Дали Исус Христос ќе дојде по втор пат?

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.158
Поени од реакции
12.136
@alf сега ме зезаш...
Ако ти е мила библијата но не и христијанството и црквите кои имаат монопол над библијата, тоа е твој проблем.

Себе си секако може да се убедиш дека се нештата поставени, но дека библијата е христијанска света книга, дека предавањето за Исус како месија и второ доаѓање е настан што ќе се случи во некоја иднина и во даден момент е христијански концепт преземен од Евреите.
И тој настан е крај за живите на земјата. Еден единствен настан кој можеби е само верување и никогаш нема да се случи...

Ти може да си даваш толкувања секакви, ново време е, дозволено е, но ти твоето разбирање на нештата од петни жили не
убедуваш дека е вистина?
И тоа зошто? Бидејќи веруваш во библијата но ти смета црквата... Реши си проблемот со свештениците...
Ќе се оддалечиш и од нивното верување и нивната света книга, ќе си напишеш своја.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
@alf сега ме зезаш...
Малку :gjavol:
Ако ти е мила библијата но не и христијанството и црквите кои имаат монопол над библијата, тоа е твој проблем.
Каде виде дека имам проблем од нив?
Споделуваме разлислувања, што не значи дека се производ од проблем.

Себе си секако може да се убедиш дека се нештата поставени, но дека библијата е христијанска света книга, дека предавањето за Исус како месија и второ доаѓање е настан што ќе се случи во некоја иднина и во даден момент е христијански концепт преземен од Евреите.
И тој настан е крај за живите на земјата. Еден единствен настан кој можеби е само верување и никогаш нема да се случи...
Веќе е познат овој став што го повторуваш постојано кога ме цитираш.Тоа го разбирам исто како @PROROKOT кога цитира член а нема што да каже, па почнува со "младиќу".
Ти може да си даваш толкувања секакви, ново време е, дозволено е, но ти твоето разбирање на нештата од петни жили не
убедуваш дека е вистина?
И тоа зошто? Бидејќи веруваш во библијата но ти смета црквата... Реши си проблемот со свештениците...
Ќе се оддалечиш и од нивното верување и нивната света книга, ќе си напишеш своја.
Се повторуваш со прашањата.
Врати се на темата.

Исус нема да дојде така како што пишува во откровение, туку така како што зборува Исус.
Ќе дојдам како крадец во ноќта.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.895
Поени од реакции
5.028
Веќе е познат овој став што го повторуваш постојано кога ме цитираш.Тоа го разбирам исто како @PROROKOT кога цитира член а нема што да каже, па почнува со "младиќу".
Младиќу,

твоиве „толкувања„ на стихови од Писмото се промашени „у појам„...и затоа не ми се исплати да те оправам.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.158
Поени од реакции
12.136
Малку :gjavol:

Каде виде дека имам проблем од нив?
Споделуваме разлислувања, што не значи дека се производ од проблем.

Веќе е познат овој став што го повторуваш постојано кога ме цитираш.Тоа го разбирам исто како @PROROKOT кога цитира член а нема што да каже, па почнува со "младиќу".

Се повторуваш со прашањата.
Врати се на темата.

Исус нема да дојде така како што пишува во откровение, туку така како што зборува Исус.
Ќе дојдам како крадец во ноќта.
Ако веруваш дека ќе дојде, ок... Исто како и секој христијанин, ништо страшно...

Ги знаеме писмата, јас велам дека не дошол ни прв пат ниту спасил некој, ниту пак дека ќе дојде повторно, дека тоа е надеж, симболика итн отн... Зборувам дека реално верувањето во свети книги не значи дека тоа е реалноста и за оние кои не веруваат...
Иако се наметнува постојано тоа.

А ти веруваш дека ќе дојде, ама не како што велат христијаните, па им ги толкуваш ним нивните свети книги... И како црквата не е ок...

Имаш проблем со црквата, а ти лежи библијата на срце како реалност, затоа и насекаде саде Христос ни го толкуваш ...
Не се добри светите отци, и толкувачи на светото писмо во православната црква?

Имаме толкувачи, ништо посебно... Секој сам за себе со светите книги...

Ако ти си Исус, па кажи да знаеме дека дошол и да преминеме во втора фаза :coffee:
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Младиќу,

твоиве „толкувања„ на стихови од Писмото се промашени „у појам„...и затоа не ми се исплати да те оправам.
@PROROKOT , смислата на форумот е да споделиме размислувања, иако со нив ти или било кој може не се согласува, не треба да бидат бариера за дискусија.
Напротив , каде има различности таму може да се развие дискусија.

Дискусија од тебе нема.Само смајли и слични глупости од типот младиќу.

Пробај да смениш нешто.

Што ќе му кажеш на Исус кога ќе дојде и те праша "како ме бранеше пред оние кој ме напаѓаа"?

Им пуштав смајли со главоболка!!:facepalm:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.158
Поени од реакции
12.136
Младиќу,

твоиве „толкувања„ на стихови од Писмото се промашени „у појам„...и затоа не ми се исплати да те оправам.
Не се промашени, и тој и ти верувате дека Исус ќе дојде втор пат, иста книга читате, на ист бог се молите, на исти пророци им верувате... верувате дека Исус бил прв пат, дека ќе суди за секој... па и дека ќе дојде пак велите и верувате во тоа, како да заборавил кој го распнал...
Само различно си ги толкувате и мислите дека вешето толкување е она правилното...

Христијанството како да е раѓа или создава секти, постојано, во секоја генерација има ново... и секогаш некое „ново“ подобро толкување и пореално, а тоа го прават со комбинации од други учења кои некако се преклопуваат со симболи едни меѓу други, и тоа ги наведува ахам, најдовме тајна нишка :)

Убаво е да се чита, ама постојано форсирање моето е точно толкување, медитирав врз тоа и тоа - некако е... банално и води во спротивна насока.

Јас го буцкам @alf заради тоа што е опседнат со библијата и ништо друго не го интересира, а има толку многу други работи. И не се врзува со црква бидејќи мрази хиерархија и авторитети - библијата е врвот и не му треба толкувач (а тој толкува демек дискутира тука), како и секој добар протестант што би рекол, или јеховин сведок :)
Затоа го р'чкам дека заради библијата е христијанин, како тебе :)

Која е разликата помеѓу вас двајцата во однос на верувањето во библијата и Исус (неговото доаѓање и крај на човештото)? Толкувањето и разбирањето на стиховите и што сакал да каже некој што живеел во IV век?
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Барем ти не треба постојано во телесно расудување да дебатираш.
Името Исус не се однесува на телото, туку на душата.Предходно нели ти напишав?

Тој е облик на душата која е дел од секој човек, никулец од вашето постоење.Секој може да го "извади" на површина, сите сте синови божји, иако како бројка се мислите многу и различни еден од друг како што е различно телото, тој облик на душа е еден.

Ќе ти дадам пример.
Луѓето за да го обликуваат своето тело одат во теретана и креваат тегови-тежина.Со време добиваат форма на мускулите и телото.

Зошто никој не ја тренира душата?
Колку тежина гнев можеш да кренеш, колку љубов, колку тежина радост или тага?

Тоа е тој пат на апостолите, додека во нив не се оформи тој облик на душа именуван како Исус.

Кога ќе можеш да носиш толку голем товар од емоциите, се додека не ти пукне душата со која се идентификуваш, тогаш ќе се појави тој никулец од вашето постоење.
Ете го Исус.
Истиот тој никулец е и во бебето, затоа викам дека Исус е во вас и околу вас.

Ти може не веруваш дека ќе дојде Исус така како што проповедаат христијаните, сосема јасно, таа фантазија ниту е за пишување,а уште помалку за верување.
 
Јас не философирам премногу и не давам толкувања за свети книги, да се разбереме...
Заради „Книгата на Законот“ и правилата што се дадени за еден Телемит - не смеам да давам толкување кое ќе велам дека е апсолутно и ова и ова значи тоа и тоа!
Погрешен е тој чекор и води кон... не е добро тоа :)

Се што правам е прашувам и коментирам за тоа што пишува во Библијата. Таму вели Христос дошол, исполнил еврејски пророштва, со тоа докажал дека е месијата кој го чекаат евреите. Јас полемизирам со тоа дека се што имаат христијаните за Христос е еврејски мистицизам - и тоа ги лути!

И откако сето тоа не успеало(спасение, обединување и што ли уште не, што учи еврејската школа), кога се активирале иницијанти и рабини кои знаат на каде турка светот (дури и во времето на Рим) и зошто, сето преминува во мистицизам, во преуредување на проповедите и одеднаш Христос дошол, ама ќе има и второ доаѓање... и после 200+ години се раѓаат христијанските секти.

Затоа и имаш нов завет... страриот вели едно доаѓање, едно решавање на проблемот - нема неопределно ќе дојде, па ќе има ова, па ќе има она, ама не е дадено за човекот да знае кога, но ќе има знаци? Кога ќе прашаш какви знаци, човечка особина е секогаш да е нешто лошо, крв, омраза, убиства, земјотреси, огромни човечки жртви - тоа го турка човекот кон религија... барем обичниот човек кој што нема време да врзи крај со крај во животот и му треба мааалку надеж во животот... за некое подобро утре.

Не може да има крај и прекин на човештвото. Никогаш немало, ниту ќе има.
Зошто создавате живот ако не знаете дека тоа што создавате може да е убиец и да раѓа смрт?
Или дека ИСус ќе дојде и ќе го распне и мачи ако е идолопоклоник, што вие нема да имате поима што е... ?
Има многу прашања кои... се далеку од романтизмот и надежта кон подобро утре...

Христијанството мислам дека вели носи си го својот крст и не гледај другите како си го носат својот. И да, Исус ќе те судел и по делата и по мислите.

Многу од нештата во библијата за мене се фантазија (не заради нечие толкуавње, туку заради самите записи во книгата), тоа не мора да ми го кажеш, поточно за мене е погрешно интерпретирање на многу стари тајни учења кои постоеле и псотојат во човештвото, за човештвото...

Твоето е само очаен обид да се откачиш од тоа да не те нарекуваат христијанин бидејќи веруваш во Исус, знаеш дека доаѓање нема да има како што пишува, со облаци, со крв, со војски и мачеше на идолопоклоници... веруваш во романтичниот приказ за Исус, за тебе е симбол, некое твое тајно значење околу кое градиш лавиринт од слики и зборови... и не ја поднесуваш христијанската црква и хиерархија и нивно толкување на Христос, затоа толку и толкуваш: вљубен си во Исус, но црквата ја презираш. Па затоа ете сега те читаме како ни толкуваш библија, не се прашуваш, туку ни толкуваш ете ова е, а не тоа и тоа :)

Интересно во секој случај... не си прв, ниту последен, милиони има како тебе во светот. Во Македонија ве има многу, само не сте се пронашле еден со друг, би изградиле нова црква, каде Исус можеби ќе доаѓа постојано или ќе го обожувате како да е дојден и среди се во однос на човекот!
Не знам, се си бидува...
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
Јас не философирам премногу и не давам толкувања за свети книги, да се разбереме...
Заради „Книгата на Законот“ и правилата што се дадени за еден Телемит - не смеам да давам толкување кое ќе велам дека е апсолутно и ова и ова значи тоа и тоа!
Погрешен е тој чекор и води кон... не е добро тоа :)

Се што правам е прашувам и коментирам за тоа што пишува во Библијата. Таму вели Христос дошол, исполнил еврејски пророштва, со тоа докажал дека е месијата кој го чекаат евреите. Јас полемизирам со тоа дека се што имаат христијаните за Христос е еврејски мистицизам - и тоа ги лути!

И откако сето тоа не успеало(спасение, обединување и што ли уште не, што учи еврејската школа), кога се активирале иницијанти и рабини кои знаат на каде турка светот (дури и во времето на Рим) и зошто, сето преминува во мистицизам, во преуредување на проповедите и одеднаш Христос дошол, ама ќе има и второ доаѓање... и после 200+ години се раѓаат христијанските секти.

Затоа и имаш нов завет... страриот вели едно доаѓање, едно решавање на проблемот - нема неопределно ќе дојде, па ќе има ова, па ќе има она, ама не е дадено за човекот да знае кога, но ќе има знаци? Кога ќе прашаш какви знаци, човечка особина е секогаш да е нешто лошо, крв, омраза, убиства, земјотреси, огромни човечки жртви - тоа го турка човекот кон религија... барем обичниот човек кој што нема време да врзи крај со крај во животот и му треба мааалку надеж во животот... за некое подобро утре.

Не може да има крај и прекин на човештвото. Никогаш немало, ниту ќе има.

Христијанството мислам дека вели носи си го својот крст и не гледај другите како си го носат својот. И да, Исус ќе те судел и по делата и по мислите.

Многу од нештата во библијата за мене се фантазија (не заради нечие толкуавње, туку заради самите записи во книгата), тоа не мора да ми го кажеш, поточно за мене е погрешно интерпретирање на многу стари тајни учења кои постоеле и псотојат во човештвото, за човештвото...

Твоето е само очаен обид да се откачиш од тоа да не те нарекуваат христијанин бидејќи веруваш во Исус, знаеш дека доаѓање нема да има како што пишува, со облаци, со крв, со војски и мачеше на идолопоклоници... веруваш во романтичниот приказ за Исус, за тебе е симбол, некое твое тајно значење околу кое градиш лавиринт од слики и зборови... и не ја поднесуваш христијанската црква и хиерархија и нивно толкување на Христос, затоа толку и толкуваш: вљубен си во Исус, но црквата ја презираш. Па затоа ете сега те читаме како ни толкуваш библија, не се прашуваш, туку ни толкуваш ете ова е, а не тоа и тоа :)

Интересно во секој случај... не си прв, ниту последен, милиони има како тебе во светот. Во Македонија ве има многу, само не сте се пронашле еден со друг, би изградиле нова црква, каде Исус можеби ќе доаѓа постојано или ќе го обожувате како да е дојден и среди се во однос на човекот!
Не знам, се си бидува...
...не е проблемот во она во што веруваме @Хептаграм XI , проблемот е во нашата ниска потреба да покажуваме со прст на другите и да судиме за нешто што нема потреба да се суди.
...нити еден Бог неможе да не спаси од нас самите :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.158
Поени од реакции
12.136
Напишав тоа што се однесува за темата.
Ти напиша што мислиш за alf.
Дебатиравме како немиот и глувиот.:)
Знаеме што мислиш за темата. Вртење во круг... јас зборував ти што зборуваш и која е разликата од православното христијанство во однос на Исус и неговото доаѓање. Ти прочита само алф, алф алф, ајде разгледај убаво што напишав друго во однос на темата... секогаш вака пишуваш кога некој ќе те начека во ќош со твоите фамозни толкувања за Исус како ова значело а не како што зборуваат христијаните.

Христијанска света книга не може да ја толкуваш на христијани и да им велиш дека тоа нивното е фантазија! Може на нехристијани, но ќе те препознаат како христијанин бидејќи кој човек толкува туѓа света книга и ја практикува катадневно? :)
Исто како што тие велат на евреите дека тие што зборуваат тоа е фантазија и ништо не разбираат! Како така можете воопшто?
Не ве разбирам, нема смисла...

Тоа што ти зборуваш е твој симболизам и како ти разбираш и знаеш за христијанството и нивната света книга... и сето тоа е премногу погрешно што го зборуваш. Затоа и Пророкот ти лепи сликичиња бидејќи реално нема од каде да се започне да се дискутира, бидејќи нема врска тоа што го зборуваш со Библијата, со историјата, со философијата на таа религија, со ништо...
Обичен романтизам што човек нема што да ти каже, не слушаш, не те интересира историја, не те интересира од каде и зошто ... ти се трудиш како Теозофите да објаснуваш работи кои веќе... се објаснети, надминати и сега ајде пак ќе се враќаме и ќе бараме нова смисла во старите учења... со нови зборови и превртувања. Па и одозгора „чекај јас да ти кажам, Исус е вашите деца“. Не сакаш Исус да е твоето дете, trust me...
Како беше она во стари бочви ти реков ми рече...

И @PROROKOT ти кажа дека погрешно разбираш и си туркаш некоја агенда, ете и јас ти велам дека не е така во однос на Исус и Библијата, а замисли - со Пророкот сме како демек „завојувани страни“ - тој праведен, јас ете сатанист ќе гинам во пеколот :)
Автоматски споено мислење:

...не е проблемот во она во што веруваме @Хептаграм XI , проблемот е во нашата ниска потреба да покажуваме со прст на другите и да судиме за нешто што нема потреба да се суди.
...нити еден Бог неможе да не спаси од нас самите :)
Целото верување во следно доаѓање на Христос е токму со идејата дека тој ќе суди на сите. Без разлика дали ти си имаш муабетот со него или не...
Цело време е Суд, суд, суд!

Луѓето што се дел од старите религии, па и оние кои веруваат во тие религии се научени дека тие се избраните, нивното е апсолутна вистина, другото е зло, и смеат да го осудуваат, да гледаат под око и со некоја надменост кон другоста како нешто неточно, лажно...
Се е дадено некому, протолкувано под дејство на светиот дух - и нема тука што! Дадена е вистината или прифати или ... суд...

Ако имало прво доаѓање, требало со првото да се реши се... толку смрт, омраза, крв и проклество мислам дека е излишно да се прокоментира откако дошол месија и кој проповедал дека дошол, решил грев, го средил човечкото срце и ум, да се верува во неговите зборови, и надевајте се дека работата ќе се среди при следното доаѓање... До тогаш, мир, спокој, надеж, верување итн итн, што тоа е невозможна мисија ако си меѓу луѓето!
И што тргна наопаку?

Човештвото е големото море на искушенија! Ќе беше добро сите да сме едно та исто, да имаме исти идеали... но ние единствено што може да имаме заедничко е толеранција и разбирање не кон другоста па да студираме философии и религии за да ги разбереме, туку дека постојат други учења, други богови, други идеали кои од другиот човек, оној до нас, го вадат најдоброто и за него и за човештвото!
Тоа е тоа....
Ако нудиш толератност и разбирање кон мене и мојот идеал - добре дојде брате, но ако не нудиш толератност и се е зло за тебе и проповедаш дека твојот бог ќе ме казнува мене - можам да понудам само уште едно распнување, како човек и дел од човештвото!

Но, додека се верува во надворешни симболи, дека друг ќе дојде да те спасува, дека туѓа крв е потребно за да се искупи твојот долг, познат како карма на истокот - само ќе се вртиме во круг!
И тој круг е лошо за цело човештво.

Мене ми е сеедно што проповеда христијанство, ислам, будизам... ако тоа што го проповедаат не ме опфаќа мене, како Телемит... но нивните учења се такви или со нив или...
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Не ми е тешко се едно да пишувам,а тоа е човек.Вие тука ќе почнете за евреи, христијани,историја,потекло, преводи разни и ред други телесни мисли,јас пак за човек.
Па понекогаш си вика,ај ќе им текне дека пишам за човек (тоа си ти).

Ама како на дрво да зборам.
И пак, христијанството,библијата,еврејски концепт,телемитски поздрав, вредност на буквата,што од каде произлегло, законот на ова,законот на она.

И пак јас за човек.
Ќе ви текне ли некогаш да истажувате од сопственото постоење?
Да ги погледнете сите промени кој ги доживувате и кој допрва треба да ги доживеете,ги испитавте емоциите, ги измеривте колку тежат, знате ли од каде дојдовте на земјата?

Ама не,иако може сте во машко тело ,душата ваша е со женски концепт,мора да примате информации од надвор,наместо од внатре.

Го "ширите" умот за книги,како тие да ја имаат тајната за вас- човек!
И што "раѓате", секти,догми,тајни учења и филозофии.А темата е човек и само човек создаден по божји лик.
Осознајте се себеси и сите духовни книги ќе видите дека пишуваат за тебе-човек.

Ама кој може да ја отвори таа "книга"?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.158
Поени од реакции
12.136
Моето постоење нема ништо со христијанскиот мит за месија...
Немам ништо со симболот Исус или Христос, апсолутно ништо во таа книга не го опишува она што го носам со себе низ вечноста, не знам како да ти објаснам :)
Важи за мене Библијата и второто доаѓање на Христос како судија? Или важи за тебе, како и да веруваш дека нештата ќе се одиграат за тебе во однос на таа идеја за месија?

Не бре сине, не важи - може да и додаваш не знам какви значења на тие зборови таму, јас знам од каде доаѓаат тие зборови низ времињата бидејќи како што велиш секогаш се предава едно та исто учење низ еоните и тоа е факт! Една иницијација, еден закон, едно искушение во даден момент за надминување на човекот... има други философии за она што сум јас на Земјата.
Ако веруваш во библијата, тоа е твоја работа... но разгледај кој ја создал, како и зошто - за човекот. Бидејќи нели, човекот тебе ти е многу битен...

Сите книги се пишувани за човекот, преку човекот. И што со тоа? Тоа ти е големото откритие? Пак ме зезаш :)

Па кој го распна месијата првиот пат? Човекот.
Кој распнува богови? Само човекот!
Кој не може без човекот? Боговите! :)

Тоа е тој волшебен круг. Од каде доаѓаат пророците и големите иницијанти?
Од човештвото? Од каде ти дојде Исус? Од човекот.

Не гледам ништо посебно во оваа твоја мистична замаеност или опијанетост кога почнуваш да зборуваш за Исус и што значи сето тоа... раѓање, жени, води, смрт... полека, кроце со таа романтичарска поезија. :)

Дали веруваш дека ќе дојде и ќе суди и ќе има крај на човештвото е големото прашање што треба да си го одговориш!
Ако е не, не знам што бараш во христијанството и нивната света книга!
Се нудиш како Пророк? Некој што зборува со Христос и споделува онлајн што велат боговите? Нешто како визии?
Немој!

Сите свети книги се пишувани за човекот: There is no god but man! Така стои на Liber Oz - но ти освен библија христијанска, друго и не знаеш... не ми требаат твоите толкувања за библијата, излишни се... погрешни. Треба да дискутираш за она што е запишано во книгата, дали е така, дали не е, зошто е така, од кога е така, кој така направил... и што со тоа, во иднина и дали има иднина! За се има причина и последица и таа е поврзана со човештвото!

Машко тело, женски дух... постојано е тој дуализам под Бездната. Те разбирам, не можам да ти помогнам бидејќи - не сме ние тука спасители, само патокази...

Твои се, аферим за времето кое го трошиш за да ми докажуваш за Исус и како ние ништо не примаме, ништо не разбираме од христијанството саде тебе ти се сони и ќе не оправиш... разбери дека тоа е христијански мит, има други учења кои подобро ги ползувам(е) низ искушенијата!

Не може да нудиш објаснувања од света книга која проповеда дека си грешен... и да наоѓаш не знам какви лудории од зборови за да ги оправдаш тие идеи таму...

Затоа тоа што го зборуваш за Исус и дека христијанската света книга ги опфаќа сите - не е точно, токму заради идејата дека ќе доаѓа месија кој што ќе казнува и ќе го прекине човекот по неговиот пат.
Тоа - тешко.

П.С. И христијани, и евреи, и Македонци, и муслимани - се луѓе. Човек. Нема ништо друго освен човек.
Иницијациите се дадени за... човекот!
Исто и искушенијата... дури и Исус морал да го помине големото искушение, според книгата.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Дали веруваш дека ќе дојде и ќе суди и ќе има крај на човештвото е големото прашање што треба да си го одговориш!
Ако е не, не знам што бараш во христијанството и нивната света книга!
Се нудиш како Пророк? Некој што зборува со Христос и споделува онлајн што велат боговите? Нешто како визии?
Немој!
Повторно не правиш разлика од духовно и телесно.
Ако направиш разлика можеби -МОЖЕБИ ќе видиш дека телесните се судат со телесните, а духовните со духовните.

Да направиш разлика кое е кое ќе ти дадам пример.
Телесно судење, мислам дека ти е познато и е застапено во скоро сите твој постови во кој се обраќаш кон соговорникот.

Духовно судење.
Кога се судиш со духовна фигура или идеологија, на пример со дедо мраз. Луѓето го користат како годишна традиција давајќи му да "седне'" на врвот од времето-календарот.
Некој кој не доаѓа во тело седнува на свето место на врвот од годината.

Ако до сега времето-годината "раѓаше" деца и животот бил насекаде, сега времето ќе биде срушено и запустено,каде и да се завртите само смртта ќе ја гледате.

Намерно примерот го однесов до крајност бидејќи така се изразува во духовното судење.
Време војува со друго време, војува идолот кој нема тело, наспроти оној кој доаѓа во тело.
Излезете од времето, да не загинете.

Разбираш што е духовно,а што телесно?
Не гледаш на луѓето кој е добар или лош, поштен или не, верник или атеист.
Изрекуваш духовен суд, а кој разбра-разбра,а кој не -не.

Должината на твојот живот е секунда во однос на духовното ,затоа неможеш да видиш повеќе.

Тоа е описот за второто доаѓање на Исус, новата скинија-година со 12 столбови-месеци слегува од небото.

*небо е метафора за "просторот" во кој се мислите.
Твојте мисли се во старото небо!
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.158
Поени од реакции
12.136
Повторно не правиш разлика од духовно и телесно.
Ако направиш разлика можеби -МОЖЕБИ ќе видиш дека телесните се судат со телесните, а духовните со духовните.

Да направиш разлика кое е кое ќе ти дадам пример.
Телесно судење, мислам дека ти е познато и е застапено во скоро сите твој постови во кој се обраќаш кон соговорникот.
Возрасни сме, на форум, ти ми зборуваш за тоа дека јас судам за нештата со разумот... не бе брат, ќе судам „духовно“ тоа што сум прочитал тука ти што имаш да кажеш за Исус...

Каде што ти за да ми кажеш што се духовно си поминал нели, искуство големо со Боговите, ти користиш зборови, мислите ти доаѓаат како симболи и слики во умот кој што е апаратус под Бездната! Разумот е препрека кон спознанието, затоа имаш четири форми на јога токму за да се реши мистеријата на разумот и неговата мрзливост, ако не е така ете поправи ме кажи ми како е...
Умот е големата препрека и затоа Тишината кај адептите е една од големите моќи на Сфингата...

Јас те прашувам дали се нудиш или мислиш дека си пророк па го толкуваш секој збор на Исус, сметаш дека си Исус и си дојден да спасиш овој народ или ... што е муабетот? Ти ми велиш духовно - телесно, не разбираш... ок, ајде ти разбираш духовно и кажи ми Исус во кој веруваат христијаните, ќе доаѓа втор пат, бил прв пат и дали ќе има прекин во човештвото?

Се додека јас и ти зборуваме преку симболи, се додека имаме идеи кои се раѓаат во умот, се додека користиме зборови тука на форумов, ти ќе судиш и јас ќе судам за твоите мисли преку зборовите... фалусот не ме боли ти како ги доживуваш зборовите или каква екстаза ти даваат мислите кои ги пишуваш тука... тоа го нема надвор од тебе, го нема на форумов... реално не ни треба толку да нудиш на еден форум, губиш...
За мене крст или круг или пентаграм е едно, за тебе е друго.. за тебе Исус е не знам што, вода, млеко, патека... за мене е може да е сосема друго нешто, се зависи колку системи знаеш, од каде, кое искуство и какво е тоа искуство и како го мериш, духовно сигурно ти мериш за работите на места каде што треба да се мерат мислите...
Па затоа и не се разбираме... како што велиш.

Така да, овој романтичарски муабет за духовно и телесно, само со такви како тебе слични може да си зборувате, каде што ќе ви се подудараат универзумите и верувањата, со мене тешко... и тоа е нормално...
Твоето „духовно разбирање на нештата“ е твоја работа, ничија друга - исто како и искушенијата и наградите, но и паѓањата и страдањата! Така да, тука на форумов, ќе судиме според напишаното, на друго место според делата, а на сосема непознато место - за „духовните работи“ и „пламенот што гори во срцето на секоја ѕвезда“ .

Ти бараш од мене да зборувам како тебе... не бидува таа работа, извини.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom