Дали Исус Христос ќе дојде по втор пат?

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.895
Поени од реакции
5.028
Зборуваш за книги како да се пишувани од истражувачки агол, а не дека се работи за света книга. По таа логика и Мухамед летал на коњ со крилја... и тоа е света книга за некој!
Ја знаеме сказната и библијата, но тоа е дадено само во вашата света книга и се пренесува од луѓе кои верувале дека нештата се така како што е запишано дури во IV век откако се испеглани нели купишта философски прашања и исчистен текстот од мирисот на старите учења и пракси, затоа прашувам освен верување дека имало месија кој што дошол и спасил не знам кој, и пак ќе доаѓал да среди работа за крај... немаме друго, нели... или светите отци се веродостоен извор за сите? Евреите велат немало месија... а од кај нив е идејата за месија кој што треба да ги оправи... така да, јас не ти велам да не веруваш, туку да намалиш со твоето „знаење“ јер нели веќе не веруваш, знаеш за Исус, го носиш во срцето и умот и саде молитви и мед течат од устата твоја и саде љубов чувстуваме кога зборуваш за Христос, кој што ќе те спасува од тебе самиот...

Се започнува со верување, но добро е што „знаење“ си го ставил во наводници, бидејќи нема знење во христијанството бидејќи така ви е заповедано, да не видиш и да немаш искуство, но да веруваш, така планина ќе преместиш и ќе си блажен од друга страна!

За такви нема да има второ судење кога ќе дојде Христос во облаци и слава? Бидејќи првото сите го поминавме, така?

П.С. Бидејќи ќе срипаат христијани и нема да разберат што им зборувам, светите книги се за верување, ако вашата има валидност и вие верувате во тоа, секоја друга има валидност за некој друг и вие не сте повикани да ја оспорувате истата (освен старите религии кои потекнуваат од јудаизмот, вие мора да се кошкате јер имате исти корен и ја негирате самата срж на другата религија)! За жал... во такво време се создадени...
Продолжуваш со незнаењето, ама не мислам дека денов треба да си го потрошам на поправање на твоево незнаење.

Така, не „лупај„ произволности за учењето од Црквата, туку држи се до „новоеонските„ заблуди...лагата секогаш се прифаќа полесно од вистината.

Така згрешија и нашите прародители, битисувајќи во Рајот, зашто да не згрешиш и ти, кој битисува во Свет во кој господари таткото на лагата, чие име не е достојно за пречесто споменување.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.158
Поени од реакции
12.136

Освен што проповедаш како се е лага освен христијанството, поточно православието - друго нема нели? Кога ќе ти каже некој дека света книга не е факт за светот и човештвото, туку полна со симболи и сказни во кои некој може да верува и да најде идеал што ќе го усоврши до максимум човекот на Земјата, ти се лутиш? Не смееш да бидеш рамноправен со другите туку мора над сите бидјеќи ти најубаво веруваш?
Немој така, ново време е - не дозволуваме неправедност и немање толеранција кон другите...

Значи, разбери дека твоето верување не е реалноста на светот, не е реалност за сите, за тебе може да биде и тука нема ништо лошо, верувањето знае да прави чуда - но само во твојот универзум.
За тебе може и ќе дојде месија и ќе те спасува... не знам...

Јас те прашувам како тоа света книга е доказ за било што? И ако една света книга е доказ, нели треба и другите да се доказ? А ги имаме многу... препишувани, едитирани, преуредувани, па апокрифни, па не требаат, па избриши ова она... сешто има во редактирањето...

Во вашата вели дошол месија, завршил работа, исполни еврејски пророштва и се создава христијанството како секта, а потоа откако ќе се спои со државата преминува во религија и се многу „јаки“ и имаат „знаење“ или ќотек :)
И во истата вели дека ќе дошол пак, за сите дури и да не знаеш за Исус и не те ниту интересира сето тоа, има да страдаш јер роден на Земјата и некој христијанин на форум или на тв ти вели дека Е така...

Ако важи ова на база на верување, за сите да важи бидејќи друг верува така, тогаш и муслиманите го имаат истото право, Аллах над се и пред се бидејќи е запишано во Куранот и светата книга муслиманска!
Што е разликата? Друго име за богот, други ритуали? :)

И ако секоја света книга е вистинска, не може да постојат во исто време и да покажуваат на патеката по која ќе напредува човештвото, посебно ако се исклучуваат меѓу себе самите свети книги! Затоа и имаме свети книги кои се појавуваат не одеднаш, туку во даден момент во време и простор!
Тоа што е ставено неодредено „ќе дојде месија“ е од стравот да се остави светот на мир и да се исчезне мирно во историјата... старите религии го донесоа светот до таму до кај што можеа, сега се лутат и проповедаат ко навиени како ете крајот е тука...

Нема ни да дојдеш до тука, многу е ова... а не ти се чита нешто ако не се сложуваш со истото.
Крајот дојде за вас и замина, нема враќање назад дури и да барате војна за тоа - само ќе има пролевање крв залудно, не доаѓа месија да го спаси човештвото и да го уништи човекот... ова е најдобриот playground каде што имаш сешто во комбинација во целото постоење и целата вечност :)

П.С. @PROROKOT , што сеа, ти заврши паузата и ќе те чекаме тука за дискусија? Што започнуваш муабети кога знаеш дека имаш малку време... ?
Не си фер значи и како човек и како христијанин, не си фер! :coffee:
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
И што велиш...Христос беше распнат и убиен...по 3 денови вокресна...и то‘ е то‘...се‘ во Вселената ќе се одвива како и пред воскресението Христово?...

А зашто Христос дојде првиот пат и допушти да биде убиен? За да биде се‘ исто како и пред Него?....
@PROROKOT , сме дебатирале многу овде на форумов и не сме нашле заеднички јазик, нема ни сега.
А така е бидејќи се инатиш, наместо да покажеш вистинско христијанско однесување.
Ако се чуствуваш повикан да проповедаш христијанство тогаш не отстапувај од љубовта која треба да ја покажеш, бидејќи така оддамнина постапувале вистинските христијани.
А таму каде што нема да го слушаат божји збор, ќе ја истреселе прашината од сандалите и продолжувале во друг град.
Љубовта на вистинските христијани била толку голема што не се противеле на страдањата кој ги трпеле проповедајќи го Исус,а некој биле каменувани и убивани , но не возвратиле со камен.

Така и ти како вистински христијански верник кој проповеда за синот божји, за неговото искушение од ѓаволот,страдањето, воскреснување, како ги земал гревовите од луѓето и за неговото второ доаѓање, треба да бидеш пример за другите верници.
Покажи љубов, трпение и мудрост.

Ајде сега, остави го инатот и почни да однесуваш со вистински христијански дух и вера.

Во дискусија со нас членовите, можеш да си ја ставиш на испит верата, трпението и љубовта.
А не инатот, гневот и омразата...тоа тестирај на пдф политика.
 
Ај важи...
А одговорот на моето прашање, го заборави?...
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
И што велиш...Христос беше распнат и убиен...по 3 денови вокресна...и то‘ е то‘...се‘ во Вселената ќе се одвива како и пред воскресението Христово?...

А зашто Христос дојде првиот пат и допушти да биде убиен? За да биде се‘ исто како и пред Него?....
Се разбира дека ќе ти удоволам на барањето и ќе ти одговорам на прашањата.

1.Немаме исто разбирање за тоа кој е и што е помазаникот.
Рапснувањето и воскреснувањето е само почеток на нов циклус, ново време на кое пак ќе му дојде крајот ,така во движење е вселената.

2.Немал друг избор, нека биде вољата твоја,а не моја...најди си ги стиховите да прочиташ.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.895
Поени од реакции
5.028
Се разбира дека ќе ти удоволам на барањето и ќе ти одговорам на прашањата.

1.Немаме исто разбирање за тоа кој е и што е помазаникот.
Рапснувањето и воскреснувањето е само почеток на нов циклус, ново време на кое пак ќе му дојде крајот ,така во движење е вселената.

2.Немал друг избор, нека биде вољата твоја,а не моја...најди си ги стиховите да прочиташ.
1. Немаш никакво познавање од верата Христова. Ова кое го „набадаш„ е само твоја произволност, „за по дома„.
2. Прочитај ја претходната реченица.
 
  • Тажно
Reactions: alf

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.895
Поени од реакции
5.028
Се разбира дека ќе ти удоволам на барањето и ќе ти одговорам на прашањата.

1.Немаме исто разбирање за тоа кој е и што е помазаникот.
Рапснувањето и воскреснувањето е само почеток на нов циклус, ново време на кое пак ќе му дојде крајот ,така во движење е вселената.

2.Немал друг избор, нека биде вољата твоја,а не моја...најди си ги стиховите да прочиташ.
Ајде да ти помогнам...

1. Помазаникот Е Христос, Синот Божји Единороден, кој дојде во Светов за да го спаси родот човечки од злото, од гревот, од смртта и од ѓаволот. Од Христа го броиме времето од „новата ера„, во која важат законите од Новиот Завет, според кој ништо не е исто како што било пред воскресението Христово, со кое Он ни покажа што ќе се случи со секој поединец при Неговото второ и страшно доаѓање, кога Он ќе ни суди на сите.

2. Изборот кој Христос го стори е Негов избор, согласно волјата од Отецот Небесен, односно доброволно одење на Голгота, примање на сите удари, плукања, навреди, и на крај и распувањето, преку кое ја пролеа последната жртвена крв, за миење на гревовите на сиот род човечки.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ајде да ти помогнам...

1. Помазаникот Е Христос, Синот Божји Единороден, кој дојде во Светов за да го спаси родот човечки од злото, од гревот, од смртта и од ѓаволот. Од Христа го броиме времето од „новата ера„, во која важат законите од Новиот Завет, според кој ништо не е исто како што било пред воскресението Христово, со кое Он ни покажа што ќе се случи со секој поединец при Неговото второ и страшно доаѓање, кога Он ќе ни суди на сите.
Мислиш "првороден",а не "единороден"?

2. Изборот кој Христос го стори е Негов избор, согласно волјата од Отецот Небесен, односно доброволно одење на Голгота, примање на сите удари, плукања, навреди, и на крај и распувањето, преку кое ја пролеа последната жртвена крв, за миење на гревовите на сиот род човечки.
Така, Христос го покажа патот и нема друг пат до бога.
Ти сигурно како христијанин трпиш многу удари, навреди ,но наоѓаш сили и го чекориш Исусовиот пат, полн со љубов и разбирање,не мразејќи никого,нели?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.895
Поени од реакции
5.028
Мислиш "првороден",а не "единороден"?
„Првороден=единороден„.

Црквата не познава други деца од Мајката Божја освен Христа. Децата од праведниот Јосиф, 2 сестри и 4 браќа од Јосифовиот претходен брак се „браќа и сестри„ Христови според Законот Мојсеев, а не по „биологија„.
Автоматски споено мислење:

Така, Христос го покажа патот и нема друг пат до бога.
Ти сигурно како христијанин трпиш многу удари, навреди ,но наоѓаш сили и го чекориш Исусовиот пат, полн со љубов и разбирање,не мразејќи никого,нели?
На погрешно прашање се дава погрешен одговор.

На страна што ни ти самиот не можеш да го сториш ова кое го пишуваш па дури и бараш од мене да го сторам.

Христос, Неговата улога во Светов и Неговата жртва се неповторливи и никој во Црквата од никого не бара „реприза„ на Христовите страдања, оти напросто Христос Е недостижен по било кое прашање...

Да, верните во Црквата трпат навреди ради своето верско уверување, но ни оддалеку како самиот Христос. Личните дела се чинат во склад со личниот духовен раст, не автоматски.
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
„Првороден=единороден„.

Црквата не познава други деца од Мајката Божја освен Христа. Децата од праведниот Јосиф, 2 сестри и 4 браќа од Јосифовиот претходен брак се „браќа и сестри„ Христови според Законот Мојсеев, а не по „биологија„.
Не се мисли ништо по биологија во библијата, туку по делата.

Исус вика...
Блажени се миротворците зошто ќе се наречат синови божји.

Исус е првороден и не единствен,но ќе биде и последен.Алфа и омега.
Се надевам се согласуваш.Ако имаш друго нешто што учи христовата вера,ќе ти бидам благодарен да споделиш со нас.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.158
Поени од реакции
12.136
Не се мисли ништо по биологија во библијата, туку по делата.

Исус вика...
Блажени се миротворците зошто ќе се наречат синови божји.

Исус е првороден и не единствен,но ќе биде и последен.Алфа и омега.
Се надевам се согласуваш.Ако имаш друго нешто што учи христовата вера,ќе ти бидам благодарен да споделиш со нас.
Првороден може да им значи и дека е прв уште кога се создавал светот според еврејската традиција, но христијаните толкуваат дека Синот бил со Таткото уште тогаш, затоа првороден, затоа Алфа (Таткото не е афла по се изгледа)... и такви толкувања има!

П.С. Има различни блаженства , и дали сите се рамноправни и ќе имаат удел при судењето, ако дојде Христос втор пат?
Јас сум Алфа и Омега доаѓа од стариот завет, од кај евреите, каде богот не е троделен ами еден.
Тоа што визиите на Јован се додадени чудно на новиот завет подоцна, е интересна ствар за диксуија... и зошто?
Единствено оправдување за Алфа и омега и дека тоа е Исус е во откровението, најзагадочниот текст во новиот завет, полн со симболи и нишки од туѓи учења и визии...

Ова е всушност е оправдување дека евреите не познале дека Исус е и на самиот старт а и ќе бил на самиот крај... а сето тоа со почеток и крај и да немаш други богови е од кај евреите! Затоа е дискутабилно и првото и второто доаѓање, за оние кои не се христијани и кои христијанството го гледаат од историска перспеткива, бидејќи не може да го негираме христијанството, тоа е факт - но каков факт и што донесе, е друга работа...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
На погрешно прашање се дава погрешен одговор.

На страна што ни ти самиот не можеш да го сториш ова кое го пишуваш па дури и бараш од мене да го сторам.

Христос, Неговата улога во Светов и Неговата жртва се неповторливи и никој во Црквата од никого не бара „реприза„ на Христовите страдања, оти напросто Христос Е недостижен по било кое прашање...

Да, верните во Црквата трпат навреди ради своето верско уверување, но ни оддалеку како самиот Христос. Личните дела се чинат во склад со личниот духовен раст, не автоматски.
Според 2 Коритјаните Павле кажува вака

8. Во сè сме навредувани, но не сме притеснети; во тешкотии сме, не губиме надеж;
9. нè гонат, но не сме изоставени; нè кутнуваат, но ние не загинуваме.
10. И секогаш во телото наше ја носиме смртта на Господа Исуса, така што и животот Исусов да се открие во телото наше.
11. Зашто ние, живите, постојано се изложуваме на смрт заради Исуса, та и животот Исусов да се открие во нашето смртно тело,
12. така што смртта да дејствува во нас, а животот – во вас.

Еве апостолите го чекореле Исусовиот пат ,секој според силата.
Но,сигурно тоа важи само за апостолите, верниците треба само да веруваат.
Премногу тежок е тој пат до бога, Исус го дал својот живот за сите луѓе , за да тие си го живеат нивниот живот, а не неговиот.

Сигурно ти како христијански верник кој живее во вистината знаеш подобро од апостол Павле дека реприза од никого не се бара,со што овој цитат од Павле ќе го занемариме бидејќи е погрешен и не е според христијанските верувања.

15. А Христос умре за сите, та живите да живеат не веќе за себеси, а за Оној, Кој умре за нив и воскресна.

Тој што ги ослободил луѓето од гревовите истиот ги поробил давајќи им живот со страдање.

Те молам корегирај ме ако грешам!
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.895
Поени од реакции
5.028
Не се мисли ништо по биологија во библијата, туку по делата.

Исус вика...
Блажени се миротворците зошто ќе се наречат синови божји.

Исус е првороден и не единствен,но ќе биде и последен.Алфа и омега.
Се надевам се согласуваш.Ако имаш друго нешто што учи христовата вера,ќе ти бидам благодарен да споделиш со нас.
Сигурен сум дека не можеш да го опишеш мирот (самиот поим „мир„) кој Христос го наведува и дека сметаш дека тоа што си препишал некој стих, атвоматски си ме побил...

Христос Е првороден, пред Него Мајката Божја нема(ла) други деца, ниту после Него раѓала и други деца, па затоа Он Е и „првороден„ и „единороден„. Синот Божји Е „еден„ на Небеста па аналогно, Синот Човечки Е „еден„ на Земјава.

А Христос Е Богочовекот.

Дека Христос Е „прв и последен„, „алфа и омега„, „почеток и крај„ тоа е само по себе јасно оти Он самиот тоа го вели. Залуден е обидот од муслиманите да докажат дека после Христа има(ло) и други пророци, пратени од Бога.

Од кај ти е ова „не единствен„? „Миле ми текна„?...Нема такво нешто во црковната наука.
Автоматски споено мислење:

Според 2 Коритјаните Павле кажува вака

8. Во сè сме навредувани, но не сме притеснети; во тешкотии сме, не губиме надеж;
9. нè гонат, но не сме изоставени; нè кутнуваат, но ние не загинуваме.
10. И секогаш во телото наше ја носиме смртта на Господа Исуса, така што и животот Исусов да се открие во телото наше.
11. Зашто ние, живите, постојано се изложуваме на смрт заради Исуса, та и животот Исусов да се открие во нашето смртно тело,
12. така што смртта да дејствува во нас, а животот – во вас.

Еве апостолите го чекореле Исусовиот пат ,секој според силата.
Но,сигурно тоа важи само за апостолите, верниците треба само да веруваат.
Премногу тежок е тој пат до бога, Исус го дал својот живот за сите луѓе , за да тие си го живеат нивниот живот, а не неговиот.

Сигурно ти како христијански верник кој живее во вистината знаеш подобро од апостол Павле дека реприза од никого не се бара,со што овој цитат од Павле ќе го занемариме бидејќи е погрешен и не е според христијанските верувања.

15. А Христос умре за сите, та живите да живеат не веќе за себеси, а за Оној, Кој умре за нив и воскресна.

Тој што ги ослободил луѓето од гревовите истиот ги поробил давајќи им живот со страдање.

Те молам корегирај ме ако грешам!
Да, грешиш...ама кој да те корегира...:facepalm:
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.127
Поени од реакции
30.219
Не се мисли ништо по биологија во библијата, туку по делата.

Исус вика...
Блажени се миротворците зошто ќе се наречат синови божји.

Исус е првороден и не единствен,но ќе биде и последен.Алфа и омега.
Се надевам се согласуваш.Ако имаш друго нешто што учи христовата вера,ќе ти бидам благодарен да споделиш со нас.
Единороден е, според сите христијански деноминации, уште во 325г Никеа.
Зборот на грчки е μονογενής.

"Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител,Творец на Небото и на земјата,насèвидливоиневидливо;
И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роденод Отецот пред сите векови;
Светлина од Светлината,вистински Бог од Бога вистински; роден, нестворен, едносуштен на Отецот,преку Кого сè станало;"
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Единороден е, според сите христијански деноминации, уште во 325г Никеа.
Зборот на грчки е μονογενής.

"Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител,Творец на Небото и на земјата,насèвидливоиневидливо;
И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роденод Отецот пред сите векови;
Светлина од Светлината,вистински Бог од Бога вистински; роден, нестворен, едносуштен на Отецот,преку Кого сè станало;"
Полемиката е дека не е само еден божји син туку дека е првороден, бидејќи значењето на зборот единороден укажува дека нема други после него, сепак употребата на зборот единороден како што го посочи на грчки укажува на син избран од бога.

The word is used in Hebrews 11:17–19 to describe Isaac, the son of Abraham. However, Isaac was not the only-begotten son of Abraham, but was the chosen, having special virtue.[5] Thus Isaac was "the only legitimate child" of Abraham. That is, Isaac was the only son of Abraham that God acknowledged as the legitimate son of the covenant. It does not mean that Isaac was not literally "begotten" of Abraham, for he indeed was, but that he alone was acknowledged as the son that God had promised.

Нешто како , првосвештеник по редот Мелхиседеков.

Сите се синови божји создадени по божји лик, но не сите ќе седнат на престолот,тоа го одредува бог.

Но,ако христијаните во буквална смисла го интерпретираат зборот единороден, тогаш чиви синови се они?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom