Ocajna
Domakjinka
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 1.773
- Поени од реакции
- 2.913
Да точно е дека бракот е помеѓу другото и финансиска заедница, економска заедница, не е само сексуална заедница, така?Еве да ја разгледаме и финансиската искреност. И тоа е сензитивна тема но не удира толку во нервот. Значи, дали и колку сме спремни на партнерот да му ја претставиме вистинската наша состојба, независно од тоа дали е добра или лоша, и дали очекуваме искренос од страна на партнерот и тој да ни каже како стое финансиски. Да се изјаснеме како сме со трошењето, како очекуваме партнерот да е во трошењето, финасиски планови и сл. Ова од причина што имаме разни ситуации и проблеми кои се дешаваат баш од таа финансиска неискреност, од прифаќањето дека човек не се прашува за тоа колку заработува или колку должи, ако чепнеш на тоа ти си заостанат или не ти е битна љубовта... А луѓето се склони кон тоа да се фалат па се случува да кажуваат дека имаат и тоа што немаат а од друга страна воопшто не сакаат да кажуваат за нивните долгови, не сакаат да кажуваат дека се скржави и сакаат да се прикажат великодушни, не разговараат за тоа како ке бидат поставени работите финансиски... па најчесто ако врската била кратка и немало многу можност за симнување на тие маски, се случува во врската или бракот да дојде до сериозни проблеми па и разводи како резултат на таа финансиска неискреност... Пример она знае дека типот има куќа во која ке живеат а не знае дека таа куќа си носи хипотека од 200к евра кои треба да се плаќаат, или знае дека овој зема толку и толку плата оти работи таму и таму а не знае дека половината од тоа оди на кредити или други долгови, она знае дека овој има а не и е јасно дека е цинција, она мисли дека нешто е негово а тоа е на брат му и сестра му, она мисли дека буџетот ке е заеднички овој планира секој негов буџет, или сите пари кај мене, он ја зема оваа му крие дека е натрупана кредити, дека има обврски за издржување на родителите.... разни ситуации кои ако се скриени можат да направат пожар. Јас сум тука за потполна искреност, нема што да се крие ниту е непријатно да се зборува на таа тема, финансиски сум тој, со парите се однесувам така, очекувам тоа и тоа. Не се проблем долгови но треба да ги каже, не е проблем да немаш, проблем е да се правиш дека имаш, да правиш нереални проекции, да се однесуваш не во склад со вистинската финансиска состојба.
И повторно те мачат прашања за кои што доколку би ја применил мојата солуција, од погоре не би се ниту оптоварувал со тие прашања, дилеми и непотребни стресови,......
Едноставно немораш да склапаш брак и да се ставаш во Ризик да делиш долгови со некоја особа, сега не е како порано,можеш да живееш со жена, да ти е убаво со неа, да се сакате и парчето хартија да не ви менува ништо во животот, како што тоа го прават во цивилизација.
Не знам зашто се лутиш ако едноставно некој ти рече дека, ама навистина, стварно никој не ти стави нож под грло да се жениш, и "расипаната роба"(според твоите кажувања)да мораш да ја купиш,па после да се чудиш,како да ја вратиш, не ја купувај кравата ако можеш млекото без пари да го пиеш, така велат америте, не се оптоварувај со нероден петко и капата негова.