Дека Рашфорд не беше на ниво лани точно, но далеку од срцето на проблемот зошто ние сме имале 60 поени лани. Одбраната ни беше топ 3 најлоши за почеток, примавме најмногу шутеви, не газеа на контри / дефанзивни транзиции (потсети се на сликите каде везњак седи сам, цел напад е едно 40 метри понапред) и ред други тактички глупости. Колку утакмици со предност ги продадовме, зошто не се држи контрола на терен ? За ова Рашфорд мал удел има.
И секако:
- Кој поставува прва 11ка на терен ?
- Кој ги избрка Роналдо, Санчо, Де Геа и ја спука многу пати со други играчи и беше поддржан за тоа?
Player power моментот е каде каде умртвен споредено со да речеме пред неколку години. Тен Хаг имаше добиено поддршка од управата, материјална и нематеријална.
Ако Бруно е uncoachable, зошто има различна улога под последните 3 тренери, а исто и во националниот тим?
Играчи надворд од форма имало и секогаш ќе има. Задача на тренерот е да најде решение, one way or another и да дојде до резултат. Тен Хаг за почеток тимот и одбраната не знаеше да си го постави како што треба.
ПС: Не ми е целта да ги бранам Рашфорд и Бруно и да лажам дека се најјаки кога не се, но далеку од примарни кривци се и ми смета наративот дека го бојкотирале тренерот. Едниот на клупа дури си поседе сезонава и тоа не малку. Гарначо во полоша форма е од Рашфорд објективно гледано, а се уби од играње ничим изазван.