Ако навистина е се отидено у пм, проблем и што нема толку лесно да биде продаден.
Прво, мислам дека ќе треба да заборавиме на тие суми над 100 милиони, појма немам, но веројатно некаде 80 милиони би вредел, особено ако го продаваат во јануари.
Малку се клубови кои можат да си го дозволат. На Реал не им треба, Енрике не сака вакви фудбалери, а ПСЖ има и огромен талент на таа позиција. На Баерн исто треба да се заборави. Се збореше за Барса, башка тоа што се во финансиски проблеми, не е фудбалер шти би одговарал за стилот на Флик. Сити има веќе крила и да сака да прави некоја револуција, па не сум сигурен дека сега со Пеп би тргнале по него, а и ќе треба да купат замена за Родри.
Остануваат уште Арсенал, Челзи, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
Овие последните ќе изгубат неколку фудбалери, ќе им требаат нови имиња, но и тие не ми делуваат за клуб кој лесно би се залетал по него.
Челзи е секогаш опција, ништо да сакаат, да бараат по секоја цена и Мудрик да го уфрлат некако.
Да отиде во Манчестер Јунајтед да им ја спаси сезоната.
Но, тие како за беља имаат талентиран лево крило, кој игра десно, за Рашворд да биде форсиран лево. Тоа е малку проблем, повеќе им треба деснл. А во ваков Манчестер би можел да се истакне веднаш.
Останува уште Арсенал. На овие им треба квалитетно лево крило, но дали сега уште во јануари, кога веројатно имаат други приоритети. А дали Артета би го сакал?!
Нормално, тука е СА, но делува како да сака да остави поголема трага во Европа. А таму ќе го чекаат со раширени раце.
Значи, особено сега во јануари, нема нешто многу опции, каде би можел да отиде. Најголема предност е што ќе вреди помалку од што беше вреднуван претходно, па поради тоа може да се гледа како на добра опција. И соработува со Мендеш, ете и тоа може да биде некоја предност за реализација на трансфер, но како ќе помине Милан во тој случај е друг муабет.
Поради сето ова, поголеми шанси има да си оди во летниот преоден рок, а не сега во зимскиот. Да гледаме вака топло-ладно, игра, клупа, свиркање, затоплување на односи, па се во круг до крајот на сезоната.