Не сум сретнал ваква тема, иако на многу други теми се дискутирало за искреноста за сопственото минато. Темата е за тоа до каде треба да се оди со искреноста во една врска околу своето минато, што е тоа што задолжително треба да се каже а што е тоа што треба или може да се премолчи. Што е тоа што сметате дека партнерот треба да ви го каже уште на почетокот а што вие не би толерирале да биде скриено од вас, или што е тоа што вие секако би го кажале на почетокот а што е тоа што сметате дека не треба да го кажете.... Во текот на животот многу работи кои се прикриени на почетокот подоцна ке излезат на виделина, што тогаш? Кој е прагот на толеранција што треба да го имаме? И не, не само за бивши партнери или сексуално минато, темата е многу поширока, се што би му било битно на партнерот при носењето на одлуката дали да биде со вас...
Имам водено два разводи каде што причината била баш работа која испливала од минатото. Едниот случај беше кога после долги измачувања по гинеколози и клиники за плодност и еден куп фрлени пари, мажот дознава дека причината за неплодност е некоја компликација од абортус кој жена му го имала пред него, а што било скриено од него. Во вториот случај се работи за тоа што од комшиска караница жената дознала дека нејзиниот сопруг како средношколец бил осуден за силување и за истото бил пар години во поправен дом...
Мое мислење е дека кога се влегува во врска за која сакаме да биде сериозна потребна е голема искреност, потребно е уште на почеток да плукниме се што сокриваме а што би било од значење за одлуката на партнерот да биде или не со нас. Ружно е да се дознаваат работи отпосле кога врската отишла далеку или се стапило во брак, ружно е работите да се дознаваат од други луѓе. Сметам дека ако работите бидат кажани во старт многу е поголема шансата истите да бидат прифатени, човек да се согласи дека тоа е тоа и да ја цени искреноста и доблеста на другата страна. Знам многу случаи каде многу работи излегле отпосле и секаде имало големи проблеми, некаде тоа што се дознало и не било нешто посебно но фактот дека било скриено му дал далеку поголема тежина одошто тоа навистина заслужува а од друга страна има и многу случаи каде што искреноста на старт била камел темелник на една стабилна врска.