Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
абе ќе сака некој да ме анализира?
Искрено,стварно неможам да ти дадам некоја анализа,затоа што голем дел од постовите ти се во играчница,како се чувстуввате денес или во спорт.

Можам само да заклучам дека го сакаш спорот,особено фудбалот,а кога се работи за репрезентацијата наша(во било која област),тогаш ептен си страстен навивач.Инаку постовите ти се кратки,ептен кратки,така да претпоставувам дека си човек кој е концизен и претежно не сака да разглаба на долго и широко,не вртиш одоколу,туку директно кажуваш што ти е поентата на разговорот.
Инаку слушаш рап,веројатно таа музика те исполнува,сакаш да се пронаоѓаш во текстовите и те нервира кога се појавуваат некои особи кои со својата појава го "срамат"(не знам како поинаку да се искажам:)) рапот.Жестоко се спротиставуваш и го браниш овој жанр,па претпоставувам дека можеби и ти самиот пишуваш понекогаш некој текст и ја гледаш уметничката страна на овој вид музика.

Толку е за жал,не знам што би рекла друго,не те знам лично,а како што реков повеќето постови ти се во темите кои ги набројав,па неможев да оформам некое мислење.:toe:
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Искрено,стварно неможам да ти дадам некоја анализа,затоа што голем дел од постовите ти се во играчница,како се чувстуввате денес или во спорт.

Можам само да заклучам дека го сакаш спорот,особено фудбалот,а кога се работи за репрезентацијата наша(во било која област),тогаш ептен си страстен навивач.Инаку постовите ти се кратки,ептен кратки,така да претпоставувам дека си човек кој е концизен и претежно не сака да разглаба на долго и широко,не вртиш одоколу,туку директно кажуваш што ти е поентата на разговорот.
Инаку слушаш рап,веројатно таа музика те исполнува,сакаш да се пронаоѓаш во текстовите и те нервира кога се појавуваат некои особи кои со својата појава го "срамат"(не знам како поинаку да се искажам:)) рапот.Жестоко се спротиставуваш и го браниш овој жанр,па претпоставувам дека можеби и ти самиот пишуваш понекогаш некој текст и ја гледаш уметничката страна на овој вид музика.

Толку е за жал,не знам што би рекла друго,не те знам лично,а како што реков повеќето постови ти се во темите кои ги набројав,па неможев да оформам некое мислење.:toe:
Фала за анализата :)
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
'Ангелче'
Импресии

Секое неделно утро станува прва дома, се облекува и купува леб и млеко. Понекогаш седи на каменот пред вратата, гледа во далечината и ретко единствена капка солза паѓа по нејзиното меко, бело обравче и удира на калдрмата. :back: Таа чувствува...

Сонцето битолско што прати мода. Кога била малечка крадела шминки од женските роднини по куќа и се шминкала. Сега разгледува каталози од Шанел и сонува за подобри времиња. :pipi:
Има нежен ник, онаков на кој треба да се топиш, ама бидејќи пола женска форумска популација се малецки и ангели, мал ангел тн ангелче не паѓа во очи. МОже дека името и е така погодено па била приморана инаку. :toe:

Во слободно време танцува на шлагерајки низ соба сонувајќи за принцот на бел коњ со шишки. Другото време е бизи по битолските сокаци трачарајки на дијалект за локалните курвици. А трачарење на дијалект е секогаш интересно. Не знам како изгледаат шмизлите во Битоља ама она совршено би се вклопила во сето тоа почитување на модата и слично во Друштвото на Шмизлетините. Пошо е паметна не знам шо ќе прави со фазла мозок, ваљда ќе гради бродчиња од лего коцкици дома, ама како и да е, ако реши да стане битолска шмизла - ќе треба да изврши лоботомија. Не станувај шмизла. :nesum:

Треба да почне да слуша многу рок, пропратено со синхроно кинење на страшните каталози на познатите фешн дизанери при што ќе дојде до чистење на душата на ова суштество. Спасете ја! Спалете ја таа ругоба Версаче!:pipi:

Но, сериосно паметно си немој да ми те земат плитките суштества на злото тн ОБИЧНИ ЛУЃЕ. Бегај од нив како од чума и ако некој ти се појави набутај му напрсток за шиење во гз! DO NOT GET FOOLED BY FASHION AND SHIT POP MUSIC!:nenene:
 
Член од
17 август 2005
Мислења
1.410
Поени од реакции
23
Eве и јас.

Една од рокерките на форум, али не од оние што рикаат на мрачност и не знам какви тинејџ срања. Умна девојка, со големо срце ама не знае да се грижи. Не знам дали животот ја научил или си е родена така, ама знае да ужива и во ситници и во големи работи и да се фрли во моментот. Да, размислува понекогаш за иднината и прави планови, ама тоа сега тука и е најважно. Беше едно време девојка на тапанарот, али пошо моменталното уживање не и дозволи да сфати дека тие имаат групис се сјеба. ОД тогаш не знам дали научи нешто, пошо ставила потпис животот е убав. Ја мислам дека пак се трти да ја сјебат, ама времето ќе покаже.

Онаков тип е што многу го сакаат, често насмеана, ведра, постигнува рапорт во 13 секунди и е тип на човек што кој сакаш да поновиш искуство на запознавање само затоа што не бил напорен муабетот. Отворена е во погледите, не за друго туку да се дружи затоа што многу работи не ги зема при срце, и успева да мислиш дека таа е единствената која те сфаќа.

Има наркоманско име али се сомневам дека се дружи со тие супстанци. Тоа е незаконски и не ни треба да помисли да го прави. :nenene:

Доколку би имала коњ она е тип на каубојка што би го водела до себе наместо да го јавне затоа што докторите рекле може да настане до кривење на прекрасниот грб на животното. Ама ќе ја болат ножињата после. Мисли на ножињата малце! Дефинитвно треба да мисли на ножињата повеќе. Треба да ја носат на многу места тие ножиња. На многу коњови. :back:
лееееј ѕвере:kesa: ме наежи,стварно мнооооогу добро ме имаш изанализирано,погодено е СЕ!...you r good...Very good!:back:

истото важи и за Прити грл,повеќето е погодено освен тоа дека јас свирам на тапани (бившиот свиреше) crveneeljubov
фала мнооогу
и уште еднаш Бада...i m impressed!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Добро мислам дека заслужив и јас една анализа,од некој.Од било кој.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Acid-the bad ass Administrator who gives ban like no body :)
Тој е главниот на овој форум, форумџиите или го сакаат или го мразат од дното на нивната душа. Има 14 291 мислење и само 22 години, на прв поглед изгледа како гик што кисне во Играчница, а уствари таму има едвај 5 мислења:). Нема сериозна тема а Ацид да не се појави таму, нема тема кај што се пишуваат офтопици а Ацид да не ги избрише и да ја насочи темата на правиот пат, принципиелен форумџија кој сериозно си ја има сватено работата ГЛАВЕН НА КАЈГАНА. Човек со едно нешто свое ЈАС, организатор на фудбал, пеинтбол, баскет и СОБИРАНКИ. Ако се бара одговор тој е The Man. Излегува дека е компјутерџија и фудбалер, тоа се две различни страни на светот а тој ги има споено-сестран човек. Обожава да банира, малце изгледа лошо тоа, но од друга страна тоа е добра работа за да се одржи форумот чист и убав. Сака да ги ремети дудлачите:) уствари обожава ремет....сега малце во мој стил со аватар потпис бла бла бла

АВАТАР- Бапчор-поим за нешто смешно, можеби незнае многу вицови ама сепак знае да те насмее до солзи

ТАЈТЛ- Администратор-страв и трепет за одредени личности, а воедно и знак дека е тука да помогне кога има некој проблем

ПОТПИС-
Кајгана собиранка....што друго да кажеме, знаеме дека ќе има добра журка во брзо време:):):)

NICKNAME-Acid-Киселина можеби инспириран од Анџелина Џоли во филмот Hackers каде што е Acid Burn:) или затоа што се појавува прв во секоја листа:)

П.С. Заборавив да кажам, а можеби ќе згрешам но Acid е ученик на Мистичен, а како што викаат чајниз кунг фу маестрес „Ученикот ќе го помине учителот„ па ваљда би било тоа така, бест вишес од точкест
Фала за анализата. :wink:
 
С

Сатори

Гостин
Добро мислам дека заслужив и јас една анализа,од некој.Од било кој.
Ќе сакаш една од мене?:smir: (иако те имам анализирано на времето, бар така мислам)
И тоа само зошто си мојот нов омилен член на Кајгана, така да знаеш.:helou:

Делуваш како страсна и женствена девојка, а и кога те видов со плавата косичка, си толку нежна, скоро кршлива.
Сепак, ако човек ти ги прочита постовите, нема а да не забележи дека си прилично борбена личност, иако не би можела да го кажам истото и за самоувереноста.
Упорна си, понекогаш и знаеш добро што сакаш, имаш јасно изградени ставови, со ова го сакам, ова не.
Искрена си, премногу за свое добро девојко, барем од тоа што го прочитав во врска со љубовта.:smir:
Можеби тврдоглава, на моменти и неумерена но само на моменти,претежно си срамежлива, малку повлечена.
Сакаш да бидеш среќна, знаеш да бидеш среќна што е добро за некој на твоите години.
Сакаш да бидеш убава, да се истакнеш, да покажеш шарм и ведрина, но хеј, зарем не сакаме сите? (освен даркерите)
Се на се ... фина девојка, пријатна, можеби премногу наивна, но во тоа и е твојот шарм.:pipi:



 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Дали се нафаќа некој мојата психа да ја приложи пред овој аудиториум...а?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Zemzela

Овој човек навистина ми остави позитивен впечаток кога го запознав.

Весел,позитивен и опуштен.Едноставно сака да ужива во моментот.Не сака многу да комплицира или да расипува забава,кај одат другите и он оди.Едноставно не излегува за да биде виден или за да се фали дека вчера бил таму и таму,него излегува затоа што сака да се дружи,да се забавува.Ужива во вечерните излегувања и без разлика дали е на некое опуштено место(на кафе) или пак во дискотека он е секаде истиот.Се смее,се зеза и ужива.
Прилично умерен човек.Си ја знае границата на некои работи и не сака да претерува.Ниту лета во облаци,ниту пак е некој тежок реалист,кој само мрчи.Како што реков умерен е и сака во животот да има некој баланс.(Еве пример се жали кога е ладно,се жали кога е топло,веројатно сака нормални температури:pos:.Мала шала.:smir:)
Неможам лично јас да те замислам како сериозен и намуртен човек,мислам дека имаш превише енергија за тоа.:)
Сакаш да бидеш информиран за сите новости околу тебе,прилично си човек кој е љубопитен и сака да знае што е ново,што има,кој со кого,како.Не викам дека си трачар,не не не...само кажувам дека си љубопитен по природа.:)
Сака да шири познанства и да се запознава со нови луѓе.
Во љубовта,според постовите,мислам дека е прилично дискретен,не е човек кој што сака да покажува премногу чувства пред цел свет.Не е затворен,него како што реков се прави умерено,до одредена граница.

Хм..паааа толку.:)
 

CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
Може мене некој да ми направи анализа??? :smir:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Sweden

Малку каснам со анализава,но важно ќе се потрудам:smir:
Прв пат те приметив во еротска порно колумна,постови кој те доведоа до бината,односно преку нив дојдоа твоите 5 минути на Кајгана.Дотогаш сигурно си бил во граница на нормала,но реакциите од страна доведоа да го смениш начинот на пишување претворајќи се во јебо мен или по нашки Никола 2.Тоа значи дека уживаш да бидеш во центар,ставот кој ќе го заземеш на темата било да е спротивен на твоите размислувања ќе го тераш до крај по секоја цена,упорен дечко:smir: Како резултат на тоа се појавува и контрадикторност во твоите постови,но ако тоа го занемарам :wink:со еден збор можам да те опишам=Секс.Зошто се искажуваш преку него,кога подобро би ти стоело да се искажеш преку традицијата,моралот и честа:wink:.Тие јебо форми ги користиш како маска,иако и самиот знаеш дека не е така,но кога еднаш си ја земал таа позиција не ја менуваш.Тоа значи стабилност( или со главата в ѕид).Приметив дека кога си убеден во нешто несакаш ни да ги слушнеш другите што зборат(тврдоглавост),држи вода твојот став,но треба малку да погледнеш и од страна, никој не знае се.
Реален си за некои работи,тоа ми остави најубав впечаток.
Целосен впечаток што го имам за тебе...не си она што тука сакаш да се претставиш,но си тераш свој филм од кој никој неможе да те извади (барем засега,за понатаму ќе видиме :) )
Позитивен си,потребен е твој профил на форумов,мене лично ми се интересни твоите постови.

п.с.мене псај,ада и форнч ме заборавија:nesum: еве пак ги замолувам :(
и другите сте слободни во изразување на мислења:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom