Сатанизам

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.455
Satan Daily :
Да видиме што носи дневната рубрика "Во име на Луцифер"
Летописот на сатанските злотвори и овој пат не` не разочарува!

Да погледнеме малку и во соседството,на 8.март 1993 во касарна во Врање при служење на воек рок, извесен маџар Јожеф Менедер го активирал злото кое го носел во себеси. Честопати други војници го прашувале што му значи тетоважата на која пишувало 8.3.1993 но тој со потсмев одговарал со нешто као ќе видите кога тој ден ќе осамне.
И навистина на тој датум закоравениот сатанист влегол во акција. Најпрвин го оневозможил вооружениот чувар на зградата задавајќи му тешки удари по главата за да му ја земе јуришната пушка М-70 од 7,62мм и две рамки со муниција. Потоа се упатил во касарната и започнал рафално да стрела наоколку не бирајќи мета, све со цел да убие што повеќе луѓе.
Испукувајќи над 50 куршуми овој слуга сатанин убил осум лица и ранил 11 при што останувајќи скоро без муниција си го одзел животот со преостанатите 2-3 метка.

Овој настан ќе биде прв во низа масакри извршени низ касарните во СР Југославија.
Менедер имал истетовирано крст од опаку а при претрага на неговиот дом биле пронајдени куп литература поврзана со окултното и сатанизмот. Припаѓал на групата Лоша Вера која била конкурентна ѓаволска скупина на легендарната Црна Ружа. Се обидувал да регрутира и други прашинари во неговата религија но не се знае дали во тоа успеал.

Последно уредено:

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.924
Поени од реакции
12.489
Тој период на овие простори, баш почнувајќи од пролетта 1992 христијаните, католиците и муслиманите тек какви масакри правеа низ Босна, сите сатанисти на светов и веков да им позавидат. Претходно и во хрватска а во Вуковар посебно.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.455
Ноќна доза сатанизам.

Интересно но познатиот сериски убица Night Stalker односно вистинско име Ричард Размирез бил закоравен сатанист. Сатанската школа ја прошол кај вујко му кој бил виетнамски ветеран и имал куп слики на кои сечел парчиња месо на заробеници.
Рамирез кој во затвор истетовирал пентаграм на челото бил одговорен за најмалку 15 убиства и 10 обиди за убиство. Освен убица тој бил и сериски силовател и сериски провалник кој ја тероризирал Калифорнија со години. За влакно ќе бил линчуван од страна на мексички имигранти кога бегал од властите но имал среќа да полицијата го прекине тепањето.
Подоцна се оженил за докторка на Науки со 160 IQ и се бавел со сомнително сликарство со сатански мотиви. За среќа сега е покоен па нормалните луѓе не мораат да го хранат и облекуваат манијакот.

Сатанистите се без сеиозна конкуренција кога станува број за жртви пер капита. Иако се работи за релативни малубројна заедница, сатанистите се second to none кога станува збор за зулуми. Дури се полоши и од атеистот Јосиф Џугашвили!
 
Night Stalker е како плишано мече наспроти Гејси, Банди, Алкала и последниов што го дознав Хеден Кларк.
А за тој Гејси негде сретнав, мислам документарец некој понов беше, дека имал читано делови од библијата за време на силувањето, баш во моментот кога почнувал да го затега јажето околу вратот на кутрите деца се додека не го испуштеле последниот здив...
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
4.999
Знам јас дека не си, одамна кажа дека си повторно роден христијанин на стари години, претходно наука нешто ау ау :)
Овие не знаат со кој зборуваат ама ајде...
Потсети не на која моја старост станав рисјанин...благодарам, више не се сеќа‘ам кога беше...:(
Автоматски споено мислење:

Не може сине христијанска доктрина да вели сатанизам за будизам или хиндуизам. Толку.
Сатана има кај вас, таму ќе си го негувате... и овие сатанистите што излегувата од христијанството и пркосат на таа доктрина...
Не може сите сатанисти и зло и лажливци а само твојата црква вистината ја објавила...
Може-може...штом ја откриеш вистината, а таа секогаш е само една, не десет, токму таа една станува референтна и во однос на неа се коментираат и проценуваат сите други верски учења, кои претендираат на вистинитост.

Сатана не е кај „нас„, оти он нема ништо (заедничко) ниту со Христа, ниту до Црквата, ниту со вистината (Јован, 14,30).

Сатана е татко на лагата...
Автоматски споено мислење:

Исус за христијаните, не може за сите... црквата сака за сите, го знаеме муабетот од страна на свештениците и нивните апологети, ама... за толку многу векови да не научи дека не е така, па дури и исламот и се плесна во лице за да и покаже дека не е така - не бива...
Злокобно зборување за другите дека се лажни и зло - води кон зло и страдање...
Сатаната ви го дели трлото, а тоа не ви е во полза - а сами сте виновни за тоа!

Исус, Синот Божји Единороден, дојде најанпред за Евреите, а преку Апотолите и Црквата, дојде и за сиот род човечки.

И замисли ситуација, дојде дури и за тебе...:icon_lol:...а твое е дали ќе Го прифатиш или не.
Автоматски споено мислење:

Барајќи да создадете вечен непријател за да има вечен спасител - си наметнавте проблем да мора се и сешто да сатанизирате јер не е под капата на оваа или онаа црква...
Дури и католиците се сатанисти, нели, за православната црква? Не јавно, ама низ муабети ако изнервираш верник ќе ти ја каже вистината и што учи црквата за другите... има и тука на форумов такви испади...

Само треба да се побара... сатана против сатана и падна царството
Во грешка си, како и обично...

Спасителот (Синот Божји) ќе дојдеше во секој случај, оти Бог Отец така Му „нареди„ на Својот Син.

Сатана е само „нус-производ„ од неговата желба да стане бог. Синот Божји делува и без постоењето на Сатаната.

Секој кој не прифаќа дека Исус Е Христос, автоматски е антихрист (послание Јованово, 2,22). Римо-католиците не се поштедени, со тоа што за нив постои барем грам можност за спасение.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.132
Поени од реакции
12.110
Секој кој не прифаќа дека Исус Е Христос, автоматски е антихрист (послание Јованово, 2,22). Римо-католиците не се поштедени, со тоа што за нив постои барем грам можност за спасение.
Е така де, го читам јас Премин портал, истите лудости и свештениците ги зборуваат и после зошто критики кон христијанството, тоа било учење само за љубов и мир ...

Јас реков дека сатанизмот е во прегратка љубовна со старите религии, не може да постојат едни без други :coffee:

П.с. и јас сум o_O ама то е...
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
4.999
Е така де, го читам јас Премин портал, истите лудости и свештениците ги зборуваат и после зошто критики кон христијанството, тоа било учење само за љубов и мир ...

Јас реков дека сатанизмот е во прегратка љубовна со старите религии, не може да постојат едни без други :coffee:
„Нормално„ е рисјанстово да биде критикувано...па „дури„ и прогонувано.

Ако Христа Го мразеа дур‘ беше на Земјава, (ќе) мразат и сВе што е Христово.

Сатанизмот битисува и во реално време, не само во „стариот еон„, чак би рекол дека и демо(но)кратијата, со давањето „права„ секому и за се‘, го мотивира постоењето на сатанизмот во невидена мерка...

А што велиш, „новиот еон„ е „амнестиран„ од сатанизам...или ми се чиниТ?...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.132
Поени од реакции
12.110
Значи не е мразен, туку мораше така за да се исполнат нели еврејските проповеди, ако им веруваме на евреите. :coffee:
Чашата мораше да помине, иако и Исус викаше Татко зошто ме остави... ако им веруваме на редакторите од IV век кои ги средуваа овие текстови за кои ти би страдал... така да не може ти сине, да се вадиш на човештвото или евреите дека мразеле нешто, а потоа да велиш ама имаше пророштва. Биди си доследен до верувањата, не да пишуваш сешто како ќе ми ти дојде....

Се додека постојат старите религии, а мора да постојат - ќе го има сатанизмот, во некоја форма. Такви ви се учењата и ние не можеме ништо од надвор, вие од внатре ќе го менувате тоа...
И христијанството битисува во новото време... така да ќе мора и сатанизмот, за жал... и знаеш зошто постојат сеуште старите учења со сите грешки и неразбирања на човештвото?

На христијанството му треба сатанизмот или да сатанизира се што не е христијанство, ете како ти што напиша - тоа го знаеме и нема што да се повторуваме... не е до слободата, туку до потребата да се има зло кое ќе ја оправдува проповедта за спасител... вртење во круг!
 
Ај пак, пошто не разбираш „од прва„...

На рисјанството му треба само Спасисителот, Господ Исус, и ништо и никој друг. Тоа што во/низ историјата се „јавуваат„ многу ликови, а еден од нив е самиот Сатана, тоа се само „попатни„ ликови кои и такви, Господ ги „вклопува„ во својата промисла за спасение на човекот.

Да не веруеш, ама и Сатана има улога во спасението на човекот, како род.

И пак не ми кажа, на кој начин „новиот еон„ (читај-Телема и ним сличните „новости„...) се „амнестирани„ од влијанието од Сатаната?

Па Црквата го вели токму спротивното-нема религија по Земјава во која Сатана нешто не „забиберил„.

И? Телема е исклучок од таа „кухиња„?...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.132
Поени од реакции
12.110
Ок, тогаш што бараш ти на тема Сатанизам? За да кажеш дека сите се сатанисти ако не се посебно православни христијани?
Ок, кажа... оди сега спасувај глава кај Исус... очите кон иконите и кандилото, не на вакви теми кај што се зборува за ѓаволи и бесови и тука, антихристијански муабети... :coffee:

Бидејќи клетвата на христијанството е тоа: сатанизирање бидејќи црквата гледа опасност за нејзиното постоење од други учења.
Глупости. Стравот во срцето не дозволува доблест кај човекот. Ама вие си знаете...
Догма си е догма - одработувај!
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.455
Night Stalker е како плишано мече наспроти Гејси, Банди, Алкала и последниов што го дознав Хеден Кларк.
А за тој Гејси негде сретнав, мислам документарец некој понов беше, дека имал читано делови од библијата за време на силувањето, баш во моментот кога почнувал да го затега јажето околу вратот на кутрите деца се додека не го испуштеле последниот здив...
Тој Алкала беше оној што учествувал по квизови? Интересен случај но не паметам дека имал нешто поврзано со сатанизам. Не знам кој е Хеден Кларк, да не е оној црнецот со над 90 убиства?

Инаку во музиката се смета дека Блек Сабат се пионери на просатанскиот метал. Отворено сатанисти кои се бавеле со окултното биле Coven, метал бенд од почеток на седумдесетти, значи во исто време со Сабат.
Кога сме кај тоа, интересно е што Ози Озборн има песна Мистер Кроули, веројатно @Хептаграм XI знае нешто повеќе. Стонси имаат Симпатија за ѓаволот но не сум сигурен дека се склони кон сатанизам.

Интересно видео за врската помеѓу гитаристот на Лед Цепелин Џими Пејџ со Кроули и окултното.
Истиот Пејџ имал издадено албум под наслов Lucifer Rising

Сепак ништо не може да се мери со скандинавските дед-метал сатанисти и нивните зулуми за кои ќе стане збор на темава.
 
Последно уредено:

Cthulhu^

your neighbourhood weirdo
Член од
17 јули 2006
Мислења
1.505
Поени од реакции
2.180
Сепак ништо не може да се мери со скандинавските дед-метал сатанисти и нивните зулуми за кои ќе стане збор на темава.
Фак јеа. Многу јаки зулуми нема што. Освен Викернес ете. Да помогнам со некои од моите омилени блекери? :D

Marduk, Dark Funeral, Watain, Dissection. Ги обожавам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom