Искрено или не за сопственото минато

Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.338
Поени од реакции
4.138
Не сум сретнал ваква тема, иако на многу други теми се дискутирало за искреноста за сопственото минато. Темата е за тоа до каде треба да се оди со искреноста во една врска околу своето минато, што е тоа што задолжително треба да се каже а што е тоа што треба или може да се премолчи. Што е тоа што сметате дека партнерот треба да ви го каже уште на почетокот а што вие не би толерирале да биде скриено од вас, или што е тоа што вие секако би го кажале на почетокот а што е тоа што сметате дека не треба да го кажете.... Во текот на животот многу работи кои се прикриени на почетокот подоцна ке излезат на виделина, што тогаш? Кој е прагот на толеранција што треба да го имаме? И не, не само за бивши партнери или сексуално минато, темата е многу поширока, се што би му било битно на партнерот при носењето на одлуката дали да биде со вас...
Имам водено два разводи каде што причината била баш работа која испливала од минатото. Едниот случај беше кога после долги измачувања по гинеколози и клиники за плодност и еден куп фрлени пари, мажот дознава дека причината за неплодност е некоја компликација од абортус кој жена му го имала пред него, а што било скриено од него. Во вториот случај се работи за тоа што од комшиска караница жената дознала дека нејзиниот сопруг како средношколец бил осуден за силување и за истото бил пар години во поправен дом...
Мое мислење е дека кога се влегува во врска за која сакаме да биде сериозна потребна е голема искреност, потребно е уште на почеток да плукниме се што сокриваме а што би било од значење за одлуката на партнерот да биде или не со нас. Ружно е да се дознаваат работи отпосле кога врската отишла далеку или се стапило во брак, ружно е работите да се дознаваат од други луѓе. Сметам дека ако работите бидат кажани во старт многу е поголема шансата истите да бидат прифатени, човек да се согласи дека тоа е тоа и да ја цени искреноста и доблеста на другата страна. Знам многу случаи каде многу работи излегле отпосле и секаде имало големи проблеми, некаде тоа што се дознало и не било нешто посебно но фактот дека било скриено му дал далеку поголема тежина одошто тоа навистина заслужува а од друга страна има и многу случаи каде што искреноста на старт била камел темелник на една стабилна врска.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.430
Поени од реакции
11.271
Па јас и немам од што да се плашам, да се срамам или да кријам искрено, така што можам да бидам 100% искрена во врска со сè кога е во прашање моето минато. Дека имам грешки имам, не сум некоја безгрешна, но мислам дека живеам нормален живот и не сум правела некои страшни глупости и проблеми во младоста. Не дека сакам да се рекламирам и да зборам многу за тоа, ама претпочитам искреност и отвореност кон луѓето што ми значат. И истото сакам да го добијам за возврат.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.338
Поени од реакции
4.138
Некои работи треба да си останат минато и нема потреба да му се кажат на партнерот.
Не сум за потполна искреност, никако.
А што кога после некое време ке излезат скриените работи? Гледај и обратно, како ке реагираш ако дознаеш некоја работа за партнерот за која сметаш дека би ти била битна а била скриена?
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.166
Поени од реакции
1.042
Некои работи треба да си останат минато и нема потреба да му се кажат на партнерот.
Не сум за потполна искреност, никако.
Точно, ако сака цел живот ќе ти го преречува ,без разлика дали дознал од тебе или од други
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.338
Поени од реакции
4.138
Точно, ако сака цел живот ќе ти го преречува ,без разлика дали дознал од тебе или од други
Не е исто префрлувањето ако тоа си му го кажал ти уште на старт со префрлањето ако го дознал отпосле и тоа од друг. Во првиот случај работата е чесна, кажано му е, го прифатил тоа, и нема некое право да го пререкува, додека во вториот случај ке биде во право и ако рече извини, јас тоа не го знаев, збогум...
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.166
Поени од реакции
1.042
Не е исто префрлувањето ако тоа си му го кажал ти уште на старт со префрлањето ако го дознал отпосле и тоа од друг. Во првиот случај работата е чесна, кажано му е, го прифатил тоа, и нема некое право да го пререкува, додека во вториот случај ке биде во право и ако рече извини, јас тоа не го знаев, збогум...
да ,но има секакви да знаеш ,со душа чека да ти каже ,,ајде јас сефа да не си ја отворам устата "и толку е ,знаеш ,боли.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.338
Поени од реакции
4.138
Сега се сетив на еден чуден случај во кој дечкото а после сопругот, криел од сопругата дека е дијабетичар, криел од сите што можел, не го користел инсулинот редовно... сопругата дознала кога веке почнал да се распаѓа и кога било доцна за се, умре човекот..
Автоматски споено мислење:

да ,но има секакви да знаеш ,со душа чека да ти каже ,,ајде јас сефа да не си ја отворам устата "и толку е ,знаеш ,боли.
Да, но нека боли на стартот, уште на почеток види како е он со тоа, ако не бива замини .. после не е така едноставно како на почеток.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
543
Поени од реакции
1.786
Зависи колку се озбилни во врската и каков момент од минатото е, според мене барем.
Болести и слично е задолжително, на крајот на краиштата и според закон може дури и брак да се анулира ако се скријат.
После, со ова можеби голем дел нема да се согласат, но ете лично јас како мислам. Ако е озбилна заедница со деца во план јас мислам дека мора да се биде искрен ако имало абортус или дете родено и дадено на посвојување, без разлика дали е мајката или таткото во прашање, јас би сакала да знам. Со колку се допишувал/а, зашто раскинал/а со бившиот/бившата, иако не секогаш бескорисни, не се ептен важни информации. Што се однесува со број на партнери, параметрите е фер да се одердат според процентот на луѓе со страв од врзување за да се дојде до некој фер заклучок, јер ко што ги нема жените од порано, ги нема ни мажите.

Заборавив еден друг момент. Кога партнер има одреден став за некоја работа, но не го открива, со тек на време, си вика он/а ме сака ќе го/ја разубедам и крајот е разочарување за сите. Има многу такви ситуации.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.869
Поени од реакции
23.265
Kako toa odreduvate dali vrskata ke bidi seriozna ili ne pred da stani seriozna stvarno?
Si davate cesen pionerski zbor uste na pocetokot, si pustate raka deka sega ova ke bidi za ozbilno, nema zaebanci povekje, nema lagi itn itn i dvata pocnuvate da si kazuvate so gluposti imate praveno vo minatoto, si vadite prljav ves ?
I taka so cisti race si ziveete srekjno i veselo do krajot na zivotot ?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.500
Поени од реакции
37.337
Некои работи треба да си останат минато и нема потреба да му се кажат на партнерот.
Не сум за потполна искреност, никако.
...се сложувам со тебе,
овде иде мотото „ако го сакам дотичниот ќе најдам оправдување да му опростам, ако случајно јас по Х време ја дознавам вистината“, ако веќе не го сакам дотичниот, односно врската веќе е сериозна занишана или лабава или едноставно по некоја рандом караница, ќе ја искористам вистината од минатото „да му ја извадам низ нос“ макар била банална во било кој момент кога ќе се расправаме во текот на живеењето т.е. секогаш ќе ја злоупотребам таа вистина и искреност, тоа е така насекаде било да се работи за женско или машко во човекова природа врежана, признале или не...а ТИ памтиш тогаш вака, така? аааааа?!

...имам еден пријател кој денес сеуште е среќно разведен со две деца веќе дипломци, но кога се разведе (кривица на жената преку социјални мрежи си најде друг и овој ги читал пораките и ја следел и ја фатил на дело) расчистено све меѓу нив, без шанса за било какво смирување, му влезе чивијата дека децата не личат на него, ги зел фотографиите пред две генерации од двете страни на негова мајка и татко да пронајде барем една сличност, но разликата е видна ниеден знак за наследен лик и стас, ми вели што мислиш дали личат на мене?

...ај како да му одговорам, да ќутам ќе биде потврдно, да кажам било што „дека личат“ ќе испадне дека лажам, а тоа не сакам, па јас од друга страна приод, добро...еве ќе докажеш со ДНК дека не се твои? и? што понатаму? нема да ги сакаш, ќе ги избркаш од дома, нема да се грижиш за нив, тие нема да се сакаат, оти не си биолошки татко? ајде размисли вечерва и утре кажи го одговорот!

...другиот ден ми рече само „благодарам“ што ми ги отвори очите, ниту побарал ДНК татковско, ниту веќе размислувал во тој правец, ете ги денеска живеат заедно, пресреќни се иако мајката фали, но се навикнале на таков живот!

...децата можеби не биле негови, но можеби биле негови, но тоа дали е биолошки татко нема да ја скрати љубовта и грижата кон тие две суштества што ги сака највише на свет, вака никој не е повреден, вистината не мора секогаш во интерес на љубовта и мир во куќата да се искаже за да настане хаос!
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.649
Поени од реакции
42.202
Член од
26 јануари 2020
Мислења
874
Поени од реакции
1.151
Некои работи треба да си останат минато и нема потреба да му се кажат на партнерот.
Не сум за потполна искреност, никако.
Километражо превртен и време е да се однесуваме со морално и одговорно? :)
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.338
Поени од реакции
4.138
...се сложувам со тебе,
овде иде мотото „ако го сакам дотичниот ќе најдам оправдување да му опростам, ако случајно јас по Х време ја дознавам вистината“, ако веќе не го сакам дотичниот, односно врската веќе е сериозна занишана или лабава или едноставно по некоја рандом караница, ќе ја искористам вистината од минатото „да му ја извадам низ нос“ макар била банална во било кој момент кога ќе се расправаме во текот на живеењето т.е. секогаш ќе ја злоупотребам таа вистина и искреност, тоа е така насекаде било да се работи за женско или машко во човекова природа врежана, признале или не...а ТИ памтиш тогаш вака, така? аааааа?!

...имам еден пријател кој денес сеуште е среќно разведен со две деца веќе дипломци, но кога се разведе (кривица на жената преку социјални мрежи си најде друг и овој ги читал пораките и ја следел и ја фатил на дело) расчистено све меѓу нив, без шанса за било какво смирување, му влезе чивијата дека децата не личат на него, ги зел фотографиите пред две генерации од двете страни на негова мајка и татко да пронајде барем една сличност, но разликата е видна ниеден знак за наследен лик и стас, ми вели што мислиш дали личат на мене?

...ај како да му одговорам, да ќутам ќе биде потврдно, да кажам било што „дека личат“ ќе испадне дека лажам, а тоа не сакам, па јас од друга страна приод, добро...еве ќе докажеш со ДНК дека не се твои? и? што понатаму? нема да ги сакаш, ќе ги избркаш од дома, нема да се грижиш за нив, тие нема да се сакаат, оти не си биолошки татко? ајде размисли вечерва и утре кажи го одговорот!

...другиот ден ми рече само „благодарам“ што ми ги отвори очите, ниту побарал ДНК татковско, ниту веќе размислувал во тој правец, ете ги денеска живеат заедно, пресреќни се иако мајката фали, но се навикнале на таков живот!

...децата можеби не биле негови, но можеби биле негови, но тоа дали е биолошки татко нема да ја скрати љубовта и грижата кон тие две суштества што ги сака највише на свет, вака никој не е повреден, вистината не мора секогаш во интерес на љубовта и мир во куќата да се искаже за да настане хаос!
Јас мислам дека е обратно. Дека вистината ке се злоупотреби, ке добие на тежина и ке се подговара во скоја ситуација ако била скриена, а во евентуални ,,откритија,, со поголема важност ке доведе и до големи куршлуси. Затоа вистинска превенција од идни големи потреси е уште на почеток да се каже она што може да му смета на партнерот, па ако го прифати нема простор да го подговара а ако не го прифати нека си бра друг/а. И не држи вода тоа ,,ако го сакам дотичниот ке најдам сила да му опростам,, затоа што тука се работи за тоа што човекот ништо не ти згрешил па да му опростиш, се работи за некој факт од неговиот живот кој се случил пред да бидете заедно и можно е да ако тој факт му бил познат, човекот/жената воопшто и немало да се впушти во врска. Еве стави се во ситуација ти да бидеш таа која после х години ке дознаеш дека сопругот бил осуден за силување, педофилија, убиство, или бил во авантура со твоја другарка, сестра, роднина... а ти не си знаела? За нешто од горенаведеното можно е и да му опростиш, пример бил со другарка ти, но не верувам дека ке најдеш сила да му опростиш педофилија, и што правиме? Си изгубила х години, младоста поминала, животот комплициран...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom