Пошо ми го спомнуваш бившиот, не ставаш во пресметка дека сум почнала да се гледам со него кога сме биле средно, до 30 да, се променивме, и двајцата. Ептен би било чудно да не е така.
Не знам дали воопшто го читаш мислењето пред да цитираш, нема две личности со идентичен морален компас, може да имаат одредени заеднички морални начела по кои се водат, што се гледаат и без проучување на минатото вака агресивно како во муабетов овде.
За контакти со бивши и секс со блиски веќе кажав дека се работи што не се нешто што мене ми е ок, и верувам на повеќето луѓе генерално не им е. Но да прашувам некој дали е промискуитетен или тој да ме прашува мене (патолошко однесување е промискуитет), не, не е баш нормално.
За абортус одлучувам лично јас и да не навлегуваме во таа тема, секаквиот може што сака да прави, пак на крај ќе биде моја одлуката што ќе правам. Ако "ја натерал" бившата (а таа не сакала) си е меѓу нив, нема да ми каже "ја натерав" секако. Обично таквите (мажи и жени) меѓусебно се привлекуваат, за еден да има толкава моќ врз неа, таа
веќе е личност врз која може лесно некој моќ да има.
За останатото не ни спориме, истото го кажав. Ако се гледаме меѓусебно сериозно, треба да се зборува за сериозни работи.
За последното
Не баш, ама ајде нека биде така