Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

D

Delux

Гостин
За девојката која има ранливо срце,мека душа и нежно лице...од животот не бара премногу тоа е доста скромно.Мислам дека премногу верува во љубовта,понекогаш живее во илузија...ама такви се сите кои се риби во зодијак.Јас искрено многу сакам да знам кој е нејзиниот афродизијак.
Ако во некој треба да имаш доверба,тогаш без сомнение е НЕМИРНА...
Се надевам дека кратката анализа е доволна за едно чоколадо.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Ах спомени...носталгија...
сакам и јас една анализа ајде:smoke: Квендолин,Делукс,било кој.:)
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Јас би побарала анализа од Квендолин, ако сака.:)
Морам да се ставам и јас во анализите оти тоа ми е психо-пристапот.
Епа вака: Јас кога имав 18 години не бев ни приближно толку самоуверена нити пак шармантна колку Скул. Скул има некој лежерен до шизички пристап кон проблематиките на форумот што ми оддава впечаток дека ,,не се замара,,. Не треба да си генијалец за да сватиш дека е вљубена и дека светло гледа на светот оклу неа во моментов. Сепак она што ми се допаѓа кај неа е трезвеноста и реалистичноста, обидот да не прави драми од нормалните и секојдневните нешта. Тоа ја прави позрела и над своите години што воедно укажува и на нејзината интелигенција. Имам впечаток дека не се измачила многу во својот досегашен живот. А зошто една убава, забавна и интелигентна девојка би си го отежнувала животот. Практична е и опенмајндед. И тука и лежи потенцијалот за успех, а не дека успехот до сега ја одминувал. Само така продолжи женска и помири се: цицките нема да ти се смалат:pos:.
:helou:
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
И јас би и побарала на Kvendolin...ако сака нормално:smir:
Ако ми речете одбери било која форумџика за другарка, јас би ја избрала Кики. Кики е сериозна можеби и премногу. Мила е, ама тоа го крие поради строгоста и поради стравот да не и бидат повредени емоциите. Во минатиот живот Кики се трудела да ги направи сите среќни и задоволни ,,се давала себеси,,. Во овој живот таа сваќа дека светот е сурово место за живеење и дека мора да стори се што е потребно за да преживее. А, тоа вклучува да биде повремено и себична и нечуствителна, да ги ограничи и прилагоди погледите на свет се со цел да се вклопи во новото капиталистичко опшество и да успее. Оти Кики е сепак паметната жена која треба на своите плеќи да ги износи и машките и женските проблеми и на крај да излезе од сето тоа како победник. Оти тоа го бара ова време, само победници и многу жртви на патот кон успехот. Се надевам дека Кики има некој кој ќе и го цени трудот.

Оваа анализа некако многу романтична ми дојде, се надевам дека не забегав многу. :helou:
 
D

Delux

Гостин
Еј Квендолина ај за мене,можи?
Еве ме мене на емот-икончето како дремам пред монитор и чекам да испратиш пост:coffee:
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
еј ај и за мене,одамна не ми правеле психоанализа,а на тебе квендолин ти иде,ептен добро ги правиш:)плс една за мене
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Еј Квендолина ај за мене,можи?
Еве ме мене на емот-икончето како дремам пред монитор и чекам да испратиш пост:coffee:
Delux, сори бате, најмалку те познавам, ама шо да ти прам не се врткаш многу во ,,Мода и убавина,, така?:wink:
Мислам дека сакаш да разбиваш монотонија со мислењета кои обично ти се различни од петте поста пред тебе. Значи тоа е твојата потреба за различност и уникатност. Не сакаш и немаш потреба да те пофалат дека си фин и воспитан. Зошто би сакал, ти оддаваш впечаток на кул фраер. Те нервираат некои стереоти, а тоа пак произлегува од потребата да се биди посебен и различен од другите, затоа што тој е начинот на кој се истакнуваш. Сепак мислам дека си од оние кои се прикажуваат во полошо светло и негативно, а сето тоа за да ни замачкаат очи и не видиме дека вистинската слика е поинаква. Тоа ти е брачко одбрамбен механизам, кој треба да се дозира. Во мали количини е добар, во големи нечини, а кога скроз ќе олабави: Хјустон имаме проблем! Ама мислам дека ти добро се снаоѓаш. Испадна подолга анализава, се заиграв.:pos:
:helou:
 
Член од
17 август 2005
Мислења
1.410
Поени од реакции
23
прво- морам да ја пофалам спосбноста на Квендолин да анализира луѓе, браво-и мојата анализа а и на останатите што чат пат ги познавам се беспрекорно погодени карактерите :smir:
второ- DELUX :nesum::place:ми вети исцрпна анализа...и јас сум во исчекување на истата:cry:
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Еј абе и јас сакам анализа, на времето напрајв еден куп анализи не ми текна да побарам :wink:

По можност од Рејзрблејд, ама многу би ми било драго и од некој друг да биди.
 
D

Delux

Гостин
Од оваа мери џејн нема спас:)
Мислам дека понекогаш очајува некој да и даде посебен комплимент за тоа колку има увави очи...искрено јас пак не можам да ја дефинирам мојата перцепција.Нејзините идали се да биде риба број еден во цел град,и го упорно го фура тој филм,односно наметнува таков впечаток кај луѓето кој ги познава.Без проблем може 10саати да те слуша како и кажуваш коплименти,тоа и го полне нејзиното понекогаш или често празно его,па за тоа и перманентно моли за анализи.Не е феминистка,или е,незнам,ха...мене она шо ми се допаѓа е дека не се однесува репресивно кон луѓето кои и згрешиле.Нејзиниот субјективен пристап кон луѓето е:Види ме колку убави очи имам,дури и поубави од твоите.
Потсвесно мисли дека нејзините очи се нејзин заштитен знак,јас не сум сигурен.
 
Член од
17 август 2005
Мислења
1.410
Поени од реакции
23
Од оваа мери џејн нема спас:)
Мислам дека понекогаш очајува некој да и даде посебен комплимент за тоа колку има увави очи...искрено јас пак не можам да ја дефинирам мојата перцепција.Нејзините идали се да биде риба број еден во цел град,и го упорно го фура тој филм,односно наметнува таков впечаток кај луѓето кој ги познава.Без проблем може 10саати да те слуша како и кажуваш коплименти,тоа и го полне нејзиното понекогаш или често празно его,па за тоа и перманентно моли за анализи.Не е феминистка,или е,незнам,ха...мене она шо ми се допаѓа е дека не се однесува репресивно кон луѓето кои и згрешиле.Нејзиниот субјективен пристап кон луѓето е:Види ме колку убави очи имам,дури и поубави од твоите.
Потсвесно мисли дека нејзините очи се нејзин заштитен знак,јас не сум сигурен.
eee де, ме напраи его трип wanna be цура,али јебеш га,таков впечаток сум ти остаила:smir: - добра анализа али морам малце контра -не се слагам со тоа дека било кога или на било кој начн сум сакала да бидам риба број еден у град, и егото ..па нема човек на кој не му пријаат комплименти али никогаш не сум била завина од нив,како што ми прија комплимент така знам и да прифатам критика :wink: а во врска со оките...тоа ти е,сметам дека имам убави очи (значи убави-а не најубави) и нема зашто да го кријам тоа...сепак фалаljubov
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Еј абе и јас сакам анализа, на времето напрајв еден куп анализи не ми текна да побарам :wink:

По можност од Рејзрблејд, ама многу би ми било драго и од некој друг да биди.
Да....може бе зошто да не.:smoke: Да пробаме,одамна не сум анализирала...
Синдикат кога првпат го забележав на форумов помислив дека е уште еден wannabe паметњакович од типовите што пробуваат да држат влага на филозофија и психологија и религија,со симпатични копи пејст гугларштини.Да не речам спамери.Да не речам штетни за нас просечните нели...:nesum: :pipi:
Кога малиот се прослави со психоанализите,дојде време кога сите сакаа анализа од Синдикат.Зборчиња извадени од лексикон,едноставно,секој си беше третиран подеднакво,тоа им се допаѓа на луѓето,кога некој ја цени нивната интелигенција(било каква)а Синдикат се трудеше да го извади најдоброто од нив.Верувам дека така е и во нефорумџискиот живот.
Шегаџија,главна мета на расправа и иницијатор на смеењето до солзи во друштво.Но Синдикат не покажува емоции.Внатре во него се создава бура,што тешко е да ја откриеш.Исто како што е тешко и да го `скенираш` во една психоанализа да ја речам.Го гледаш неговиот аватар на фудбалер,и сакал ти или не,веќе си ја создал сликата на празноглаво човеченце.Браво Синдикат,успеа да ја срушиш онаа дифолт анализа-`паметен` аватар,паметен форумџија.Ставајте сите глитер аватарчиња,бидете предизвик на другите.Да ја срушиме аватар (психо)анализата.
Држи се до тоа што го проповедаш ,на моменти си пристрасен,а тоа може да уништи се.
Синдикат за претседател.Не бре! Кисела вода и жабица 4 лајф! Остани така бунтовнички расположен,ни треба некој како тебе да не акне со тенџере по глава.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Фала многу за анализата. Само за едно не си во право, не на моменти, ами секогаш сум пристрастен. Еби ме, тој сум.
 

joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Синдикат, дали си уште во тесно со ветени анализи?...ако може една :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom