Не ме мачат, само ете сакам и финансиска искреност. Сакам да знам што и како си со парите, како се понашаш со нив, и кои ти се плановите...Да точно е дека бракот е помеѓу другото и финансиска заедница, економска заедница, не е само сексуална заедница, така?
И повторно те мачат прашања за кои што доколку би ја применил мојата солуција, од погоре не би се ниту оптоварувал со тие прашања, дилеми и непотребни стресови,......
Едноставно немораш да склапаш брак и да се ставаш во Ризик да делиш долгови со некоја особа, сега не е како порано,можеш да живееш со жена, да ти е убаво со неа, да се сакате и парчето хартија да не ви менува ништо во животот, како што тоа го прават во цивилизација.
Не знам зашто се лутиш ако едноставно некој ти рече дека, ама навистина, стварно никој не ти стави нож под грло да се жениш, и "расипаната роба"(според твоите кажувања)да мораш да ја купиш,па после да се чудиш,како да ја вратиш, не ја купувај кравата ако можеш млекото без пари да го пиеш, така велат америте, не се оптоварувај со нероден петко и капата негова.
Автоматски споено мислење:
Ова се и најчестите причини за развод, некогаш директно некогаш индиректно. Дури финансиите како причина за развод се и пред неверствата. Дали поради скржавост, дали поради финансиски крахови, коцкање, несогласување околу тоа на што да се потрошат пари.... затоа е многу битно да се знае со кого имаш работа.Е ова веќе е многу добро прашање.
За мојата лична финансиска состојба не лажам, немам ни што да скријам, но имам искуство каде што сум се изгорела гадно ИАКО со многу пазење, пак се заебав кај што не очекував. Од тоа искуство, сега немам “влакна на јазикот“ на оваа тема, ниту да прашам, ниту за себе да зборувам, што имам, што немам, кредит и не знам што.
Друго исто ептен добро прашање ти е местото на живеење, знам колку е застапено очекувањето мажот да обезбеди, иако и тоа се менува веќе подолго време. За мене е најлудо да земам да вложам пари во нешто што не е на мое/заедничко име, односно таа куќа, спрат, стан, што год, не гласи ниту на негово име, на пример.
И таа финансиска неискреност, посебно забушавање е нешто што ужасно ми смета, многу сум строга во плаќање на сметки, кредити и слично, прво тоа плаќам па со колку имам, со толку живеам, а и Ексел табела и копија од сите сметки чувам.
Е сега, овие навики од типот трошач, штедач, циција, нема поима кај тера (троши повеќе од што има), и слично, тоа однапред не можеш да знаеш затоа што никој кај себе тоа не го гледа како грешка, туку го гледа како нешто исправно, како начин на живот. Мене ме иритирало во животов лупање 300 евра на музика пример, во мои очи е тоа само курчење и ништо повеќе, ама во мои очи, во туѓи очи скроз океј е. Такви работи ме нервираат, ама тоа се работи што релативно брзо можеш да ги увидиш.
За мене прашање за плата не е некое чудно, невообичаено и слично, ама пак и тоа ќе зависи од контекстот на муабетот. Јас знам така од инат да кажам на некој што ми труби дека сака да си играме патријахално традиционално семејство, тогаш со цел да го навредам го прашувам дали заработува доволно да ме издржува и мене и деца, и да не сме ускратени. 10/10 не заработуваат толку, само кукумјавчат.
За останатото се согласувам со тебе, конкретно финансиска/должничка состојба, а уште повеќе имотно-правни ситуации дали се решени, се многу важни бидејќи ја афектираат и сегашноста и иднината. А исто така и навиките.
Знам дека луѓе лажат, ама ова ми е нешто што многу повеќе би копала него бившите негови, бидејќи бившите се бивши, а дали е тој недомаќин ми влијае и на денес и на утре.
Има луѓе кои имаат пари но се цинции и тирани на семејството. Сите пари се кај нив и најмала ситница треба да биде одобрена од нив... и потоа го оставила или ја оставил, па нормално. Нај лоша работа е да има ,,благајник,, па сите пари кај него и дај ми за ова, дај ми за она...
Се знае како треба да биде, сите пари се на семејството, нема мои и твои. Парите се таму у чекмеџето и секој во него става колку има а зема колку му треба и нема кој што да го прашува. Секако за поголеми трошења, пример си решил да земеш некоја кола, ке кажеш дека ке купуваш тоа и тоа да не помисли другиот крадец влегол, за големи работи, пример да купиш некој стан..., секако и ке се договараш дали што и како... но принципот е тој, парите се на сите, никој никого не брани а секој треба да има и осет за тоа колку е длабоко чекмеџето и како треба да се троши....
Дали Puma, се слагаш да нема мои и твои пари, само заеднички?
Последно уредено: