам впечаток дека си прилично срамежлив и чувствителен и дека тешко ти е да се отвориш пред луѓето.Не знам дали во минатото се имаш изгорено или таков си отсекогаш,но мој совет е малку да се опуштиш,пробај да веруваш во другите,стави се некогаш во светлото на сцената,не биди секогаш посматрач од страна.
Не си многу зборлест.Всушност,многу малку збориш.Имаш куп информации,начитан си,интелегентен си и само уште ти останува да ја надоградиш својата самодоверба.
Некогаш знаеш да бидеш премногу сериозен.Малце разведри се,почни да гледаш розево.Значи да не се разбереме погрешно,не викам дека немаш смисла за хумор,само ти сугерирам да не бидеш толку организиран и одговорен.Направи некоја глупост да време на време.Сега нромално не да станеш багабонт,али така убаво ислуфтирај се одвреме на време.
Имаш премногу добра душа,премногу си искрен,тоа човек не може а да не го забележи.
А за љубовта што да речам....hopeless romantic...знаеш да сакаш премногу и да ја покажеш душата на дланка,безрезервно да даваш љубов.Само сметам дека треба да бидеш малку поупорен и похрабар.Бори се за тоа што го сакаш!Бори се за љубовта!

Не знам колку ќе ти се допадне анализава,но вака јас гледам на себе..навистина мислам дека си премногу добра личност и затоа не ми се лути и извини ако промашив нешто!
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Ајде бе некоја анализа за мене....Сатори, Ада, Драма ....било кој ....
Не сум Сатори,ниту Ада ниту Драма,ама бидејќи ме прескокна кога ти побарав анализа,сега јас... *мухаха**трие раце*
Император како ник..бла.Клише.Сигурна комбинација која не може да потфрли.Не уште еден пациент.:)
Император е храбар.Нели..император и стаф.Ама не,император е навистина храбар.Скока од дебата во дебата без проблем,и доста цврсто се држи до неговото мислење,макар и да е погрешно.Тоа е дух.
Му оди форумџиствово.Имам впечаток дека пасија му се форумиве,бидејќи и по другиве форуми забележувам императори,па веројатно оперира и по другиве терени.Искуство.Значи тука се поставува прашањето-Дали мозочето на Император се сведува на дифолт мислења од теми коишто по десетпати се повторуваат по форумиве,односно тренинг,или едноставно типчето го има она?
Хм,на моменти си ме изненадувал со своите мислења во позитивна конотација.Продолжи така.
И покрај се,ми остануваш голема мистерија.И покрај сликата на аватар,кога глумиш лудило во профил на император.Ми се враќа сликата од Цезар во учебник....има сличности.:budala: Не откриваш многу за себе,овде си да го застапуваш својот став,а не да разрешуваш прашања на љубов или смрт.Иако,би било интересно да те видиме и во такво светло.
Император сигурно како и секој адолесцент се дружи,излегува со другари,пие пиво и лади кулер на Фешн тв ако не може да си игра со девојката под маса?Или не?:)Хм,не знам,не ми се вклопуваш во тоа сценарио.Не глумиш и не сме виделе повеќе императори во еден.Сачувај боже,каде ни е крајот после.Си го пораснал тоа барање на себеси,што е за поздрав.
Се на се,имам позитивен впечаток за тебе.Продолжи така...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
а мене ве па..несака никој?:nesum:
ај кога веќе сум се запишувала...:)

Вака за тебе мислам дека си прилично нежно девојче,кое сега го осознава светот околу себе и сака да види се,да го проживее животот.Правиш грешки,имаш паѓања,но знаеш како да станеш.
Често се запрашуваш зашто во љубовта правиш грешки,ама запомни:пред да го запознаеш принцот,мораш да запознаеш многу жаби...мораш да ги правиш ти е грешки,сите ги правиме,и тие грешки ќе те направат само посилна личност.Понатаму во животот,ќе видиш дека сето тоа само позитивно влијаело на тебе.
Уживај во животот,не брзај,зашто имам впечаток дека се сакаш одеднаш,дека не си многу стрплива...што е твое ќе си дојде...
Сум приметила дека си лојална личност и дека брзо се приврзуваш за луѓето.
Причично си кршлива,ранлива,меѓутоа сето тоа е нормално.
Кога ќе собереш повеќе искуство поинаку ќе гледаш на животот и работите во него.
Во меѓувреме уживај во животот,смеј се,биди весела,дружи се,шетај,играј,прави ги работите кои ги сакаш и не се разочарувај...и не брзај..се во свое време..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom