Феноменално издание на двете групи, нешто можеби најдобро на навивачката сцена во историјата на државата. Европски изглед на копот на Чкембари, формата на трибината и светлата на горните трибински рефлектори само го појачаа впечатокот. Дрес код, пиротехника, кореографија, све на место. Астрономска разлика од поелсдното дерби во Битола (2-2) Воџата на место, со одлична комуникација према групата, навивањето на моменти одлично, на моменти со падови, што е апсолутно нормално.
Комити, страшно гостување. Бројка, изглед, сполотеност, носечка песна од самиот старт, сведок сум речиси на сите гостувања на Комити во БТ, ова е најдоброто. Може визуелно беше подобро минатато на истава трибина каде што сега беа Чкембари, можеби беше побројно она со 14 аутобуси во 1992 мислам, но ова е за во учебник како треба да изгледа гостинска навивачка група.
Дерби од кое не би се посрамотиле многу поголеми дербија во регионот и пошироко. Секоја чест за сите што беа дел од оваа историска ноќ.Да се надеваме на скоро видување повторно...